Кога ќе го вклучам светнува сијаличката од куќиштето, свети тастатурата и сијаличката од мониторот. Мониторот не се вклучува затоа што нели куќиштето престанува да работи по неколку секунди. Не титка никакви звуци нема освен зуење како нормално кога ќе го вклучиш.
Претпоставка ми е дека или е напојувањето, или матичната. За да проверите дали е матичната, извадете го РАМот и уклучете го, ако бипне/титне океј е матичната. Ако е до напојувањето, може да го отворите, исчистите кулерот, или пробате со новo.
Прво sorry што вака како да сум падната од небо ама не се разбирам во ова а немам момантално никој до мене. Значи знам како се вади и повторно враќа рам меморијата ама не те разбрав како да ја извадам и вклучам? Да го вклучам компјутерот без рам меморија? Матичната пред неколку месеци е заменета со нова, а за чистење веќе пишав погоре, брат ми го отвори и исчисти од прашина.
Да. Да го стартуваш без РАМ меморија. Ако има звучен сигнал, матичната значи е исправна. Мислев за чистење и подмачкување на напојувањето, јас разбрав дека само го исчистил кулерот на процесорот. Но, ако го исчистил и од напојувањето, а кажуваш матичната е менувана пред неколку месеци, поголеми шанси има да е до неа. Најдобро е, да не пробуваш ова со РАМот пошто се доста нежни и погрешно поставување, или неправилно, може да го уништи слотот, ако може брат ти, најубаво тој да провери. На крај, вајда е матичната уште под гаранција, па најдобро да го однесете во сервис да си видат дали е до неа и да ја заменат или репарираат.
Е фала ти премногу. Ќе пробаме со брат ми, тоа ме интересираше да знам од прилика до што може да биде. Фала ти уште еднаш.
Google-от на лаптопот ми е на бугарски јазик. Буквално што и отворам на википедија секогаш ми излегува на бугарски. Како можам да го сменам?
Вчера лаптопот ми се исклучи одеднаш. Си помислив дека се испразнила батеријата па го вклучив на полнач, светна сијаличката дека се полни, ама кога го притиснав копчето за вклучвање, светна другата сијалчика дека лаптопот е вклучен, а по 1-2 секунди и двете се искчучија иако лаптопот се уште беше вклучен на полнач. Пак притиснав на копчето за вклучвање, истото се случи повторно. Ја извадив батеријата, го ставив само на полнач и така лаптопот најнормално се вклучи, после тоа пробав да ја вметнам батеријата дури е вклучен лаптопот и испадна дека најнормално работи батеријата, полна е и ако го исклучам адаптерот лаптопот не се исклучва. Единствено, не може лаптопот да се вклучи кога батеријата е вметната, без разлика дали истовремно се полни или не. Исто, ако го ставам на sleep, а е на батерија, скроз се исклучва и не се вклучува.
Животниот век на батеријата полека, но сигурно ти завршува. Капацитетот и е намален и не секогаш има сила да го покрене компјутерот каде треба да се има поголема енергија. Но, сепак има уште по некој полнеж во неа да го одржува уклучен кога работи на помала енергија, ама ќе го држи така пр. 10-15 минутки. Некогаш воопшто нема да го држи и скроз ќе се исклучи ако го извадиш од адаптер. Мојот е 6 години стар и овој процес трае веќе 2+ години сигурно, се повеќе и повеќе се намалува батерискиот полнеж, ама ја држам во лаптоп баш во такви ситуации да не ми се исклучи во случај да се исклучи адаптерот од било која причина. Секогаш го користам со штекер, иначе е неупотреблив. Чаре? Нова батерија или нов лаптоп. Со време ќе е полошо и полошо. Толку им е векот. 3-4 години.
Разбирам, искрено и јас очекував кога тогаш да дојде крај на батеријата. Само ме чуди, зошто кога батеријата е во лаптопот, а истовремено лаптопот се полни(адаптерот е вклучен) не се вклучува компјутерот? Туку треба да ја извадам батеријата, па така без батерија само на адаптер да го вклучам.
Па пред еден час, час и половина се наполни фул, го тргнав адаптерот и сега некаде до пола е испаразнета.
Значи сигурно може да работи 1час. Во тој случај направи го следново да видиш детална статистика на батеријата, да знаеш колку и е ослабнат капацитетот. Оди во start->search - > windows powershell (на иконата на powershell десен клик run as administrator) Откако ќе ти се отвори еден прозорец, направи copy paste на следнава команда. powercfg /batteryreport /output "C:\battery-report.html" Статистиката може да ја најдеш на оваа патека "C:\battery-report.html" , односно ThisPC-> Localdisc C: -> и најдоле трба да имаш еден фајл.
DESIGN CAPACITY 55,944 mWh FULL CHARGE CAPACITY 48,174 mWh А, според статистиката од последниве неколку дена FULL CHARGE CAPACITY е 44,822 mWh.
Па супер ти е за толку време користење. И јас го имам лаптопов 4 години, мене ми е преполовена некаде 17000 mWh, и се уште работи супер. Може не е до батеријата, види следниве денови како ќе се однесува. Може има некој хардверски баг.
Ве молам доколку знае некој нека сподели решение на проблемот.Кога ќе го приклучам лаптопот вака ми отвара не директно на десктоп. Долу лево на стрелката не може да се враќа.Ако одам на сликава од лева страна така ми ги отвара сите фолдери, но проблемот е после што не може ако треба некој документ да се сподели на тимсот. Помош
Малку не те сфатив, но пробај вака, кликни на копчето лд тастатурата што се наоѓа измеѓу ctrl и alt, има како windows иконче, би требало да го минимизира старт менито.