Disk Cleanup си има Windows негов. (Десен клик на партицијата, пропертис). Исто и направи една дијагностика на ХДД за bad sectors. На истото место, само во tools и error checking па потоа optimize and defragment. Размисли за надоградување со ССД. Сепак е 10 години стара конфигурација. Ќе ти го препороди лаптопот кога е во прашање брзината. Ќе извлечеш уште некоја година користење.
За SSD? Не. Тоа е физички диск, solid state, кој работи на нов принцип за разлика од старите hard disk кои работеа со метални плочи и физичко запишување на податоците. Да не одам толку во техникалии, овие новиве се како РАМ меморија слични, старите како ЦД-еата. Обично кај постарите лаптопи го вадат ЦД ромот и таму го ставаат Хард Дискот, а на местото негово ССД. Па комбинирано ги користи лаптопот и двата. Обично виндовс се инсталира на ССД за побрзо покревање и програми. А податоците на ХДД. За овака хибриден систем е доволно 128/256 GB SSD. Што е поприлично евтино. Види во Анхоч и ако не знаеш некој кој физички може да смени, остави го кај нив во сервис ќе завршат работа. https://www.anhoch.com/category/1008/ssd-diskovi Моја препорака за помалку кеш е Kingston. За повеќе, секако Samsung Evo. Некоја средина WD.
Не можам лап топот да го поврзам со интернет, однсоно го поврзувам и се е океј ама не можам да пребарувам. Ова ми се појавува
Дали имаш интернет преку истиот рутер на друг уред, мобилен, компјутер? Ако немаш, рестартирај го рутерот и види дали светат сите диоди. Може да е проблем од операторот. Ако имаш, направи ресет на network adapter и мрежниот драјвер. https://kb.wisc.edu/helpdesk/page.php?id=70821
Имам интернет, не е до интернетот одлиучно си функционира тој До лаптопот е нешто, пуштав интернет и од тефон ама не бива
@sino.o.oka пробај да направиш "Forget" на мрежите на кои бил поврзан лаптопот. Би требало да биде доволно ова да го направиш за мрежата од рутерот и телефонот.
Појди на страт, искуцај "CMD" без наводници. Ќе ти се отвори едно црно прозоцрче. Искуцај "ipconfig /flushdns" па ентер преконетирај се на рутерот Ако повторно немаш, повтори ја постапката, но сега наместо "ipconfig /flushdns" искуцај "ipconfig /all" сликај и постувај ги сликите овде
Кажи ми кога ти кочи? Оптшо на се живо или на одредени работи (пример додека стартува некоја програма)? Лаптопчето си е ОК, но како шѕо гледам, ја имаш 20H2 десетката (мислам дека е најнова 10ка), а за неа постојано има некои упдејти во позадина и си бара ресурси. Една опција за оптимизирање е да се исклучат сите (а ги има многу) непотребни сервиси и програми кои автоматски се пуштаат со секое уклучува. Појди на Start, вкуцај msconfig па ентер. избери го табот "Services", штиклирај долу да ги сокрие сите на Microsoft, сликни и постувај. Исто направи и со "Startup" само што ќе треба да кликнеш на Open Task Manager, сликни ги нив и нив постувај ги тука.
Не, ама пример кога отварам Тимс, кога деинсталирам апликации, почиња да фучи ептен, и некогаш кога скролам знае да багне/ Он си се апдејтира цело време, има и антивируси глупости, и тато го дава на еден ИТ шо го знае да го проверува.Реално компјутеров е КОСКА.Сеа за 10 години користење и ја не очекувам да лета ко брзата птица итрица..вака си е супер.Ама на моменти кочи и фучи многу. А после можам да ги изгасам?Нема да ми сопре некоја функција? @izabela.nik кој профил
Го имав истиот проблем. И формат и се живо пробав. Испадна дека ќе е статичен лаптоп и работи исклучиво со кабел за интернет поврзан. Вифито никогаш не проработи, стар беше лаптопот, сигурно 7 години.
каков winodws имаш? отвори го task manager од CTRL+ALT+DELETE ке ти се отвори следното и прати ни слика да видиме што го мачи
Пробав и со кабел и тоа не помогна, претходно не беше вака. Дека лап топот е стар стар е ама не беше вака до сега ниту еднаш
Во моментов фучи ко фен.. 10ка ми е и еве што покажува плус бришам и непотребни слики, фајлови, апликации и ни место немам на Local Disk D
еве и ова само шо кај Speed, Handles, и горе леов скроз, кај шо е ЦПУ се мењаа бројките и кај јутилизејшн