Еве точно како треба, а за секој случај пробај и обратно црвно во жолто и жолто во црвено, или црвено во црвено а жолтото во белото. Ако не може и вака тогаш како шо ти кажа и Били крајна опција со конвертер да пробаш, а за таков обрати се во Анхоч.
Здраво дечки, да ве прашам дали chromebook би ми завршил работа за следење предавања, користење на office програмите и за гледање филмови серии видеа такви работи? Не би инвестирала во некој поскап лаптоп моментално.
Да. Само пази која генерација и модел го купуваш затоа што на некои гугл најави дека ќе прекине со подршката оваа година, а на други дека ќе трае доста подолго. Провери си овде: https://support.google.com/chrome/a/answer/6220366?
Дечки, да препорачате некој лаптоп, до 20-24,000 денари? Иам Асус 10 години веќе, маста му е извадена и уште се држи.Али се мислам за нов.Некој шо се разбира поише да ми препорача нешто?Пошо врска си неам ни за спецификации ни за ништо.Ми треба највише за факс, Ворд, Ексел, Павер Поинт користам највише и Хром секако. Да има доста меморија сакам, и добар рам. На овој, ако е тоа релевантно (пошто реков не се разбирам) пишува Локал диск Ц дека има 97,5 гб меморија И едвај пола е искористена.
Овој е најдобар избор, i3 11gen: https://www.anhoch.com/product/5992...5vdJ8JUvExdbvhPCHyCdWIfc0nJ3flclQp4Y9YuOwI01Z Како втора опција може да го земиш во предвид и овој со Рајзен 3 5ген. https://www.anhoch.com/product/5992...5vdJ8JUvExdbvhPCHyCdWIfc0nJ3flclQp4Y9YuOwI01Z
Треба да купам нов лаптоп, ама си давам до крај на годината време, сакам да разберам малку повеќе и кога ќе сум сигурна да земам компјутер што ќе одговара. Е сега јас поим немам за ништо, па некоја насока што да барам, кои работи се поважни, чисто key words, да имам почеток
Зависи за што ќе го користиш. Јас кога барав ми требаше подобар и гледав да има јак процесор, повеќе рам (и да може уште да се додава), издржлива батерија итн.
Зависи за што ќе го користиш како што пиша @etoile . Ако го користиш за програми кои имаат потреба од графичка картичка, или игри, ќе бараш таков. Доколку ти треба за брзина, ќе бараш некој со повеќе РАМ и ССД диск. За мултитаскинг ќе гледаш повеќе јадрен процесор. Екранот ако ти е битен ќе одиш на Амолед, не на IPS LCD. Ако ти треба за мобилност ќе гледаш некој потенок, помал, полесен. Батеријата исто можеби ќе ти биде битен аспект. Се зависи што ти треба.
Најдобро мислам ти е да пребаруваш онлајн по нашиве ИТ продавници и во bookmarks да си ставаш лаптопи што ти се во рамките на буџетот и големина што ти одговара. Па потоа да ги линкнеш тука кога ќе се одлучиш да купуваш и ние ќе ти помогнеме со селекцијата и ќе одбереме еден.
Еии топ идеја, тоа може. Моментално ми е за најбазични потреби ама сакав нешто да учам и затоа би зела нешто може појако ама полека полека. До крајот на годината ќе биде
Зависи од што знаеш да инсталираш , може и со цд и со усб , ја би со усб веќе не се ни користат цедиња. Ако не ти е најнов компјутерот 10ka , ако ти е нов можеш да видиш на google дали е хардверот компатибилен со windows 11
Само менуваат , едни викаат како ти 24 саати да остане првиот пат и до 80% да го пуниш после и да не го празниш скроз , ама па малце мачење е до толку да и се секираш на батеријата
Здраво. Имам ASUS VivoBook. Цело време го отварав преку фингерпринт, но денес не знам зошто не не може да му го препознае. Пробав и со рестарт, но повторно исто. Имам опција и за пин и пасворд но сега воопшто не се сеќавам. Ако знае некој нркако да ми помогне.? Баш нареднава недела имам колоквиумска и не знам што ќе правам...