на замунда мислев дечки, ја го памтам како бугарски и од таму имам единстевно симнувано. Еве гледам сеуште функционира. Незнам на кој мислевте вие
Zdravo, mi treba preporaka za laptop do 45-50k namenet za pocetnik vo programiranje, digitalen marketing i web dizajn Blagodaram odnapred
Дали треба да има графичка посебно и со која конфигурација . Од тоа највеќе зависи цената и конфигурацијата
Некој да ми каже како сигурно да префрлам повеќе видеа од телефон на лаптоп оти со денови се мачам више. Видеата се од околу 400 мб до 3гб најголемото. Значи пробувам блутут и стига до 90% и тука вртеше со саати цела ноќ го остаив и не мрдна од 90. Пробав со драјв на меил и префрли неколку и после се заеба нешто и сега исто почнува и после цел ден не мрда. Wetransfer барем за помалите исто, стига до некој %, после се враќа наназад. Еве сега и со усб кабел и не ги чита на лаптоп, отворам фолдерот кај што се видеата, дава празен. Да напоменам, едно по едно ги префрлам и намерно прво помалите да видам дали ќе биде ама освен тие неколку со драјв, другите после не сака.
Нема шанси со кабел да ти е празен folder_от , најверојатно при префрлање ги имаш избришано , ако имаш правено CUT / PASTE . Инаку со кабел е најдобро
Ништо не сум префрлала од кабел претходно од телефонов. Најнормално ги дава на тел, на лаптоп ниеден фајл не го чита.
Се двоумам помеѓу овие два таблети. Кај Епл ќе треба додатно и молив, што му ја дига цената за 120еу. Самсунгов е 270еу Епл со се молив 450 ќе достигне. Дали вреди за таа разлика во цена? Сакам децава да почнат на таблет да “учат”. Од школото ни дадоа програми со лекции и вежби, па највеќе би бил за таа намена.
Децата ќе го добијат само кога ќе ги решаваат вежбите, остатокот од времето е за мене. Затоа сакав кога купувам веќе да е со ок квалитет а да не е околу 1000.
Дали некој знае како да го решам овој проблем? Ја инсталирав апликацијата imagemagick и кога ќе кликнам на неа се појавува ова. Пробав да средам, но ништо не успева. Исто така и преку command prompt кога ќе напишам magick се појавува друг проблем.
Здраво, вчера земав лаптоп Dell vostro и графичката пишува дека е intel iris XE. Ама во пропертис најдов нешто др. Графичката е mesa intel adl gt2. Може некој да ми појасни подобро? Која е разликата? Пошто сакам да одам и да го вратам.
Ако се разбира некој од поврзување принтери да ми пише. Земав нов, рекоа дека можело и wireless. Симнати се драјвери, ама не можеме да се снајдиме со поврзување. позади има вакво место за кабле, ама кабел не одеше со принтерот. Help