Повеќе барам препорака отколку фикс за некој проблем. Како да се одлучам кој најлесен и најмал т.е. најпреносен лаптоп да го купам? Сакам macbook air, но солени се ценичките (иако има демек попуст...а цената му е иста цела година), некои ми викаат имало јоги моги за поефтино, но сепак сакам да пробам mac. Само ми е страв дека поправките за истиот се прескапи - на колешка од работа и зедоа 4 илјади (2 за да не чека и 2 за проверка) од istyle само да и кажат дека ништо не и било со лаптопот.
Земи на старо ако ти е многу на ново. Истиот член нови продаваше за 47.000, ако ти одговара повеќе нов. http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4795737
ми одговара цената, но малку ми е чудно што не ми изгледаат како легитимна продавница, не знам каде би важела таа гаранција?
Не знам, немам купено од личноста. Тоа мора директно да го прашаш. Ако е официјална гаранцијата за Епл, важи секаде.
Здраво. Зедов ASUS Vivobook 15 X1502ZA-BQ521, на него инсталирав windows 11. За време на инсталирањето курсорот воопшто не го покажува на екранот ( командите ги давав преку тастатурата). Сега има друг проблем не можам да се поврзам на интернет. Кога ќе отворам command prompt не можам да напишам ништо бидејќи тастатурата не реагира. Како можам да го решам овој проблем?
Се согласувам. Постручен одговор барам! Секогаш прво сама си ги решавам проблемите. Прв пат не инсталирам компјутер и било каква програма ( MS office го активирав без product key најновата верзија). Доколку немаш можно решение одмини го моето прашање. Убав ден!
Прашањето не се решава преку форум , тоа беше мојата сугестија. Честитки што сакаш сама да си ги решиш проблемите. Со среќа !!!
Дали можеш со тастатурата да навигираш низ сетингс менито? Ако да, пробај така да се конектираш на интернет. Ако не, преинсталација. Дали користиш официјален 11 од Мајкрософт страната даунлоадиран? Не треба вака да ти прави. Провери и во БИОС дали хардверски ти се поврзани сите екстерни уреди како што треба.
Најди дополнителен маус и вклучи го, потоа со кабел вклучи интернет и види дали ќе успееш да се конектира.. Ако не, од официјална страна Асус, на друг лаптоп, најди драјвер за вифи, симни го, прикачи го на усб, и стави го усбто во новиот лаптоп, со рун ас админ, вклучи го драјверот да се инсталира и поврзи се на интернет, потоа пушти апдејти од виндоус апдејт и се ќе се среди со апдејти.. Пиши ми ако не се снајдеш, да ти асистирам.
Тастатура не реагига на одредени команди. (особено кога сакам да внесам нешто во cmd) Не можам да се навигирам,бидејќи не можам на никој начин да го заобиколам проблемот со интернет поврзувањето. Користам официјален win 11. Прв проблем на кој наидов беше тоа што не го читаше USB,па морав да симнам IRST. На кој начин можам да проверам во БИОС? Ти благодарам.
Дали успеа да ти се појави стрелката со поврзување на дополнителен маус? Можеш и за тач падот да си симнеш драјвер на ист начин, стави го на усб и инсталирај го на лаптопот..
Го решивте проблемот? Еве како во БИОС да се провери. https://www.thetechwire.com/keyboard-and-mouse-work-in-bios-not-windows/
Да ве прашам за совет и искуство. Сакам да почнам да изработувам слики во рамка и сакам да купам принтер. Дали може да ми кажете каков принтер, која јачина би ми бил потребен? Го гледав овој предмалку. https://www.neptun.mk/categories/PECATARI/CANON-PIXMA-TS3350-BLACK