Ми донесоа Лап топ од странство ама не е на Англиски јазик. Колку е тешко преинсталирање на Windоws? Или попаметно е да го однесам некаде?
Зависи каков windows има лаптопот. Ако може да смениш јазик, тогаш не мора да преинсталираш ништо. Пример конкретно мој, јас дека живеам во странство си купив лаптоп од Кина директно со кинески windows home 11. И поради тоа морав да го преинсталирам за да си наместам друг јазик. Ако лаптопот имаше windows pro 11, тогаш нема потреба од преинсталација, само се менува јазик во опциите.
Симни си Google lens и среди го на Англиски да биде.. Јас кај клиенти Германци што лаптопите или серверите им се на Германски наместени а морам нешто да проверам со Google lens се снаоѓам. Не е тешко да го преинсталираш, ама може после тоа драјвери да фалат, па да треба да ги симнеш од официјална страна итн.
Пробај вака: Select Start > Settings > Time & language > Language & region. Choose a language from the Windows display language menu.
Некоја пиратска верзија ми имаат инсталирано. Се среди некако, ја користам со исклучен антивирус..додека не цркне компјутеров некој ден
Препорака за бежичен маус https://www.anhoch.com/products/mouse-natec-wireless-harrier-2-1600dpi-bluetooth-black-8749 https://www.anhoch.com/products/mouse-tellur-wireless-silent-1600dpi-black-1445
Здраво дечки ми треба,препорака за Лаптоп.Јас работам од дома па ми треба брз ефикасен да чини до кај некои 600 eвра.Ми рекоа Леново идеа пет биле добри и приступачни. Што мислите вие за овој модел? Пишете ми ги вашите препораки.
Го имам моделов, виндоус 11, година време го користам, јас лично сум задоволна. Речиси 500 евра го зедов. @Billy Idol нека предложи други
Не се разбирам многу затоа го пингав членот, ама нема утка, за брзина, апликации, мене само ме нервираат апдејтите ама задоволна сум. Не е тежок за користење.
Јас го зедов преку еден човек што работи со компјутери, секогаш земав преку него работи за компјутер. Инаку, провери Нептун.
Да, Леново Идеапад се стварно добри за цената. Можеш и 3, тенки се и имаат добра батерија. 5 мислам дека се поголеми и се повисока класа. Најбитно е перформансите искрено, после марката. За таа цена би препорачал: Intel i7 13xxxx 16GB RAM https://www.neptun.mk/categories/pr...eaPad-Slim-3-15IRH8-i7-13620H-16GB-DDR5-512GB Или Ryzen 7 7xxx 16GB RAM https://www.neptun.mk/categories/pr...-IdeaPad--Slim--3--15ABR8-R7-7730U-16GB-512GB Графичка картичка по желба доколку ти е потреба за работа погледај гејминг серија на лаптопи.
Симни kms activator, претходно исклучи само security defender, ако не се снајдеш пиши ке ти објаснам детално.
Последнава недела забележувам дека кога ќе го пикнам полначот во отворот (влезот за полнач), ме зеза нешто, де го фаќа, де не го фаќа. Неколку пати морам да го вртам кабелот или правам вади-стави за да упали. Кога ќе упали, ич не го чепкам пошто ако го мрднам лаптопот, се дешава да се исклучи ламбичето (престанува да го полни). Или е до полначот или до влезот. Дали имате овакво искуство и колку би чинела промена на влезот за полнач (не знам дали така се вика тој дел)?
Дали можда некој има купувано кондензатор-микрофон со звучна карта, од оние по ФБ што се продаваат? Ако има, молам да ми пише во инбокс!