Претпоставив, ама ми беше страв да не ми се зезне нешто таблетот и не знаев дали се поврзува со блутут…
Здраво, зависи која ти е намената. Можеш и со било каква Булутут тастатура да завршиш работа, со оригиналните само имаш целина со футрола. Имаш и опција Тему/Али Експрес ке ти функционира со копија на ipad тастатура. Едит: касно видов дека има веќе одогвор
Прашање до тие што се разбираат повеќе... Сакам да земам нов лаптоп. Не го користам за којзнае каква работа, сепак ќе биде мој приватен лаптоп, се двоумам меѓу Леново и Dell. Тука се некаде со цена, ама овој на Дел нема читач за мемориска картица, а мене тоа ми е потребно. Затоа повеќе се мислам за првиот, овој што го имам е токму Леново, стар е 8 години, уште функционира супер, само што кочи на некои апликации (добро, треба да го форматирам), ама е надграден солидно, иако не поддржува Windows 11. Уште не сум цврсто решена, оти се прашувам всушност дали има смисла да купувам нов додека стариов сеуште функционира (само не држи батеријата, постојано е на полнач), сепак не го користам за работа, макар што знам често да довршам некои обврски од работа кои не сум ги завршила во зададениот рок на работа. Dell се скоро сите со Linux, мене лично не ми е важен оперативниот систем, ама веројатно ќе ми треба време да се навикнам, бидејќи одамна не сум го користела (од студентски денови). Ако имате предлог и за некој друг, слободно препорачајте, ќе разгледам. Однапред благодарам.
Од моето скромно искуство со лаптопи, јас би одбрал Леново. Работи побрзо и „помазно“, има DDR5 меморија за разлика од Дел кој што има DDR4 меморија. Дел има Linux Ubunu оперативен систем, а Леново доаѓа без оперативен систем, што значи дека треба дополнително да се инсталира Windows или Linux, сеедно, по твој избор, и ќе треба да се доплати за тоа. Што се однесува до читачот за мемориски картици, може да земеш надворешен читаш, кој што се приклучува на USB порта, не се скапи.
За тастатурите од тему некои мислења, не сум истражувала многу, чисто информативно https://it.mk/kolku-se-bezbedni-proizvodite-od-temu/
Ти благодарам на мислењето, и мене повеќе ме влече накај Леново. Таков и имам, досега немал сериозни проблеми, ниту кочел, ама почна да зеза по малку. За оперативен систем не е проблем, прво да решам кој да го земам. И дали воопшто да купувам лаптоп сега или да почекам. Водечки или не, низ годините научив дека кај нас, што и да купиш, најчесто е како ќе ти се погоди. Во секој случај, за Леново сум повеќе, ама да се одлучам да купам.
Не мора да значи. И онака се, се произведува во Народна Република Кина. А Леново баш е докажан бренд за ИТ.
@Annath јас сега прв пат годинава земав Леново ама е убедливо најдобрата одлука шо ја имав напраено до тој момент во поглед технологија. „Спие“ од шо е добар и мислам дека верна ко кучка ќе му останам ко ќе дојди време да го заменам.
И јас се согласувам за Леново. Инаку, ич да не му се секираш за оперативниот систем. Windows 11 многу лесно се инсталира преку USB и не мора да купуваш лиценца доколку ти е за лична употреба, бидејќи безбедно се активира преку неколку промптови од massgrave.dev
Леново. Има подобар процесор. Кај интеловите процесори последната буква исто е битна, посебно доколку двата се исти. H - значи high performance U - значи ultra efficiency Покрај тоа има подобар, понов и побрз РАМ.