Пораката значи дека мониторот не прима сигнал од лаптопот, иако лаптопот „гледа" дека е поврзан монитор, вистински видео сигнал не стига. Не мора да е до кабелот. 1. Прво, рестартувај лаптоп. 2. Форсирај детекција на надворешен монитор. Десен клик на празно место на десктопот на лаптопот Кликни Display Settings Скролај малку надолу до делот каде пишува „Multiple displays" Таму ќе видиш копче „Detect"., кликни го. Ова е да форсираш детекција на надворешниот монитор. 3. Мониторот можеби е поставен на погрешен влез (наместо HDMI3, HDMI2 на пример) .Притисни го копчето на мониторот и рачно менувај ги влезовите. Ако има ваква опција. 4. Притисни Windows + P и избери Duplicate или Extend. Понекогаш лаптопот го детектира мониторот, но сигналот го праќа само на „PC screen only" 5. Смени HDMI кабел. 6. Поврзи го лаптопот со LED телевизор, со истиот кабел за да видиш дали портот на лаптопот функционира. (Претпоставувам користиш Виндоус)
Барам совет за принтер за домашна употреба, дома имам Canon PIXMA, но цената на тонерите излегува исто како и цената на принтерот доколку се земат оригинални, а и тие не се лесно достапни. Најдов компатибилни од мојтонер.мк, но принтерот не ги чита, како што разбрав проблем е тоа што не го препознава чипот, а и тие не беа нешто поевтини. Дали може да ми препорачате принтер што печати во боја и на фото хартија, тонерите да се лесно достапни и да не чинат колку и самиот принтер?
Мојата желба за разбирање и работење со компјутери умре во средно, ама неделава ме врати таму и се некој проблем ми се јавува. А, фатам едно нешто - се расипва друго. Накратко ми треба некој шо користи Lenovo Yoga или има користено лаптоп со стилце. Проблем е стилцето. Се преинсталирав, се наново поврзав, се вратив на фабричко шо го интересира стилцето. Уз пат апдејтирав и блутут и доинсталирав драјвови во случај таму да лежи проблемот. Си ги попрајв слушалките зошто да, и со то имав проблем. Не знам дали треба едноставно да земам ново стило или проблемот е до лаптопот. Постојано дава ниска батерија и се исклучва. Нема надворешни батерии, со полнење е.
Имам проблем со спотифај на десктоп, цело време ми вика currently can't play this song, а песната си тече само без звук. Дали на некој му се случило ова и што направивте? Пробав некои совети што ги најдов по интернет ама пак не сака да проработи. А нешто глеам и на телефон во последно време ми кочи апликацијата, стварно не знам до што е проблемот. Плус премиум користам.
Lenovo имаат официјални алатки за дијагностика и драјвери. Дали тие ги користеше или на своја рака симнуваше (плус можеби Windows Updates)? Ова ми се има случувано при апдејт на bluetooth drivers на ПЦ-то. Знае тогаш Спотифај да има мака со детектирање на audio source и ја дава оваа грешка. Ако користиш bluetooth звучници/слушалки, тогаш тргни ги и повторно конектирај ги со ПЦ-то.
Здраво на сите! Вечерва случајно истурив малку вода врз мојот MacBook. Веднаш реагирав и ја избришав водата, вклучително и од отворите на звучниците, но не сум сигурна дали навлегла и на друго место. Потоа ми се појави известување за детектирање течност/влага. Го исклучив и се мислам дали да го оставам да се суши или да го однесам директно во сервис. Дали некој имал слично искуство? Дали има шанси да помине без последици и дали знаете добар и поволен сервис во Скопје што поправа MacBook лаптопи со придтупачни цени? Секој совет и искуство ми се добредојдени. Ви благодарам!
Еве на иста мака сум. Го гледам hp deskjet 2976, можеш со обична хартија, фото хартија и скенер има плус. Ама тонерот испаѓа малку скапо шо пишала членката погоре. Препорака некој?
Земав еднаш од наша страна тонер наводно компатибилен за Canon PIXMA, не беше компатибилен, на крај земав Canon MegaTank што се полни со шишенца со бои, засега е во ред, само не принта двострано, мораш рачно да ги подесуваш страните, но има скенер, копира, боите се океј... @warrior
Мене другарка ми кажа така татко и си го расипал принтерот со тонери шо не се компактибилни. Јас пак ги гледам овие портабилни од тему ама не знам колку ги бива. https://share.temu.com/n47F80E4qaB А колку зимат во фото студио за принтање слики?