Компјутерски проблеми Како така? Не направи рестор воопшто, не го рестартира компјутерот, и ти се изггуби? Или јас не сфатив како шо треба
Компјутерски проблеми Точно така, влегов, сликав за да постирам и излегов. Кога се вратив веќе не седеше таа дата за да го вратам..
Компјутерски проблеми Ах, не знам сега Како може тоа туку така да се изгуби Почекај, може ќе ти пише некој што разбира повеќе
Компјутерски проблеми Побарај поназад низ темава имаат кажано за неколку програмчиња кои ги враќаат фајловите кои се веќе избришани. Ништо не те кошта да пробаш со такво програмче.
Компјутерски проблеми Вака: - Копчињата на тастатурата не ми се во ред.. На пример притискам r, или f, било која друга буква , и не ја пишува буквата туку нешто сосем друго ми отвара. Што може да е?
Компјутерски проблеми Сакам да прашам, на компјутерот најверојатно имам вируси, и ваљда и усбто мое има исто вируси, според една другарка, но досега не сум искусила проблеми, нешто големо, како што има на пример, вирусот да ти ги брише фајловите, или нешто да се поремети ептен, се си било на место и како што треба.. можда немам вируси на усбто, незнам. Е сега дали е во ред од усбто да пренесам стварите комплет на екстерен хардвер, без да му пренесам и вируси, и без да се зезне нешто во него? ептен ми е страв и незнам на кој безбеден начин да ги пренесам стварите. Што мислите?
Компјутерски проблеми Јас колку што знам може кое сака копче да стои но секогаш истата буква ке се пишува.. според мене, не ти се копчињата наместени, треба да ги извадиш и да ги наместиш.. јас така некад ги изместувам кога ја чистам тастатурата и кога ги вракам пак на место..
Компјутерски проблеми Јас да си прашам, зашто во Це само ми се полни меморијата? Не симнувам ништо во последно време, не ни ми покажува вируси, али стално ми се полни, оп сега 700 МБ слободни, оп за 1 саат 500. Бришам работи стално, ама пак истото и истото... Некој вирус да не е што не се гледа, како да го исчистам ако е? А иначе во другиот диск Еф се си е во ред...
Компјутерски проблеми Ај ако имаш Виндовс Ха-Пе.. Иди: Старт - алл програмс - акцесорис - систем тулс - диск клинап - ц - ок. Ќе почекаш малце.. Ќе ти се појави едно прозорче.. Па јас ги штиклирам сите, а дали треба незнам. х) Ако не остави така како што е, па иди океј и јес. Додека се оноди можно е да ти кочи малце, ама после провери, и ќе видиш дека имаш повеќе меморија.
Компјутерски проблеми Некој за мојов проблем да не знае? како да ги пренесам стварите од усб на хардвер без да пренесам вируси на хардверот. инаку компјутерот мислам дека има вируси, а штом има контакт со усбто можно е и усбто да има вируси ама незнам иако кога го ставам усбто у компјутерот ми се појавува такво, за дали да провери дали има вируси или што знам.. и стискам да провери, и проверува низ секој фолдер, фајл, и така едно 5 мин дур да провери се оти имам полно ствари и на крај вика ништо не е најдено.. можно ли е да немам вируси на усбто? незнам што да правам. помош??
Компјутерски проблеми Феминки и женчиња , инсталирајте си AVG Internet Security 2011 фул верзија и немате гајле имате све, и антивирус, и антиспајвер, и фајрвол и све. Исто така ви препорачувам да си инсталирате и CCleaner и Spyboy - Search & Destroy за редовно чистење и средување на компјутерот од лоши регистри и темпорари фајлс. Како врв на крај ви го препорачувам AVG PC Tuneup 2011 кој го скенира целиот компјутер и наоѓа секаква грешка и ја поправа. Со сите овие што ви ги набројав ќе имате секогаш компјутер/лаптоп во топ форма. Уживајте!
Компјутерски проблеми Имам Windows 7, ама го најдов тоа Disc Cleanup и направив Да ми исчисти на Ц, ама сега па помалку имам. Бог ти знае што му е на компјутеров. Лани исто вака ми праеше ама мошијата ми го направи, сега незнам како сама да го направам. А иначе Пуси Хантер чим ни ги препорача овие програмиве и тако то, остави линк од кај да ги симнеме, како да ги инсталираме и тие работи, вака не не залажувај само.
Компјутерски проблеми Мојот проблем е следниот - се заиграв со копчето цтрл (ваљда беше тоа) и сега кога го отворам форумов ми го дава во многу зголемен формат и морам да го поместувам со помош на сините линии,а самиот сајт (и други сајтови) ги отвара нормални. Може ли некој да ми помогне? Однапред ви благодарам ,се надевам дека ќе ме сфатите за што станува збор.
Компјутерски проблеми Ај пробај со копчето со кое си се заиграла сигурно е цтрлто штом викаш дека ти дава во зголемен формат, сега држи на него и стискај на ова копче (цртичка, минувче) на тастатура што стои до плус, горе кај бројките две копчиња поназад од бекспејс. Значи во кратки црти Ctrl + клик на - и гледај да ја направиш нормалната резолуција големина што ти одговара на екранот т.е таа што ти била претходно. ______________ Сега ја со прашање, не е проблем туку прашање. Кај да ставам бои во принтеров, т.е кај треа да го отворам за да му турам бои? Прв пат ми се истрошени, досега не сум му турала и сеа не знам кај да турам. Капаков што е (под тоа за скенирање) кога ќе го отворам не знам кај да ги извадам тие што се местеа прв пат кога ми местеа бои. Ако ме разбравте што прашувам, добредојден е совет како да го отворам и на кое место да ставам бои. Фала однапред плус Спојлер лајкче во замена за фала на постот.(се зезам)
Компјутерски проблеми Уствари Меги не мораше да се мачиш да и одговориш кога пред малку и дадов одговор на истиот проблем веднаш над тебе. Знае некој на кое место да турам бои во принтеров(печатач) или кај сите е индивидуално?
Компјутерски проблеми Јас имам од постарите принтери (без скенер) и само го отвораш капакот и кликаш на копчето што би требало да ти светка дека немаш боја(барем кај мене е така) и тоа кантичките со бои сами излегуваат. Ти само ги креваш-вадиш истрошените и ги ставаш новите и пак стискаш на истото копче. Си ја чистиш главата на принтерот и ако се е во ред тераш после на принтање. Ако те испобунив пиши лп Него, јас сакам да прашам дали некој знае кај да најдам драјвер за печатачов (Епсон е ) ама за Виндоус 7. Се отепав барање и изгледа нема ни да најдам оти оваа седумкава не го подржува тоа..Али сепак ако знае некој нека каже. Изгледа ќе треба да си го земам печатачов и да одам кај некој што има Виндоус xp Ако има некој доброволец со XP нека се јави оти гревота е бојава така да ми се исуши
Компјутерски проблеми Зошто кога отворам слики на фб ми се покажува Error400 и после неке ништо на фејсбук да ми отвори цело време ми го го покажува тоа еррор 400
Компјутерски проблеми Јас имам Епсон.. И обично кога ќе ми снема боја.. Ќе отворам нешто на ворд, и ќе му речам да принта.. Ама ќе ми се појави дека нема одредена боја. И ќе одам по тоа како што е опишано таму, таму ќе ти се намести во средина тоа таквото за бои, ќе го отвориш.. Ќе ја извадиш истрошената боја, и ќе ја ставиш новата.. А предходно, ќе го извадиш тоа жолтото од кертрејџот, како и да се вика. х) После тоа, одкако ќе се дупне, пак ќе ја извадиш, и ќе ја протресеш на некој лист. И ќе си ја вратиш на место.. Се ти е објаснето, чекор по чекор. Е сега незнам дали е исто кај тебе.. Ама пробај.