Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Компјутерски прашања и проблеми

Дискусија во 'Слободно време' започната од topce25, 19 ноември 2010.

  1. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    Да ве прашам, ми треба помош нешто со антивирусот, ке може ли некој во лп да пише да помогне кој се разбира?? :)
     
  2. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Компјутерски проблеми

    мојот почна да брмчи како трактор :@ сигурно пак е полн прашина!! може ли некако дома да го исчистам...ме мрзи да го носам :!:
     
  3. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Компјутерски проблеми

    Исто и мојот, не секогаш ама некогаш ке ме оглуви, стварно е неиздржлива бучавата. може не е до прашината, пошто пред 2 месеца го чистев, си мислам да не е вентилаторот цркнал :?:
    Инаку јас сама го чистам, го отварам куќиштето со шрафцигер и полека со чепкалки за уши го бришам тоа вентилаторчето и каблите и се друго што може да се избрише, т.е. што не е толку деликатно.
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    Кога сте веќе кај прашината, како ги чистите лап топите од прашина?
    Гледам и мојов на пуштање една минута брчи и потоа се смирува .
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    Слаб е AVG антивирусот, знам што зборвам :D нити чисти,нити расчистува, а освен тоа и веројатно авастот, а кој мислев дека е добар излезе врска нема |( сега ќе видам што биднало со мојов друг статичен и драматичен :D компјутер, шо беше на реставрација, ми го донесоа, па да видам у каква состојба е, па и на лап топов сум, сега два, бреј да не знае чоек шо да им прави :rofl: Смениле антивирус Господ знае шо направиле, ќе истражам и тоа да видам што,како, зошто :geek: На лап топов имам некој Нортон, ама појма неам каков е :?:

    Е да, како може лап топ да се чисти од прашина, да дувнам на лап топов и ојде прашината :rofl: ако ја има де.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Компјутерски проблеми

    Јас имам AVG, не дава ни да се доближи вирусче до компјутерот, сега нормално, никој антивирус не може да те заштити од сите вируси, ама јас сум задоволна, штом и да се обидам да симнам нешто сомнително или да ставам некое USB со вирус, веднаш си ја врши работата.
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    Мојот некогаш тропа, кога перката од мозокот, му е некако искочена..
    И јас незнам како, ама татко ми и сестра ми, ќе го мавнат, и ќе прекине да брмчи.
    Јас го испомавав, и пак нејќе. х)
     
  8. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Компјутерски проблеми

    и јас го мавав порано и закутуваше, сега веќе и со мавање не сака :^) ептен брмчи :D
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    Те ме пак на темава :D Го видов другиот мој компјутер, штотуку донесен од доктор :D исчистен е од вируси, бил преполн, сега проблемот е што е не баш брз, значи троа бавен, дали тоа има врска што има windows 2003, не лиценциран? Затоа што се распрашав и ми кажаа дека околу 7000 денари било за да се смени целосно, а е премногу скапо.Друго што ми е чудно е тоа што, последниот пат кога го уклучив, значи пред да го однесам на доктор, премногу загреваше, мислам комотно кафе можеш да свариш на него и да го пуштам, да не пак почне да загрева па да цркне, па и поради тоа да е бавен :^) Затоа и го користам лаптопот, брз е, а другиот ќе се користи повремено, бидејки имам други битни програмичња :D Како трето за крај, кога го уклучив, буквите огромни :o :tmi: а за глушецот да не зборам :D огромен :tmi: ова како слепа да сум па ги направиле огромни :rofl: и сеа како тоа да се смени, м? Мислам многу големи се, бога ми се изненадив кога видов :D
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Компјутерски проблеми

    Девојки, ако не ви е чистен од прашина долго време па брмчи, носете го со време, не ко мојот, цел прегори, за 2 минути цел стан ми замириса на изгорено.
     
  11. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    Хаха горде ме изнасмеа :D

    Да се приклучам на муабетиве, и мојот одамна се секавам многу бучеше, ама многу ко со пила некој да сече дома, мислиш ке експлодира :D и го однесовме на мајстор, (ова одамна беше) го форматиравме, и мислам дека и некој вентилатор беше заменет што е и главната причина за презагревањето на компјутерот. Ако на некоја од вас ептен се загрева, значи дека некој од вентилаторите забушава не си ја врши добро работата, и треба итно да се смени :!:
    А инаку и ние дома повремено го чистиме компјутерот, го отвараме кукиштето целосно и после де со правосмукалка, де со чепкалки за уши за поделикатните места, и ко нов :)
    ама рачунајте тоа нашето повремено е на секои 2-3 години :D искрено не се секавам кога последен пат сме го чистеле на тој начин.. :?: ама морам да го пофалам, добро работи а колку ни е стар ехее..

    Инаку да, јас си инсталирав Аваст антивирус пред некој ден бидејки стариот ми истече..и иако е рано мислам дека добро си ја врши работата..не го фалам, но не велам ни дека е лош.. ке видиме како ке се покаже понатака..
    само што сеуште незнам како да ги избришам веке постоечките вируси со Аваст. И дали е тоа возможно. За сега што направив е ги "moved to chest" така е изразот, а тоа е место каде не се веке во опасност на компјутерот и податоците, но сепак се тука, не се комплетно отстранети. А како комплет да ги избришам незнам.. :?:
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    На авастот, можеш да кликнеш за да го скенира, има во антивирусот неколку начини за да скенира, јас така правев и скенираше, па еднаш ми покажа дека нашол вируси во другиов компјутер,пред да го однесам и најде и до тоа moved to chest има мислам delete и на тоа кликнав и незнаев што бидна :D мислев дека избришал, ама сум се прелажала, откако ми рекоа дека вируси имал.И ко за беља :D зборев за AVG дека е слаб и кога го уклучив компјутерот имав што да видам :o :D истот го ставиле, е арно :wasntme: па сега нека стои, ако работи, арно, ако не ќе го сменам, сама.Веќе што не правам, уште малце да се разбирам подобро со вакви работи и ќе немора да барам помош :D Само кликни на тоа да скенира авастот и ќе покаже дали има или нема вируси, незнам дали сам скенира автоматски :?:
     
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    ^ па направив ја тоа, скенираше и најде 8 вируси.. и стиснав на "repair" во надеж дека нели ке ги "попрваи" но пишуваше нешто Ерор: неможе да се поправи O.O зошто нејкеше незнам.. и читав нешто на нет после.. и така направив "move to chest" така да засега се сигурни али за понатака морам да смислам како да ги решам :D тоа делит и ја мислам дека ништо не прави.. дали само го брише напишаното или сл. незнам али ништо не прави..тоа треба од корен да се искорени, а не е лесно да се избрише од корен вирусот.. :|
    и сега ти авг имаш? кај ти го трефнале :D епа мењај го ако не ти чини, ако не остај го..
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    Па на лаптопот имам нортон, незнам каков е тој, а на другиов авг ставиле, ќе видам сега за сега каков ќе биде, незнам ни до кога трае, бидејки еден антивирус мислам една година трае :?: незнам, барем по тоа што имав симнувано и уште нешто ставиле за прочистување на компјутерот, па сега веројатно нема да има проблем со него.Не дека ниеден компјутер нема да фати вирус, туку да не цркнит :D ко ќе цркне, шо ќе ми е :D после се знае нов :)
     
  15. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Компјутерски проблеми

    Имав нешто селектирано на фемина и задржав Цтрл и фонтот ми стана чисто мал и сега едвај што пишувам. Ве молам ако знаете кажете ми како да си го зголемам :sweat:
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    Стрл и +
    Или ако користиш гугл кром, иди во десен ќош, на тоа чеканчето, како и да се вика. Зоом и направи го поголем. :)
     
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Компјутерски проблеми

    Со Винамп имам проблем. |(
    Песната додека стигнува до крајот, се намалува гласот, и полека почнува другата песна.
    Но ме густа! :!:
    Како да го средам тоа? :worried:
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Компјутерски проблеми

    Еве мислам дека овде ти е проблемот. Стави го на нула.

    [​IMG]

    Инаку ако може некој да ми каже како можам да наместам од торент да ми се симнуват филмовите во Де не во Це. Нема простор ни еден филм да спуштам |( .
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Компјутерски проблеми

    Од пред 2 дена лаптопот кога ми е наполнат не седи дека е 100% како досега, туку пишува 91% available и се гледа дека батеријата не е скроз полна а цело време е приклучен на полнач :?:
    Знае ли некој зошто е вака? :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitledf.png
      Untitledf.png
      Големина на фајлот:
      2,2 KB
      Прегледи:
      59
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Компјутерски проблеми

    За ова брмчењево, брмчи зашто има прашина унатре, и треба да се чисти.Јас отворив пред некое време и тоа прашина внатре, да се угушиш :D ама ме мрзеше да ја чистам и остаив така и сега на секое 2ро уклучување брмчи, ама ќе го треснам и престанува. :D