Компјутерски проблеми ^Некогаш брмчи и ако е ладно во собата. Мојот ич нема прашина скоро го отварав а брмчи кога го уклучам, за 5минутки си престане.
Компјутерски проблеми Неможев да најдам соодветна тема за моето прашање, па го ставив тука. Ако има тема тогаш модераторот нека го префрли ова мислење. Дали може меил да се избрише? Пример сега го правев, утнав една буква (касно забележав) и сакам да ги избришам. Дали е ова возможно?
Компјутерски проблеми да, можно е. Ќе го отвориш емал акаунтот и во опции мислам дека се наоѓа или во акаут опција за бришење или евентуално менување
Компјутерски проблеми Па и нее баш некој проблем ама ме интересира дали некој знае како се вика програмчето што се користи за да ти покаже пасвордите на вајарлесс .... (на комшиите ) ако знае некој нека ми пише!
Компјутерски проблеми aj ako moze link od kade se simnati (посебно клинерот) симнав еден куп од нет и сите откриваат ама кога треба да брисат или да поправат се отвора прозор бај фул вержн и сл
Компјутерски проблеми Мојот е чистен пред некое време, кога беше на сервис. Ама пак брмчи. Сестра ми ќе го мавне, ќе прекине. Ја ќе му мунам неколку, тоа за инает не прекинува. До мене ќе да е..
Компјутерски проблеми Колку отприлика чинат веб-камерите? Се извинувам за офтопик, нема соодветна тема кај да прашам пошто темата сдп е заклучена...
Компјутерски проблеми Помагајте луѓе. Компјутеров ми се рестартира на секои 10 минути. Што може да ми е? Сега скоро нов Виндоус инсталирав...
Компјутерски проблеми Луќе не е компјутерски проблем, туку не можам да копирам линкови од јутјуб. значи одам горе каде што е линкот му стискам copy но за кога треба да го paste ми го paste овој линк http://www.savetubevideo.com/?v=pmNaaUv ... grec_index не знам зошто вака, еве веќе неколку дена е вака. П.с. тука пишав бидејќи не најдов соодветна тема, доколку не е модетаторите нека го преместат.
Компјутерски проблеми Ја сакам да прашам што да правам со звуков на компјутеров. Мислам дека кога го зедовме прво пред добри 4 години не правеше вака, ама последниве 2 од ко купивме друг почна чудно да работи звукот кога ќе пуштам песни или што било со звук. До звучниците не е, два пара имам сменето и пак истото го прави, како да се среди или само на сервис? Како да грчи и онај чуден звук кога менуваш радио станици, е така прави при слушање песна, ко за беља и лап топов не ми е нешто арен со звукот, се нему му е во ред, ама многу сецка, и кога ќе пуштиш песна да речиме знае така да ја растегне и да закочи и место песната се тегне така еден стих со чудни звуци. Не знам што им е на двајцата, ама знам дека ужасно ми смета и ме нервираат.
Компјутерски проблеми Лукс, да не се добро поврзани, затоа што и мене така ми правеше другиов компјутер, па го менував кабелот, баш така ми правеше и мене, како што рече грчи, безвезен некој звук или пак прашај во продавнициве и они знаат што може да е проблемот, во било која, немора баш од таму од кај што го имаш купено компјутерот, а веројатно е тоа што ти кажувам чим се во ред звучниците и компјутерот.
Компјутерски проблеми Ова за прв пат ми се случува во мојата долгогодишна компјутерска кариера . Одам кај братучед ми да му инсталирам windows 7 на штотуку купен компјутер на кој немаше инсталирано оперативен систем, и го пуштам цд-то не се покренува системот, абер нема, си чекам така, ај викам да не е дека е пиратско, го пуштам моето ориџинале хп и тоа не бутира и си викам ова мора да е некој хардверски проблем или па што знам, ама па нов е пц бре, има ли некој идеја што би било (тоа со кабли се е под конец) ама побрзо децава се многу нестрпливи сакаат комјутер бре утре у школо нема да отидат од мука.
Компјутерски проблеми Сеа ќе ти напишев дека имаш хистору и дека сите разговори ти се зачувани ако ја имаш штиклирано таа опција, ама ми текна дека прашуваш за разговорите преку камера. Не сум видела можда може, на овој компјутер немам скајп, ќе видам на другиот и ќе пишам, во меѓувреме можеш самата да побараш во опциите, побарај убаво. _____ Зошто лаптопов само од себе ми се исклучува? Читав дека се исклучувал така од себе поради прашина, ама го чистев со смукала и пак истото го прави, решение?
Компјутерски проблеми Престана да ми работи вградената камера на лаптопов. Незнам зошто, и не знам од кога. Иначе имам HP ProBook 4530s, околу 6 месеци го имам.
Компјутерски проблеми Кулерот во средина што е одвреме на време не врти. Некогаш сам почнува а некогаш кога ќе го осетам дека не врти ќе го мрдам со нешто и почнува да врти. Што треба да му се прави?
Компјутерски проблеми Сакам да ги инсталирам power point, word итн. поновите верзии. Мора цд да имам или како? Пробував нешто од интернет симнував, ама неуспешно
Компјутерски проблеми Изгледа никој не е заинтересиран за темава, па и не ја ни отворил, тие само што имаме проблеми ја читаме Уште да знаев да ви одговорам и да си најдам одговор на моето прашање, кога никој не знае решение ќе чекаме одговор.