Компјутерски проблеми Супер одговор доби, само сакав да потврдам, затоа што гледам дека уште прашуваш како да симнеш 2003, што е глупост. Со самото тоа што ќе го зачуваш документот како 97-2003, тој и ќе биде 97-2003. Тоа е една работа. Втора работа, редно време е ако веќе нешто симнуваш, да симнеш Ворд 2010. Истото можеш да му го предложиш и на професорот. И трета работа, доколку ја праќаш крајната верзија на семинарската (а не нешто што би требало он допрво да го едитира), најпрофесионално е документот да го конвертираш во пдф и како таков да го пратиш.
Компјутерски проблеми Има една многу добра страна, од каде што можеш да селектираш и симнеш се на куп, посебно после форматирање на компјутерот. Повели http://ninite.com/ Слободно симни го AVG free anti-virus, ќе го најдеш под Security. Никогаш нема да ти требаат кодови и лиценци, само редовни апдејти, кој што сам ќе си ги прави. Во сетингс подеси си детали за антивирусот (можеш, а и не мораш). И заборавив да додадам, да не заборавиш да избришеш се од претходниот антивирус (од Контрол Панел), без разлика што ти е истечена лиценцата.
Компјутерски проблеми Најверојатно треба да го инсталираш/реинсталираш драјверот за камерата и ќе проработи. Ако си правела формат тогаш дефинитивно е ова случајот. Или пак ако си чепкала по фолдери и случајно си ги избришала драјверите за камерата. Во секој случај, побарај ги драјверите, би требало да ги има на официјалната веб страна на ХП, пробај http://www8.hp.com/us/en/support-drivers.html. Пред да ги инсталираш (може ќе е еден, два..), би било добро и да ги избришеш старите, доколку ги најдеш. Ако не, златен Гугл, па пребарувај според моделот што го напиша погоре.
Компјутерски проблеми Нема шанси да кочи, направи како што ти кажа Nightwalker, кај ти е крајот сега да симнуваш 2003, таа опција е за тоа и ти не правиш кој знае какво конвертирање.
Компјутерски проблеми Сакам да го инсталирам ИМЕш ... и сеа почнува се добро и при крај ми излегува ова... .... И коа ке стиснам Ок или на X се исклучува и инсталацијата ... Шо може да биди ?
Компјутерски проблеми Нема посебна икона кај што ќе можеш да ја отвориш и да се гледаш. Само преку скајп можеш да ја уклучиш и кога не разговараш со никој .
Компјутерски проблеми Оди во старт и пиши таму доле во Search "camera" или "Cam" ... Недостасува некој фајл во виндоусот, тоа е затоа што го немаме лиценциран, а и не ти предлагам иМеш и БеарШер врие од вируси.. Најубаво од гугл да симнуваш песни ... името на песната + download и немаш мака
Компјутерски проблеми Супер одговор доби, само сакав да потврдам, затоа што гледам дека уште прашуваш како да симнеш 2003, што е глупост. Со самото тоа што ќе го зачуваш документот како 97-2003, тој и ќе биде 97-2003. Тоа е една работа. Втора работа, редно време е ако веќе нешто симнуваш, да симнеш Ворд 2010. Истото можеш да му го предложиш и на професорот. И трета работа, доколку ја праќаш крајната верзија на семинарската (а не нешто што би требало он допрво да го едитира), најпрофесионално е документот да го конвертираш во пдф и како таков да го пратиш.[/quote] Тапа сте -.- Да можеше така до сеа семинарската ке беше предадена, значи не смеам така самиот професор ни рече, значи морам да куцам во 2003 а не да конвертирам али излеа не се разбираме
Компјутерски проблеми Девојче тапа не тапа, испадна ти тапа у случајов Документот како што ти рекоа можеш да го зачуваш како word 2003, а доколку не знаеш како да го зачуваш како таков е тоа е веќе друга работа и тапа секако. А ти ако имаш понов ворд, ако симнуваш стар 2003 значи ќе се вратиш на стариот па после пак симнувај одн инсталирај нов. Безвезе комплицираш, послушај го советот со save as без да конвертираш. Поновите верзии не се направени за да искомплицираат туку да збогатат и сигурно не би ја кочеле работата на своите постари верзии. Или на крај па искуцај го во нов ворд па прати ми го мене да ти го средам.
Компјутерски проблеми имам проблем со другиот компјутер ...коа пробувам да го вклучам пише ntdl (некои рандом букви) is missing press ctrl+alt+del ги стиснав сите 3 наеднаш и пак се појави истото сеа некје да се уклуче
Компјутерски проблеми Извади се што е поврзано во компјутерот од страна на USB, провери дали има CD во CD-ROMот или Floppy и вклучи го компјутерот. Доколку ја кажува пак истата порака тогаш е проблем со Хард Дискот, ова може да се среди преку BIOS само на сервис. Тебе професорот ти е тапа. Има додаток за офис за конвертирање кој не е лиценциран преку микрософт, а многу го користат меѓу кои и професорите. Ова ти е дирекно зачувување во ворд 2003 и нема шанси да има проблеми.
Компјутерски проблеми го форматирав компјутерот! дали има шанси да ги вратам сликите и другите работи од мај докјумнтс?
Компјутерски проблеми Ајде ве молам помош додека не сум полудела! Значи, треба да го инсталирам Adobe Flash Player, саат време утепав, ама нешто нејќе чудово, не знам што му е проблемот. Значи преку кој и да пробам претражувач да го симнам, при инсталирањето ми вели да го затворам, океј го затворам, идам Retry и пак истото и истото и истото го дава.. Шитови, а ужасно ми треба..
Компјутерски проблеми Девојки да не знае некоја како да ги обележам страните доле на проект во Word 2007 ?? Сум заборавила
Компјутерски проблеми Ани, јас имам 2003 и одам преку Insert-Page numbers, би требало нешто слично да е и во 2007 Ај види од сликава дали ќе ти успее
Компјутерски проблеми Ресетирај го компјутерот. Доколку и така не бива избриши го од Control Panel и повторно инсталирај.
Компјутерски проблеми Mачорот ми легна на лаптоп и незнам исприцка нешто. Кога ќе ми беше исклучен од полнач, дисплејот потемен беше а кога ќе го уклучам на полнач посветол, односно нормално како што треба, е сега обратно е, на полнач ми е многу темен а кога ќе го исклучам е како што треба. Некој да знае како да го вратам како што беше?