Компјутерски проблеми Да, да. Знам за копчето на далинското, ама покажува дека нема ниту еден превод. Затоа што, на купечките цд-а, сама го местам преводот, ама тогаш ми го чита, сега не го чита. х) Иначе, на првото цд, моја беше грешката, затоа што не сум ги крстила исто филмот и преводот. Меѓутоа, на второто цд, исто ги крстив. На филмот додадов наставка .ави, а на преводот .суб. И повторно не сакаше да ми го чита преводот. Иначе, цд ги режев со ашампу, као и да се чита.
Компјутерски проблеми Е девојки,ај кажете ми вака.Имам лаптоп и сега ми е нов,сакам да инсталирам било што ,но ми вика дека имам некаква забрана... Го однесов на сервис,божем ми го направија,дадов 1000 за џабе,тие уште толку го укочиле.Ај плис хелп!
Компјутерски проблеми Не би требало да има врска во имињата, можеби е и до двд-то можеби не поддржува нешто такво. Пробај снимај преку Неро имаш посебни опции за режење филм. Доколку и тоа не бидува пиши повторно да ти дадам програма за вметнување превод директно на филм. Вероватно користиш рутер за интернет!! И затоа е проблемов со сликава. Или дома некој се вклучил на главниот компјутер или некој те краде и виндоусот реагира. А за тоа што неможеш да инсталираш програми направи слика како оваа со IP адресата, да видеме за што се работи. Доколку на еден виндоус имаш повеке акаунти, а ти ги немаш администраторските права може да се случи тоа.
Компјутерски проблеми Во ред е сега, сестра ми на грешка ги исклучила рутерот и модемот и кога ги уклучи ова излезе. Фала
Компјутерски проблеми Фала многу, симнав неро, и сега има превод. Него сега, пак кога ќе го уклучам цд-то во двд, преводот е минијатурен. Чепкав, ама неможам никако да најдам. Извини што те замарам.
Компјутерски проблеми Можно да е грешка големината на фонтот на преводот. Дали кога го пушти на компјутер преводот беше ок? Доколку било тогаш е грешка во двд-то. Пребарај повторно некаде во Subtitle Options.
Компјутерски проблеми Да, да. Најнормално е на компјутер. А на двд се појавуват и некои чкљ букви, ама тоа нема врска, за 2-3 букви. Расчепкав вчера низ тоа далинското, за суптајтл, имаше само на кој јазик да биде, а немаше за големината. Нема врска, фала.
Компјутерски проблеми Од вчера престана да ми работи звукот на компјутеров. Кога отворив контрол панел ми пишуваше no audio device found. Проврив да не ми се исклучени звучниците од позади на куќиштето и добри се. А не ми го ни прима драјверот за звук. Што да му правам, душата ми ја извади овој компјутер?
Компјутерски проблеми да не те разоцарам ама имав таков проблрм и мајсторот стави нова звуцна карта не маци се право на мајстор
Компјутерски проблеми Можеби не е до тоа, ама јас да си кажам.. Еднаш јас деинсталирав програми, и по грешка, и една за звукот. И се чудев зашто немам звук. Ти за секој случај, види дали во контрол панел, дали ја имаш програмава..
Компјутерски проблеми Ако до вчера се ти работело како треба пробај да испробаш дали ќе можеш да покренеш ... System restore ... мозже бил некој Update koј зезнал нешто :geek:
Компјутерски проблеми И кај мене исто така се случи и баш беше за нова звучна картичка, ама не мора да го носиш на мајстор јас си купив како usb е, така се става и не е скапо 300 ден.
Компјутерски проблеми Не е компјутерски проблем, туку проблем на фб. Зошто кога ќе влезам во профилот кај некои личности кои не ми се пријатели и ги разгледам заедничките наши пријатели не ми ги покажува сите ( на пример ми пишува дека имаме 8 заеднички , а кога ќе влезам во тоа синото за да ги видам сите заеднички ми ппокажува 5) ?
Компјутерски проблеми Пробав и воопшто не го прима цд-то. Тогаш ќе купам таква звучна картичка или што и да е.
Компјутерски проблеми Затоа што тие корисници ја имаат оневозможено опцијата да било кој има преглед на листата на нивните пријатели, затоа бројчано ги покажува, ама не и по име
Компјутерски проблеми Претпоставувам оперативниот систем што го користиш е Windows 7 Starter. Ако сум во право ЕДНО од ограничувањата на тој ( најефтин на пазарот) оперативен систем е дека не можеш да му смениш позадина ( легално).
Компјутерски проблеми Пак јас.. Имам инсталирано ESET NOD32 ANTIVIRUS 4, и постојано ми пишува virus signature database could not be updated. Пробувам со разни пасворди и јусернејмови од нет за да го апдејтувам и пак несака. Го скенирам лаптопот 2 пати во неделата, и досега не ми има најдено ниеден вирус, а приметувам во последно време ненормално многу ми кочи.. Што би можело да е работата? п,с и cookies ги исчистив и повторно кочи...