И јас имам едно прашање за овде. Лаптопот ми стар околу 2 месеци, го земав кога ги даваа првите ваучери за апсолвенти. И до сега сум задоволна од него. Ама сега забележав дека на тастатурата кај м буквата потешко се клика, т.е. како да е притиснато копчето и заглавено. Како да ја оправам? Или така ќе остане? Имам 2 годишна гаранција за компјутерот, ама смешно ми е за една буква да го носам во АМЦ. А па и не сакам така да ми остане. Ениуан?
Притисни 2-3 пати посилно ништо не му е и мене така ми прават некои,тоа е од прашина насобрана поднего или нешто такво
Леле нека помага некој,било кој што се разбира во компјутери иначе ќе полудам ! Имам проблеми со компјутеров веќе месец дена,може и повеќе.. Додека работам нешто на компјутер,било што одеднаш ми се "замрзнува" екранот и се што сум работела не ми е веќе во функција. Значи неможам ни да кликнам со маусот на екранот,ни да го шетам,а камоли да отидам до Старт и да го кликнам рестарт ( нема шанси ),значи ништо ништо. Буквално се е замрзнато. Единствена опција е на куќиштето да го кликнам копчето за рестарт .. друга опција немам никаква. Реагирам после месец дена,зошто го немав чистено пц-во одамна па мислев некој вирус дека е. И чистев со недели со сите можни антивируси што ми се во компјутеров со надеж дека нема да ми се случува веќе тоа. Но,пак исто!! А да,и едно нешто што ми е многу чудно е тоа што ова секогаш ми се случува кога имам уклучено фемина. Ако немам уклучено фемина мнооооооогу ретко ми се случува тоа,скоро па и да не ми се случува Али,а уклучам фемина и пишувам мислење некое ОБАВЕЗНО после неколку минути ми се замрзнува екранот !!! Спојлер ( мислењево го пишувам по незнам кој пат веќе .. ! )
^не сум некој експерт за компјутери, ама и мене од поодамна вака ми правеше. и спасот му беше преинсталација.
Повели http://kinoteka.org/mk/ странава е многу добра има и со македонски превод некои филмови. Само ти бара да инсталираш некои програми но не се грижи немат вируси јас ги имам на мојот компјутер. А да ве прашам дали е нешто проблем ако компјутерот многу ми брмче. Главата да те заболе. Дали и вашиот вака бучи или не. А нов ми е компутерот нема ни 6 месеци.
Општи прашања Брат ми смотаниот го избриша софтверот за звук и сега немаме звук на компјутерот. Дајте линк од некој добар софтвер за да го даунлодирам. И да биде бесплатен.
Имаш или вирус закачено, или проблем со напојувањето. Немој да го носиш директно на преинсталирање зашто ако е проблемот во напојувањето ни таа процедура нема да може да се заврши, ќе замрзнува екранот. Уклучи го антивирусот, или некој што се разбира нека види и нека ти го исчисти ако има вируси воопшто. Ако не, носи го на сервис. Сепак, обично при проблеми со напојувањето се јавува ова замрзнување. Цената ќе биде во зависност од јачината, мислам дека од прилика, минимум 1000 денари.
Фала ви девојки,јас кога го исчитив со антивирус не ми се појави никаков вирус. Така да мислам дека до вируси не е. А ова во врска со напојувањето,има логика А некако ми мириса дека до тоа е. Ќе средам обавезно како и да е,неможе да се работи на компјутеров Фала уште еднаш
Дали постои можност да се исклучи афтомацкиот абдејт кај GOOGLE CHROME бидејки новата верзија 25 ми ги кочи видеата кога гледам а и некои игри, додека верзија 23 работи супер без проблеми. Па ме интересира има ли решение на мојов проблем или барек како да си останам на верзија 23 да не ми прави абдејт на вер 25 само да непоменам дека ќе ја инсталирам верзија 23 и по некое време афтомацки оди на 25 Однапред ви благодарам за помошта.
Овие два дена маусот ми кочи. Додека не го рестартирам компјутерот директно од куќиште не сака да мрдне . За преинсталација не е сигурно бидејќи има еден месец од кога последен пат го носев да ми го преинсталираат. Што може да е??
Пред некое време ми се избриша оперативниот систем (Windows 7) на лаптопот. Го однесов на форматирање, ми го инсталираа пак и компјутерот работеше добро. Сега од пред некој ден од нигде никаде се појавува ова и се рестартира самиот. Како да го оправам?
еј да ве прашам.. мајками купила 2 глувчина за ком. пошто ни се расипа.. и сега и двете не чинат или до компјутеров е мешто? можеби треба да се инсталира? Кој се разбира нека помогне, Фала однапред..
Општи прашања еј да ве прашам.. мајками купила 2 глувчина за ком. пошто ни се расипа.. и сега и двете не чинат или до компјутеров е мешто? можеби треба да се инсталира? Кој се разбира нека помогне, Фала однапред.. (овде го пишав за побрз одговор ми треба)
Општи прашања за какви глувчиња зборуваме?? инаку ништо не треба да се инсталира, само да ги поврзеш со компјутерот
нели кога купувате компјтер има инсталирано лиценциран офис? јас си купив вчера лап топ и кога отварам мц офис ми бара product key
Што ми се случува со компјутеров мој? Долу десно ми го нема она квадратчето ЕН и МК и сега јас како да знам кога ми е мак. е кога анг. А како да направам повторно да ми се појави тоа квадратче доле. Спојлер никако не можам да го најдам
Ај кликни Shift и Alt, истовремено. Мене тоа ми помага, ќе ми го смени фонтот и повторно ќе се појави. Или, рестартирај го компјутерот.