Како да ставам страници да ми пишува ама да почнува од 2-рата страна а не од првата страна? а и сакав да прашам како се става видео во Word документ? Фала
Јас мислам дека првиот дел од прашањето никој не ти го разбра. Каде да ставаш 2 страница да ти отвара на пребарувачот? Сакаш да кажеш дека кога ќе отвараш Гоогле Хрома да не ти ја отора почетната туку некоја друга страна која ти ќе ја избереш на пример ФБ така?
Не знам кој Word го користиш, ама еве ќе ти објаснам за 2010. Кликни Insert, а потоа каде што пишува Page Number, кликни на малата стрелка. Кога надолу ќе ти се отвори листа, кликни Format Page Numbers. Ќе ти се отвори ново прозорче на кое долу има опција Start at. Тука ќе пишеш 2 ако сакаш од таа страница да ти почнува документот.
Девојки колку кај нас се успева преку IP адреса да се дознае кој направил лажен фб, злоупотребил информации и слично? Или како и се друго и ова останува така закашкано?
Кога ке притиснам refresh ми се губи позадината на desktop. Барав на интернет и ништо не најдов во врска со ова..фрустрирачки е!
Може да се најдат информации за тој што направил такво нешто, но неможе баш со име и презиме. На пример можеш да дознаеш во кој дел живее, населба и слично, но за некој подетални информации барем во овој случај што јас го знам неможеше. Инаку таа процедура ја спроведуваше полицијата, не јас.
Значи не се смејте, само мене ми се случуваат вакви глупости. Тачпадов на лаптопот ми функционира супер во сите соби освен во мојава, значи морам да користам глувче оти сецка и не сака да се движи низ десктоп. Е сега, ќе речете ти стои на нерамна површина, значи пробав и кутии и држачи и маси и комоди, пак сецка. Земав и го извадив од полнач, и сега си работам само на батерија, а тачпадов совршено функционира. Ако го вклучам полначот, пак не работи. Ако го исклучам, пак работи. Феноменов ми се случува само во собава, во Скопје совршено ми функционира тачпадот, си го користам него. Случајно го открив ова оти ми цркна глувчето, и сега немам глувче. Па моментално сум без полнач за да можам да работам на тачпад. Што е проблемов, нешто фабричка грешка да не е, ама па зошто само во собава, на сите можни позиции го извртев и нејќе и нејќе. Зошто на сите места си работи најнормално, баш тука нејќе?
Вака може да се дознае ако има злоупотреба или изршено кривично дело од тој (лажен профил) и тоа не само во кој реон се наога туку и конкретно кој е извршителот. Значи ако мислиш да го шпиунираш дечкоти неможе да те открие или доколку имаш некој на фб во кој се сомнеаш дека е лажен тогаш многу тешко речиси невозможно да дознаеш кој се крие зад тој профил, освен ако не познаваш некој хакер. Значи се додека не постои злоупотреба користење туги слики или закани итн нема институциите да се замараат бидејки пола од профилите се лажни, таман работа кога они би се бавеле со сите тие профили. Кога се работи за злоупотреба на слики постапка може да покрее само тој чии слики се злоупотребени.
Може ли да ми кажете како да направам ког горе каде што д=се пишуваат линковите да не ми се појавива се.Пр. 10 линкови од фемина кога ќе напишам фемина. Не да не се појавуваат,да не се појавуваат сите. Ај ако може само побрзо.
На компјутер? Кликни десен клик, на тоа што е за јазици.. ленгвиџ бар. Settings -- Add -- Macedonian.
Хахах со дискета оди во амц и купи си ЦД со лиценциран 7 инаку што и да направиш само проблеми и вируси ке си навлечеш
Имам едно прашање кое не е воопшто сложено па доколку некој има малку слободно време за мене би можел да ми го одговори. Имено се работи за опцијата скриена папка знам како да ја сокријам со пропертис-хиден знам како потоа да ја најдам по името до тука ми е јасно, само незнам како пофторно да ја вратам да биде видлива. На пример сум сокрила папка од документ и како пофторно да ја вратам да биде видлива во документ. Однапред ви благодарам за одвоеното време.
За да направиш една папка пак да биде видлива, најпрво отиди во Control Panel -> Folder Options (доколку не може да го видиш ова, во горното мени штиклирај View by: Large icons), во подменито View штиклирај го Show hidden files, folders, and drives. Отиди на локацијата кај што ти се наоѓа папката, десен клик и тргни го штиклираното за Hidden. Со ова подесување папката е повторно видлива