Јас да си прашам. Си инсталирав Виндоус 7 и сега на бс плееро неќе да ми ги чита Македонските преводи, а пред тоа на ХП ми ги читаше. Да не знае некој како да направам пак да ми ги чита??
Девојки навлезев во голем проблем .Додека го чистев екранот на лаптопот вода ми навлезело во него.Кога го уклучив пак во екранот ми се појави вода.Зае ли некој што може да направам за да ја снема водата? Благодарам однапред
Знам дека следново прашање не припаѓа премногу во темава но итно ми треба решение. Мојот ајфон 4 ми падна на плочки во една продавница и екранот прекина да ми работи, беше црн. Татко ми пошо поправа телефони ми го намести и телефонот сеуште одлично функционира. Меѓутоа забележав дека сите 1700 слики ми ги снема. Барав многу решенија по интернет да ги повратам, најдов само една програма која ги врака изгубените слики но се плаќа 20 долари. Ако некој на форумов знае како да ми помогне ве молам најмногу на целиот свет да ми помогнете. Многу ми значат тие слики и доколку постои решение, обавестете ме. Поздрав!
јас имам програма ... ама освен да ми ја даеш мемориската незнам како да ти помогнам ... прежали 20 долари ќе ти се најде може и за друго програмата, мене ми ја купија лиценцата нз точно колку за оваа програма што ја имам
Воопшто нема превод, или со шифри е преводот? Ако е со шифри, пробај вака: Кликни десен клик -> subtitles -> primary -> subtitle properties -> font Тука види дали ти е ставен фонтот на Cyrillic или на Western European.
Доколку некој знае како презентација од Microsoft Office 2013 да ја зачувам во Microsoft Office 2003 ќе му бидам вечно благодарна.
Сани сигурно мислиш на 2003 Инаку одиш Office Button - Save As- PowerPoint 1993-2003 Presentation П.С ама мојот office e 2007
^ Да на тоа мислев. Инаку знам како оди постапката за Microsoft Office 2007, ама ова е многу поразлично и попроблематично. Фала во секој случај.
Денес прв пат видов во ком. дека кога ќе кликнеш десен клик на слика нема опција за да поставиш на позадина, си ги има достанатите copy, delite, priperties... set as ја нема. Да не имал некој ваков проблем. Како да го решам?
Сега гледав на страната на ONE цените за пакетите интернет/тв/фиксна како се движат и како што сфатив најефтината тарифа е 800 ден со 10гб интернет и 0 мин разговор така ли е? Е сега ме буни што одоздоле пиша +1000гб гратис секој месец Користи ли некој ваков интернет?
Како да отворам блог?..сакам да пробам како е...да ми биде како еден вид на дневник..полн текстови,песни,емоции
Не е на мојот, на друг ком. прв пат видов ама прогуглав и најдов дека е до виндоусот пошто беше Win7 started edition и на тој неможело да се става позадина освен таа што си е
Би ги дала и парите само за да ми се вратат сликите но многу е комплицирано, треба да отворам кредитна картичка и слично, не се разбирам многу во ова. Инаку Ајфонот има вградена меморија од 16 гб и во тие телефони нема мемориска картица.... незнам што точно мислиш дека ти треба од телефонот. Ако може да знам каде живееш?
за од телефонот би требало да може преку усб кога ќе се поврзи со компјутерот да се избере телефонската меморија, живеам во битола, а можеш да прашаш негде по телефноскиве сервиси што пари ќе ти побараат, а во однос на програмата не знам како ќе иде со плаќањето пошто најчесто е pay pal а од македонија не може да се плаќа преку pay pal мене ми ја купија од странство и ми ја пратија.
Како може да го поврзам SOny Xperia Tipo на компјутер,пробав но ми бараше да ја прекнам инсталацијата на некој си MTP device...Пробав со PC Companion но не го чита телефонот...
Kako да бришам ликнови од гугл? Онаму горе,каде што се пишуваат линковите,пример,фемина и сеа надоле да ми се појави се што имам отварано на фемина.Знам за мозила и експлорер како е,ама за гугл не..ај ако може помош,што побрзо..