Убава е јас неколку месеци ја имам и немам проблем му ја купив на син ми затоа што на обичната редовно истураше сок и се расипуваа е оваа не пропушта ништо само редовно ја бришам со влажна крпа!Само не знам дали имаат врска марките или производителот!
Сакам да прашам каде се става камерата каде се буца тоа кебелчето. Во план сум да купувам камера но незнам како да ја немастам ако знае некој би го замлола да ми објасне???
Па камерата би требало да има две кабелчиња. Едното е за микрофон, ќе го најдеш од позади, црвена боја е за микрофон. А вториот приклучок е како узб кабелче од мобилен. Имаш такви од позади на куќиштето. Е вака изгледаат од прилика. Спојлер
Јас мојот лаптоп денес го однесов во АМЦ. Го купив од таму пред 8 месеци. Многу, значи ептен многу загрева. Ми рекоа дека овде во мојот град не смеат да го отвараат затоа што ќе пропадне гаранцијата, па затоа утре ќе го пратат во Скопје на технички сервис. Демек загревал многу затоа што сум го ставала цело време на постелнина, по кревети и сл. и се наполнил прашина. Можно е да е ради тоа? Да напоменам дека не е оптоварувам со игри, освен филмови, музика и семинарски ништо друго не правам на на него. Ми рекоа дека ако е за чистење на прашината ќе ми наплатат 1000 денари затоа што тоа не спаѓало под гаранцијата. Ви се има случено вакво нешто?
^ Ми се има, и ги го издував сама. Загреваше постојано и ми се гасеше цело време а јас цело време му дував кај решетките што се, демек да го изладам малку. И еднаш заврте и ме направи цела прашина, немаш представа колку прашина излезе. Од тогаш не ми загреал пак, а го користам со програми кои прилично го преоптоваруваат.
Кулерите на лаптопите, т.е. феновите што ги ладат внатрешните делови, се наоѓаат од долната страна, односно таа што си ја оставала на постелнината и на креветот, со што автоматски се запира протокот на воздухот, и бидејќи тоа влече воздух значи повлекува и ситни честички од постелнината или што и да е под него. Значи, дефинитивно лаптопот ти загрева ако си го користела на тој начин, и дефинитивно кулерите се наполнети со прашина како черги од пред врата За во иднина, лаптопот ставај го на некоја тврда и рамна површина (на пример послужавник, или некаква кујнска табла) па потоа ставај го на кревет или прекривки..
или можеш да инвестираш малку повеке пари во таканаречен надворешен кулер на кој ке го чуваш лаптопот без разлика дали е на кревет или е на тврда основа мора да се користи тој кулер за да му го продолжиш временскиот рок на Живот.. Изгледаат нешто како овие и навистина си слузхат за парите кои ги даваш Спојлер
^^ или пак така.. сепак, мојот начин е за тие со плиток џеб (ко мојов) и 500 денари ми се многу за надворешен кулер, кога немам толкава потреба од него..
ајде хелп малку неможам да се логирам на фб внесувам е маил и пасворд и ми испага вакво несто Facebook Will Be Back Soon Facebook is down for required maintenance right now, but you should be able to get back on within a few minutes. In the meantime, read more about why you're seeing this message. Thanks for your patience as we improve the site. ајдееее помош
Најверојатно се надоградува самиот сајт, не се сеќирај и мене ми се има случено. Можеби ти се инсталира новиот чат, од лева страна е сега кај дел од корисниците. Кај мене на пример, уште си стои стариот, а кај дечко ми е нов
Слабо Англискиот, слабо.. Ти вика дека моментално не може да те логира бидејќи се работи нешто на страната, најверојатно на група корисници, бидејќи имаа премногу корисници и не може на сите одеднаш.. Стрпи се, кога ќе завршат ќе се логираш..
е фала тогас абе не сум толку тапа англиски туку до сега никогаш ми се нема вакво нешто појавено а и на другиот профил ме логира а на овој не па затоа си реков да си прашам за посигурно кој пита не скита нели?? сепак ти благодарам за брзиот одговор за тебее
Значи имам gmail и како можам да го исклучам она google+ , сакам да направам моето име да не се појавува таму на g+ кога ќе го куцнам на фејсбук? Дали можам профилот на гугл да го избришам, а мејлот да си остане?
Девојки, сега само што го оклучив компјутерот, и не работи тој дел на глувчето што е за одење горе долу, стварно незнам кој е проблемот, има некое решение да ја средам таа работа?
Дангел кај го дуваш? И мене нешто многу ми се загрева во задње време, не секои 10 минути кулерот се уклучува, ма да што знам дали е нормално тоа или не... Делл имам лаптоп ако е нешто битно. Објасни ми малку ако може каде и како што (знам дека е смешно ама не сум многу упатена во ова)
^ Му дував од страна, кај што се решетките. Така ја подучив и колешка ми, таа има Делл, и се зачуди и самата колку прашина излезе од внатре. Можеш и со правосмукалка да пробаш, ама јас имам некоја манија на правење на проблеми и ми е страв да не повлечам нешто што не треба. Или пак со фен на ладен воздух ако имаш уште подобро. Делл колку што знам загреваат малку повеќе, сите што ги знам што имаат Делл го имаат истиот проблем. Ама пробај, дувни, не може ништо да изгубиш нели? Баш сега кога се расприкажавме за дувањето ми текна да му дувнам пак на мојот, и излезе цело облаче прашина, ми ги замагли наочарите.
Ама јас малку смотана сум кај да дувам не знам, кај што е кулерот? Кај што дува ладен воздух јас на тие дупчиња да го дувам? На уклучен или на исклучен компјутер??
Жено ма, дувај на уклучен лаптоп од таму кај шо брче, кај шо испушта воздух топол, ама тоа не е решение. Пак ќе се повторува. На нози ли ти е нонстоп шо ти загрева? Мора кулерот да не е покриен, затнат, значи поткренат на цврста површина обавезно, јас и на нози кога го ставам, обавезно врз книга го ставам, ама почесто гледам на маса да ми стое. А најдобро решение - се купува подлога за лаптопот со два кулери - ладачи, вртат како винтилатори, и нема шанси да ти загрее, тие го ладат лаптопот и плус ептен се цакани, значи само тоа му е мајката. И не се скапи, јас од Неготино ќе си ги купам - 500 денари отприлика.
^ Леле ама ме искара Има многу решетчиња затоа не можам да се снајдам, до пред некое време не ни знаев што е кулер зашто не се замарам ни да знам што е Загрева да поише последниве 2-3 недели, на нозе претежно го држам, кога ми е на масичка е малку подобро. Можда ќе треба кулер таков екстерен, знам што е другарка ми користи за нејзиниот лап топ, ама она зема кулер откако комјутерот не и се плалеше воопшто, веќе година дена а стар е 2 години. Мене ми е цели 4ри што не сум му праела и жив здрав е. Ќо го дувам вака уклучен па може ќе има напредок Ако ништо друго може само пољи да биде не полошо, секако си работи океј и без тоа што загрева.
Можеби е глупаво прашањето но сакам да прашам,зошто не можам да гледам на страницата на ORIFLAME мини каталогот.ги пратам каталозите но сега специјалните мини каталози не се отвараат.треба некоја програма или што?