Зошто не можам да се поврзам на bloututh на лаптопот.до сега имав префрлано податоци а сега никако не сака да се поврзе?ај ако може некој нека помогне.
Insert --> Page Number --> и си бираш дали сакаш да биде на врвот или на крајот од страницата. Ако добро те сфатив.
Отвори bluetooth settings и провери нешто да не ти се изместило таму за пронаоѓање на уредите. Или да не си го исклучила од лаптопот некако...
Знае некој страна за компарација на лаптопки? Барав јас, ама таму ги нема тие што јас сакам да ми ги спореди. Како и да е, ако може некој што повеќе се разбира со тоа Рам/Ром/Cpu и други дрндупки, нека ми пише во ЛП.
Пред некој ден си купив лаптоп и сега прашањето ми е поврзано со батеријата. Дали треба да го користам на батерија или да стои уклучен нон стоп на полнач? Некои ми викаа подобро на батерија па одкако ќе се потроши да го ставам на полнач а некои ми викаат подобро цело време да стои на полнач. Што мислите?
^^^ Јас мислам дека ти е подобро откако ќе се потроши, тогаш да го ставаш на полнач. Вака ќе треба цело време да мкнеш кабли. А искрено, и не ми е сфатливо зошто цело време да стои на полнач...
Правило бр 1: -Никогаш не го користи на полнач (со батерија вклучена ) .Доколку еднаш веќе ја употребиш батеријата работи со неа зошто од стоење ке се расипе .Ако сакаш да ја заштедиш батеријата а сеуште не е вклучена можеш да го користиш само со полнач-от без батерија (но кога би било целта така ,лап-топ е за по потреба и носење ) Користи си го нај нормално,кога ке се испразни батеријата вклучи го на полнење.Практикувај да биде речиси целосно празна батеријата за да го вклучиш на полнач.Јас вака го користам 3год, со батеријата немам никаков проблем,исто како да е нов-а сеуште .
Се согласувам со Dvolicen, и јас купив лап топ пред два месеци и ме советуваа од каде што го купив да го ставам на полнење од кога ќе се испразни батеријата, а кога ќе се наполни целосно, го исклучувам од полнење и го користам на батеријата. На овој начин се продолжувала трајноста на батеријата на лап топот
Ви благодарам за одговорите А одкако ќе го ставам на полнач да го исклучам и да почекам да се наполни? или да продол~ам да работам со него, Па одкако ќе се наполни да го извадам само полначот и да продол~ам на батерија?
Добро значи кутричката јас никогаш нема да научам бројки да клавам во семинарска Кажете ми како без да ми излегват во хедер и футер Ворд 2007
Јас пак имам проблем со маусот. Нема, нема... и ќе се укочи. Можеби 10тина секунди држи укочен. Не е до батериите. Вака порано ми правеше кога имаше вируси. Кога бев уклучена на мсн. Ќе се укочи, и на сите на мсн ќе им испопраќа вируси. Ама сега нема вируси. Барем така мислам. Го немам скенирано, ама не му е ништо. Додуша не укочува многу често, ама укочува одвреме-навреме.
Пак јас. На лаптпот, немам дупче за USB 3.0, туку сите се 2.0. Што е поприлично тапа. Не можам обично USB да поврзам, фотоапаратот, мобилниот.. Па сакав да прашам дали постои некоја направа, со која ќе можам да приклучам USB 3.0? Некако да се приклучи направата во лаптопот, а потоа во него да ставам нормално USB? Или не постои такво нешто? Доколку постои, ако може да ми кажете каде ги има и која цена се од прилика.