ми се шекна нешто лап топот не сакаше да вклучи го однесовме на правење го направија сега работи но глувчето не функционира па морам да приклучам USB-глувче, ако има некој познавање околу ова нека ми пише, исто така и јазик неможам да сменам на германски ми е цел виндовс кога одам во јазик и тастатура таму не постои полето за мењање јазик дали ми е потребно цд или има некој програм кој може да се инсталира ви благодарам однапрет
Ми треба помош од некоја феминка која се разбира од WI FI и поврзување на телефон со рутер. Нека пише ЛП. Фала однапред
За Windows 7 ако ти е, повели. 1. Кликаш на Start. 2. Control panel>Clock, Language, and Region>Change keyboards or other input methods. 3. Change keyboards...>Add. 4. Одбираш на кој јазик сакаш>Кликаш ОК, ОК, ОК. Тоа е тоа.
Луѓе ми треба помош, наеднаш лаптопот снема слика а работи се го кладов на полнач и пак истата ситуација до шо можи да е? Паничам многу
Оди во Control Panel и отвори User Accounts, понатаму е лесно , само следи ги инструкциите на екранот.
Добро јутро, Среќна Нова Година на сите од форумот! Имам едно прашање до вас, до тие што се разбираат во компјутерските вештини. Во потрага сум по Windows 7 , неможам да дојдам до него. Дали можам инсталацијата да ја симнам од интернет? комплет, драјвери и се остало?
Седмицата не е толку тешка за наоѓање, ќе ти дадам линк на торент ако сакаш. Драјвери тешко дека ќе најдеш комплет со инсталацијата, ама не е и многу тешко да ги инсталираш. Има дел од My Computer каде што само стискаш Update на се што нема добар драјвер, и ќе ги најде сам, само драјверот за интернет ќе си го симнеш пред инсталација. Ќе ти објаснам подетално ако се нафатиш да го направиш ова сама. Проблемот е кодот за седмицата. Многу тешко се наоѓа код, и да најдеш на нет ќе треба многу често да го преактивираш, зошто еден код е за еден комјутер. Има финти и за ова, ама никогаш не е трајно решение, многу проблеми знае да прави. Дури и да имаш друг комјутер за кој имаш платен Виндоус, не можеш истиот код да гокористиш на двата комјутера, едниот ќе ти го блокира само што ќе се приклучиш на интернет. А да си купиш оригинал седмица мислам дека најефтината е 150 евра... Да се форматира комјутер не е повеќе од 500 денари, ако не се разбираш стварно не се многу пари за 2 саата да ти го средат место ти цел ден да се мачиш. Ако стварно сакаш сама да го форматираш, јас би ти го препорачала Windows 7 Black Edition. Хакната верзија на 7цата која има комплет драјвери во неа, стандардот е некоја верзија со црна боја, ама можеш да си го смениш скинот на Аеро исто како седмица. Дури и скин на XP има ако таков сакаш да биде. Јас тој го имам на статичниот веќе неколку години, во принцип не сум имала проблеми. Е малку поосетлив на вируси затоа е што е веќе стара верзија, ама еднаш годишно пуштам цд, два три пати стискаш Next и сам си ја средува цела работа. Па размисли си која опција најмногу би ти одговарала.
Доле десно би требало да имаш стрелка и таму би требало да имаш иконка од блутутот и имаш опции на него кога ќе кликнеш и направи да можат други уреди да го пронајдат лаптопот и после ќе можeш да го поврзеш со телефони и слично... Ади како мислиш да ги инсталираш? Доле лево на тастатурата имаш едно копче Fn. Држејќи го него тие копчиња функционираат.
Лаптопите и мобилните денес имаат Li-ion батерија. За овие батерии, за разлика од нивните предходници NiCad и NiMH батериите, нема никаква потреба од тоа да се истроши батеријата целосно, па дури потоа да се полни и да не користи додека се полни. Значи тоа важеше за старите батерии. Значи лаптопот можеш слободно да го користиш додека е на батерија или додека се полни. Мој совет, кога си во можност користи го приклучен на полнач, ама не ја вади батеријата, нема потреба од тоа и не го оставај целосно да се испразни.
Ај вака направи десен клик на my computer и оди на properties. После отвори Device manager и види покрај што има жолто извичниче. Тие драјвери ти фалат. А, и пиши што марка ти е компјутерот со целосно име.
Мојот лаптоп е Аcer. Кај мене лево долу на тастатурата има копче Fn (function). Стисни истовремено на Fn и F3. Кај мене на копчето F3 има знакче за вифи. Доколку имаш вифи и блутут на самиот лаптоп пробај ги овие две копчиња.
Имам неколку word документи кои ми се за учење. Проблемот е во тоа што кога ги отворам во мојот word излегуваат на латиница и со знакчиња наместо букви. Некој да помогне како да ги направам на кирилица без тие знакчиња?