Пишав во друга тема за проблемов, затоа што оваа сега ја видов, мислам дека тука е посоодветно место.. Значи вака, лаптопов ги отвара сите страници на Интернет, освен Фејсбук. Ми се појавува SSL Error и http ми е прешкртано со црвена линија и пред него стои катанче..односно на целата страна има црвено катанче. Ми се појавува текст дека Хром/Експлорер со ова ме штити од споделување на некоја приватна информација со некој напаѓач и дека Фејсбук нема да се отвори се додека не воспоставам сигурна врска. Знае ли некој што е ова ??
Не е баш проблем,сакам да си ставам игри на компјутерот од тие малите на миниклип ама не ми успева.Ги доналдирав игрите ама кога дојде ред да ги отворам ми вика фајлот не е валиден.Треба нешто дополнително да имам инсталирано како Адобе или...? п.с.И ГТА сакам да ја слимнам,пробав од замунда ама бугарска верзија ми даде. Ако имате некој предлог за уште интересни игрички и како да ги доналдирам пишете Спојлер Ми се игра игри,што да правам
некој бе да се појави да знае решение на лудово ??? или слабо решениее?? едит- сликата не се "цитирала" - ја иам поставено на страна 176.. ако знае некој нека помогне
Кликни на оние трите бели хоризонтални цртички најгоре најдесно што се наоѓаат под иксот, па оди на Tools -> Extensions и кај што пишува AdBlock тргни ја штикличката кај што пишува Enabled, или едноставно на кантата кликни за целосно да го избришеш. Затвори го хромот па пак отвори си на страната, и ќе си работи
Прочепкав по нет и најдов нешто. Види на странава има многу за тоа. https://code.google.com/p/chromium/issu ... ?id=118706
Од кога се спремам да прашам во темава Имам еден проблем со компјутерот (мислам дека стар ми е околу 7-8 години) во последно време кога треба да зачувам на пример некоја слика од интернет знае да ја зачува но одма почнува да кочи и мора да се рестартира, или кога треба да отворам некој документ што ми стига на меил најчесто pdf не ми го отвора и кочи. И сега незнам дали е можеби слаба меморијата незнам дали ќе треба да ја надградувам или можеби е друг проблемот. Страшно нервира, кога ќе закочи и немаш друг избор освен да го рестартираш.
Ми треба помош повеќе од една недела компјутеров никако не сака да го чита УСБ-то кога и да се обидам ми се појавува ова.. ако некој знае како да го поправам пишете ми.. ептен ми е важно
дали некој знае како да го поправам shockwave crash барав на интернет и вика disable adobe flash и јас така направив и можам сега да гледам видеа ама кога ке појдам на некои страни други неможам оти ми бара adobe flash и ако напраам enable после ми вика shockwave crash
Ај вака... Некогаш и негде очигледно сум направила акаунт на гугл плус, а сега не се сеќавам ни на пасворд, ни на меил. И кога ќе си го впишам името и презимето на Гугл срч, прво тој профил излегува. Згора на се, една личност која со векови ја избегнувам на фб и во живо, си се додала таму во круг на мои пријатели или така нешто. Дали има некој начин да го избришам акаунтот, да го пријавам некако, да стапам во контакт со оние од Гугл да го избришат тие (како што можеме на Фејсбук да пријавуваме профили)???
Пробај со одново инсталирање. Прво uninstal направи од control panel, па повторно најновите верзии симни ги и инсталирај ги.
ако во ресајкл бин не си ги избришала перманентно, треба да ти стојат се уште во ресајкл бин. Доколку си отишла во ресајкл бин и перманентно си избришла-тогаш не за жал
Најдобро решение ти е формат ама доколку тоа моментално не ти е во опции, тогаш пробај со овие две програми : Wise Disk Cleaner, Wise Registry cleaner. Можеш да ги даунлоадираш тука : http://www.wisecleaner.com/ Мораш редовно да го чистиш компјутерот, дефрагментираш и слично. Ќе ти спаси живци и фрустрации.
Јас имам проблем со гласот на комјутерот, се изгуби скрос, заедно со тоа звучничето на крајот доле десно што беше.... Звучниците ми се во ред поврзани, ама нема глас Може некој да ми помогне? Фала ви!
Оди во: Control Panel\All Control Panel Items\Notification Area Icons Volume - Show icon and notifications - OK.
КМ плеерот не ми чита преводи.Да не знае некој како да направам да ми ги чита? Mи се појавуваaт некои знакови.