Компјутерски проблеми Прво нешто што ми текнува е дека прегрева....Ако има прашина најверојатно вентилаторот не врти како што треба а со самото тоа неможе да го лади....Исклучи го од струја, отвори го куќиштето и издувај ја прашината .... ако не работи тоа после ќе ти кажам што друго
Компјутерски проблеми 1. Ти грее премногу компјутерот, имаш проблем со вентилаторчето (прашина, поминат рок на работа...). 2. Слабо ти е напојувањето, особено ако е од оние ефтините, кинеските, чиј рок на траење може да е многу долг, но и уште повеќе краток. 3. РАМ меморијата или графичката картичка ти „прави“ конфликт, понекогаш треба да ја извадиш и наново да ја ставиш. 4. Разни, софтверски кварови (мислам на важниот софтвер) кои предизвикуваат гасење/рестартирање. Чисто како за споредба, мене еден период интернет пребарувачот Opera ми го рестартираше компјутерот кога ќе отворев повеќе прозорчиња во него, а ни до денес немам појма зошто.
Компјутерски проблеми ПРВ противник на компјутерот е прашината. Гледам те посоветувале да исчистиш. Не дирај ако не знаеш добро да го направиш тоа, за да не си оштетиш некој дел. Ако компјутерот ти се исклучува секогаш на една иста работа (пример кога вклучуваш некој програм или било што) тогаш е софтверски проблем и најчесто завршува со преинсталирање на компјутерот. Но доколку не е така, тогаш е апсолутно НАПОЈУВАЊЕТО !
Компјутерски проблеми Ај и јас да си се пожалам Имам некој чуден проблем со компјутеров, ако не работиш( не штракаш ништо) ми се рестартира на 5 мин. А дур си работиш се си е ОК... Што би можело да му биде?
Компјутерски проблеми Мислам дека ти е намонтиран да се гаси на 5 мин,мислам дека таква опција имаше или беше само да излегу друга сликича на мониторот,незнам :
Компјутерски проблеми Он не се гаси туку си се рестартира, и јас прво на тоа помислив ама ништо од тоа. И кога гледам филм и ако не штракам на тастатура или на маусот пак се рестартира Му најдов привремено решение една огромна пепељара на тастатура и ги притиска дугмињата и така е добар, ама некогаш ке заборавам или нема да ја наместам убаво и ете ти на сред филм рестарт. СТРАШНО МЕ НЕРВИРА
Компјутерски проблеми Да се пожалам и јас. Веќе некое време кога го уклучувам компјутерот се слуша некој чуден звук. Незнам точно како да го опишам, нешто како брмчење е и трае две до три минути и потоа ништо. Ова го приметувам последниве недела дена а пред тоа ништо немаше. Инаку добро си работи компјутерот не е бавен и слични работи. И прилично е нов. Па сега се прашувам од што може да е ова. Се надевам не е ништо сериозно.
Компјутерски проблеми вентилаторот.....или може некој кабел да ти фаќа на вентилаторот....друго незнам што би било....
Компјутерски проблеми И мене така ми правеше летоска и по 3 дена скина конци. Сериозно, до вентилаторот беше, а можно е и да има многу прашина, па да треба да се исчисти.
Компјутерски проблеми Се согласувам со советот на дружево над мене, и само би надополнал... Си го преместувала/потчукнала/чепкала куќиштето неодамна? Доколку да, горепосочениот совет е уште толку реален.
Компјутерски проблеми ^^^^Од моите бедни познавања, треба само да го издувате вентилаторот со една фина домашна правосмукалка отвараш куќиште, вртиш смучалото од страната каде што издувува воздух, насочуваш кон вентилаторче и пушташ ОН !!! Инаку јас ова самата не го правам, бидејќи сум персона од типот „едно поправи -три расипи“, па препуштам на постручни раце од моите да го завршат... цццц
Компјутерски проблеми Јас не се разбирам многу во овие работи, ама мислам дека не е до прашината, пред 2 недели е исчистен.
Компјутерски проблеми Нов, нема друго чаре се зезам....најверојатно е вентилаторот, зашто он бучи....а може како што кажав некој кабел да фаќа на вентилаторот штом е мрдан компјутерот, па сега да зафркава.....викни некој што малце се разбира од компјутери, нека го отвори куќиштето и нека го уклучи и ќе видите од каде доаѓа та бучава
Компјутерски проблеми Женски сакам да ве прашам имам проблемче, кога треба нешто да прикачам на интернет или да симнам и кога ке стиснам да се сочува или прикачи некој фајл кој се наоѓа на десктоп ми се блокира прозорецот Open with со што и цел пребарувач се смрзнува. Обично го исклучувам со Ctrl ,Alt i Delete а понекогаш му е потребни и рестартирање. Истото се случува и додека не сум на нет ,кога сакам да одберам на пример некој фајл да отворам и ако бордот на пример или екселот или било која друга програма ми е шорткат на десктоп одма се смрзнува. Значи саамо прозорчето Open with додека не сум на нет, а ако станува збор за нет е тогаш и цел броузер. Чајре?
Компјутерски проблеми 1. каков брусер користиш? - Користи или гугл хром или мозила 2. Ако користиш хром или мозила - најверојатно имаш некое вирусче.....најлесен начин да го исчистиш е со програма - "malwerbytes" - работи феноменално ..... 3. ако овие 2 не работат, тогаш имаш корумпиран оперативен систем што значи ќе треба да напраиш формат.... - иако ако ме пашуваш мене мислам дека ова не е проблемот, туку дека е до вирус !!!!
Компјутерски проблеми Имам Windows 7 и никако не можам да ја најдам камерата каде е! Не сум сигурна дали ми ја инсталираа после форматирањето, а лаптопов има вградена камера. Во Devices and printers има едно на кое пишува video webcam кликам на него и ми се појавува едно прозорче кое објаснува за фајлот, ама не можам да ја користам камерата. Не ми треба за чет, месинџер, скајп и слични програми туку за да снимам на комп. Хелп плисс!
Компјутерски проблеми Најверојатно немаш инсталирано драјвер на камерата......оди со десен клик на My COmputer, после тоа на Manage, - ќе ти се отвори прозорец.....од лева страна на прозорецот имаш листа...од листата ќе кликнеш на Device Manager...Кога ќе кликнеш на Device Manager на средина ќе ти се отвори друга листа со различни ствари и на неа обично има Display adapter, DVD/CD, Keyboards, Mouse итн итн итн.....Ќе видиш дали имаш некаде Прашалник или извичник, црвена или жолта боја.....Најверојатно тоа ти е WEB CAMERATA, а ќе е со таква боја зашто не е инсталирана.....ќе отидеш со десен клик на тоа и ќе кликнеш на Update Driver Software...Од таму од тоа што ќе ти се отвори ќе одбереш на автоматски да го најде преку интернет драјверот.... Good LUCK
Компјутерски проблеми Е многу се нервирам. Ми најде антивирусов некои инфицирани фајлови (или како и да се вика) и наметив да ги исчисти. И се тоа си течеше добро, ама кога заврши буквите на иконите на дектопот ми се заебаа Односно, се стави некако боја позади нив. И сега како цело време да се селектирани (се надевам ме сфативте ). Ако може помош...
Компјутерски проблеми И мене ми се има случено истово на компјутеров. Не се сеќавам баш како го отстранив тоа селектираното (бидејќи беше многу одамна) ...но пробај на следниов начин: Направи десен клик на десктопот, и потоа оди на Arrange Icons By, и кај што ти пишува "Lock Web Items on Desktop", кликни на тоа, за да го отстраниш селектираното... Се надевам дека ќе ти успее.