Значи стискам F5 нели за рефреш, и од еднаш сите икони што ги имам на десктоп ми се местат на едно место, како кога би избрала sort by name. Некој да знае што му стана на глупавиот вака пладнево? Инаку вчера си беше ок.
Како да зачувам меил од gmail како документ во пдф форма или како word документ? Значи не да го испечатам одма,затоа што немам печатач ,туку да можам да го префрлам како документ на усб.
~~ Дали некој може да ми каже кој е најдобриот бесплатен антивирус за windows 8.1 дали е најдобар McAfee да го инсталирам како апликација или дали е подобро да инсталирам avast fee или AVG
Моментално користам Mozila Firefox но во последно време имам мн. проблеми и на 5 мин. ми се урива. Пробав 50 пати да си симнам Google Chrome од различни линкови ама или не сака да почне да се инсталира или почне, стигне до крај и па почне од почеток и се така во круг. Да не знае некој решение за проблемот мој?
девојки јас сакам да ве прашам дали постои можност на скајп да се врати разговор што е пишуван пред година дена
Не можам да си се уклучам на форумов од мојот лаптоп. Ми дава дека сум одјавена(а не се одјавувам никогаш), и пишувам корисничко име и пасворд, ми пишува тоа Успешно се најавивте, и по 2 секунди се ресетира цела страна и пак сум одјавена.. А еве пробав од компјутерот може, значи нешто до лаптопот е. Да не знае некој како да се среди тоа?
Може да се врати ама да се уклучиш од друг комјутер и се што е избрисано од историјата на скајпот пак ек биде тука колку и да го бришеш кога ке стиснеш на контактот имаш опција да вдиш разговор пред 7дена пред 30 ден апред 6 месеци пред 1 година зависи од кога има почнато да се контактира
Од прееска пробувам да избришам една слика, од мобилен ми беше префрлена во компјутер, нормално се отвара ама кога сакам да ја избришам или копирам во друг фолдер ми се појавува ова. Знае некој зошто може да се појавува ваква грешка?
^^И мене на моменти ми се појавува,најпрвин никако не се брише (не само слика и со фолдер ми се случило). Почекај и подоцна пробај.
Кога отварам Фемина, или кој и да е друг сајт ми се појавуваат реклами од страните на текстот и на дното на екранот, и безобразни некои. Има начин да се ослободам од нив?
Ве молам за помошшш!! Ако има некој што би се разбирал во компјутери т.е за пасворди, нека ми пише лп, детално ќе објаснам. Не дознавам пасворди за фб такви ствари, се работи за пасворд на лаптопот мој што не го знам. Итно е
Вклучи го компјутерот и пред да се вклучи плавата позадина односно тоа за пасвордот, стисни повеке пати F8 и треба да ти се појави поле Safe Mode, влези таму избриши го пасвордот и ресетирај го повторно
Имам антивирусна програма во телефонот и сега ми се појави едно како Unsecure setting found. Enabling the USB Debugging setting is not recommended if you do not use the device for software deployment purposes. И кога ќе го ставам кабелчето од телефонот во компјутерот ми се појавува сино и наеднаш ми копа ком. Многу пати ми се има десено. Незнам што да правам.
Пред 5 дена функционираше се во ред со Скајпот, без проблем можев да ги слушнам и да ме слушнат. Сега пробувам не ме слушаат. Ајде реков до слушалките/микрофонот е, сменив нови, џабе. Сменив компјутерот пак не ме слушаа. Некој да знае што е проблемот?
Колку пари е нова батерија за лаптоп? Jас мојот лаптоп го имам 4 години, а пред година и нешто му умре батеријата, па си работе со полнач само, ама веќе преку глава ми е, отприлика за ХП како се движат батериите? И уште едно прашање, тачот на лаптопот ми е расипан, ми се истури вода на него, т.е на дечкото му се истури, па со маус само работи, исто некој да не знае колку пари може да ми побараат за да ми го направат тачот? И дали воопшто се праве? Веќе неколку месеци не работе. Овој викенд ќе го носам во сервис од кај што го купив, нема повеќе гаранција фала богу, ама преку глава ми е од ништо што не ми работе салам, па некој ако знае да ми ги каже цените унапред, да знам што ме очекува.