Преку блутут... потоа можеш да ја пратиш на некого на фб во инбокс и потоа да си ја симнеш во мобилен, преку вифи.
Општи прашања Имав Windows XP па ми ставија Windows 7,е сега имам проблем.Кога отворам на Мy Documets и означувам фолдер,во Organize ги немам Move to folder и Copy to folder опциите.Како да ги вратам повторно??
Вака луѓе сварив кафе и го стаив на една сталажа а над има друга сталажа на која стоеше даска врз даската лаптоп.. е сеа шољата на тазе кафето ја стаив на крај и праев нешто и коа се вратив го зедов лаптопот со даската под него и даската беше влажна на местото од каде што беше паралелно поставено кафето значи испарувало нагоре кафето е сеа даската на лаптопот е долга но тесна што значи сигурно и на лаптопот испарувало оти и он беше влажен малце мислите ли дека му е нешто? а одалеченоста од кафето и лаптопот паралелно на сталажата беше одприлика колку една дланка ... лаптопот плус и нов ми е... бидете искрени ве молам
Општи прашања Ги имаш во edit. http://www.sevenforums.com/tutorials/516-context-menu-add-copy-folder-move-folder.html Оди според чекор еден.
Здраво девојки се надевам дека не ја погрешив темата а и не најдов слична на која би можела да најдам одговор навика ми стана што и да ми треба ооопп прво на фемина си отварам и скоро па секогаш си наоѓам тоа што си барам е сега ме мрзеше да вртам низ одговориве ми требаат очила за заштита од штетното зрачење на компјутерот ако некоја од вас девојки може да ми помогне и да ми каже дали се продаваат низ оптиките или не фала ви однапред
Постојат pretty смешно звучи да бараш нешто што не постои знам само дека се продаваат кај нас ,немаат диоптер и се со најобични стакленца и рамки како и сите други очила ама ете за беља незнам каде ги има
секако во било која подобра оптика има јас носам наочари со диоптер+ заштита но прават и само за заштита, конкретно зборувам за оптика околус- штип(под едносмерната), претпоставувам и во с има
На Уторент ја симнувам серијата Pretty little liars, и од 10 епизода ни една друга не ми се симнува, Пишува Cannot load the file. Write to disk така нешто. Инаку на kickass ги симнувам, има тоа некаква врска или..? Да се продава. Јас носам две години очила, и кога ми го менуваа дипотерот ме прашаа дали сакам да ми стават плус такво стакло за заштита од зрачење на комп.
Вметнувам формули преку equation во Word, ама ме нервира тоа што фонтот на форулата се разликува од онаа на текстот. Преку обично селектирање не можам да го сменам, прочитав еден куп статии на интернет, секако пробав, ги превртев сите equation tools, ама не успеав. Упорно ми ја дава формулата во Cambria Math, а мене текстот ми е Times New Roman. Има шанси да ја сменам?
Вечниот проблем кога спремаш семинарска, дипломска или некој друг документ ми е содржината. Како можам да ја направам кога ги вметнувам страниците да ми излегуваат сите подредено. Вака една точка ми е по внатре, друга не. И ужасно ме нервира. Фала.
Таб References > Table of Contents > Manual table Остависи една копија од левелите за да можиш да ги копираш и потоа само да го внесиш текстот и страната. Level 1 кај мене ми го вади бројчето на страната малку повнатре, користи го јазичето кај линијарот и помести го подесно.
Значи неколку дена нешто чудно ми се случува со компјутерот. Особено кога ќе отворам некој форум, страница или што и да е, одоздола на екранот ми се појавува прозорче со некакви безобразни понуди. Како да ги отстранам? Можеби нема врска ова, но скенирав, пишуваше дека нема ништо, но на екранот подоцна ми се појави прозорче по кое увидов дека имам вирус, повторно скенирав, во надеж дека ќе го избришам, но изгледа не, бидејќи на секои 10 минути компјутерот ми го детектира истиот со тоа што ми се појавува на екранот. Mислам дека generic_r adware се вика. Станува збор за тројански. Е сеа едно програмче исто одинсталирав кое одеше у паќет со него нешо SaltSauce се викаше..И кога скенирав претходно кога го имав ми покажуваше дека го немам, и сега откако го избришав програмчето (програмов шо го одинсталирав го пишуваше на него името на вирусот). Е сеа пак не сум сигурна дека се избришал? ..Не ми се појави пак ново прозорче дека го има, али сепак не знам како да се осигурам дека не е malware и ком. не може да го детектира? Патем користам AVG антивирус, и еве ги избришав трите тројански од vault. Арно ли постапив? Чаре?
..Кога ќе уклучам Twitter (и уште некои стр. како Pinterest) ми пишува Cannot connect to the real twitter.com (всушност ова е invalid ssl certificate), вака ми прави веќе една седмица. Пробав се што видов на интернет (ја сменив датата, сменив пребарувач, подесив во Google Chrome, го проверив антивирусот) и пак не се пушта. Има некое решение што може да се реши без форматирање на компјутерот ?
или http://www.youtube.com/watch?v=4AV_oKlraaA или http://googlechrometutorial.com/google-chrome-advanced-settings/Google-chrome-ssl-settings.html