Девојки незнам што му е проблемот на мојот компјутер ама се растертира сам. А последен пат го вратив о мајстрот баш на мојот роденден 2 јуни се беше ок со него. Пред 2 недели читав нешто баш овде на фемина ми се расертира после тоа си отворив фб пак ми се растертира самиот. Ете сега пред 5 минути на фб бев наеднаш се исклучи се стана црн екранот мислев дека снема струја ама гледам пак се растертира. До што може да е?
Незнаев каде да го поставам прашањево,ако има посебна тема нека го преместат модераторите. На која страна можам да направам слика со ваков ефект ? (мислам на тој кругот)
Никако не можам да си отворам една страна што често ја прегледувам.. одма ова ми се појавува This webpage has a redirect loop пробав да ги избришам сите Cookies ..ама џабе.. не знам зашто.. ако некој знае нека каже..
Значи имам еден проблем со компјутерот па ако знаете помогнете... Кога ке го поврзам usb кабелот со телефонот и компјутерот за да префрлам песни од компјутер на мобилен во последно време кога ке отворам my computer и ке кликнам на Local Disk (F ми вика please insert a disk into drive F и не ми се поврзува. Па сега сакав да пробам да се поврзам со кабелчето од предниот дел на компјутерот, ама од порано кога го носев на поправка ми ја блокираа таа usb порта и ми рекоа кога сакам сум можела сама да си ја одблокирам ама јас не знам како? Помош
И кај мене е така. Антивирусната постојано ја вклучувам за да ги бриши тоа вирусите доколку ги има,но нема. И бучи постојано како трактор. Што ќе е ?
Дали некоја феминка знае дали на Google Chrome Може некоја страница да се блокира т.е. да не се отвара повеќе. Јас мислам дека има таква опција барам ама неможам да најдам. Помош
Знаете ли зошто сликите што ми се сместени во папкте не ми се отвораат?? еве какви се.. треба негде да стегнам или??? ве молам за помош
Ако компјутерот се рестартира сам тоа е најчесто до софтверот, односно нешто што го имате симнато во поскоро време и е некој вид на вирус ако можам така да го наречам. Јас вакви проблеми решавав со преинсталирање на Windows. (многу сте љубопитни женски, не мора да се кликни на секој линк) Друга причина би можело да биде нефункционалност на рамот ама ако сте го однесле на поправка и таму не го виделе тоа, тогаш не би требало да е тоа проблемот. А тоа што брчи како трактор значи дека внатре има прашина. Ако е скоро чистен, тогаш веќе стар е
omg92 или некој што се разбира да ми каже кое ЦД треба да го преинсталирам ,и дали ке ми се избрише се што сум имала зачувано до сегa ако му направам преинсталација на виндовсот зошто многу ми е бавен. До сега ова го немам правено па да не викам некој ако може некој да ми помогне што треба да направам. Имам две cd-ња на едното пишува OEM preinstallation kit (па мислам дека е ова ) а на другото само Windows 7 и е во поголемо пакување со тефтерче на него.Треба двете да се преинсталираат или само едното...ииии само треба да го ставам cd и ништо друго тоа ќе ме води или .... help someone...
За преинсталирање на Windows, нормално е тоа ЦД со Windows 7. Инаку се брише автоматски се само во кај што го инсталираш Windows-от (Default: drive C) а се што не ти е во тој драјв си стои. А за преинсталирање на Windows 7 e лесно. Има таму само се бира јазици, временски зони и слично и се друго е со Next. Ама пошто вака не се објаснува, најдобро е да изгледаш некое видео на youtube и ќе ти стане појасно. https://www.youtube.com/watch?v=pf408Rkc5IA Ете овде е објаснато што како
Здраво, моето прашање е поточно за звучници на компјутер. Значи вака од пред недела дена имам проблем со нив. Имаат копче за бас ама го попуштам до крај и тонот како да се слуша некаде во позадина Некако не се слуша дебел тон кога ќе го пуштам басот и кога нема да е пуштен некогаш и не се слуша воопшто има мек тон наместп како оние миксовите во диско што ги пуштаат се надевам некој ме свати ќе ми помогне никако неможам да ги оправам.
Чекај а тебе ти работат звучниците? Мислам дали воопшто има глас од нив. Ако има тогаш нешто имаш изместено во подесувања таму на бас и се останато.
Некогаш работат некогаш не откако се појави проблемот мислам е се така испомешано.Кога ги пуштам до крај се слуша само некој тивок тон.
Можеби малку глупо ама прво провери го тоа за попуштање на звукот од компјутер дали е 100% (тоа кај саатот долу што е икончето "speakers", пошто јас еднаш се пробав и на крај излезе дека ова ми е проблемот. После ако не можеш ти, речи му на некој нека види таму каблите да не има некој извадено. Се случува и тоа, преповрзи ги. Ако и тоа не бидува, тогаш стварно незнам што би можел да биде проблемот. Можеби и им дошол крајот и во тој случај...епа нови
Вас ве зафркава ли Јава? Никако не можам да ја инсталирам,да си изгледам филм на филмовизија а кинотека.орг не работи.Си пукнав инсталирајки ја Јава и на крај пак ништо Значи одам на јава,ја инсталирам и после коа треба да ја активирам ова ми излегува
Луѓе може ли некој антивирус да се симне од интернет но да не се плаќа? Ако е возможно тоа дајте препорачајте некој да симан
Пробај со Microsoft Security Essentials. Јас го имам и сум задоволна. Еве подолу линк од каде можеш да го симнеш, е сега не сум сигурна дали ќе ти ја даде трајал верзијата од 1 месец и ќе ти бара крак за да го активираш целосно... Мислам дека нема да има потреба од такво нешто. http://windows.microsoft.com/en-us/wind ... s-download
Како да го подесам Интернет Ехплорер 8 да ги отвара новите картици една до друга а не да излагаат како скокачки прозорци?
Дали е можно при префрлање на слики од апарат во компјутер некои од нив да исчезнат? Значи го поврзав апаратот за компјутер, им стиснав cut на сликите, па paste во фолдерот, ама само дел од нив ги има, а другите не. Ги нема на компјутер, ги нема ни во апарат