Знам да простувам.Доколку гледам дека личноста заслужува, и зависи толку е голема грешката.Тоа нема врска како сум поврзана со личноста, дали крвно или не..
Во принцип сум многу глупа и наивна личност,па поради тоа многу пату сум била повредена,понижена,навредеан,искористена. Сум простувала илјада и илјада пати.. Но веќе не. Моментално нема да им простам на околу 10 личности,не ги мразам,само не сакам да ги видам. И да најмногу од се е шо нема да си простам самата себеси,поради две причини: 1.шо сум ногу глупа и шо сум лековерна,т.е.многу им верувам на сите луѓе 2.за една огромна грешка,која нема да си простам,што бев неправедна кон една моја многу драга личност.
Мислам дека се‘ уште не сум подготвена да речам дека на никого не би простила. Има неколку личности на кои им сум лута, но не доволно да не им простам никогаш повеќе во животот.
Никогаш не би му простила на татко ми, пијаница никаков.Не заслужил ама баш ништо добро од моја страна иако постојано го правам тоа за жал. Ми се од него. Не ми е срам да кажам дека сум посакала да умре.... Никогаш не би добил моја прошка,ама баш никогаш
на еден човек ( ако може да се нарече ) од блиската ми фамилија кој го направи таткоми да пушти солзи заради тие муабети кои ги зборуваше по луѓето, го извалка името на починатиот ми дедо кој му помогна кога пропаѓаше.. го направи татко ми борџлија пред другите а тој човек ни е должник на огромна сума пари.. можам да го купам него и сите негови со тие пари... илјадници евра ... ќе му се врати некој ден .. ако не од мене ... од господ !
На братучет ми.. никогаш ама баш никогаш не би му простила, му верував и знаеше се за мене, никогаш нема да му простам што сето тоа што јас му го кажував го пренесуваше на други.. Толку многу го сакав како брат
На повеќе личности. Нема никогаш да им простам за некои работи.Злопамтило сум,можеби звучи лошо но не можам со исти очи да гледам некои кои ме повредил.Дури и да кажам дека сум простила,ќе излажам.
Не сум злопамтило, би рекла можам да простам, но неможам да заборавам , и јас бев доведена во таква ситуација и тоа од најдобрата другарка. Направи нешто што никогаш не очекував дека ке се случи, но ете се случи, цела доверба за момент се сруши и повеќе ја нема. Не ми е жал, така требало да биде...
На бивши дечко со кој одев 3 месеци ме изневери , а велеше дека многу ме сака дрн днр.... не бевме кој знае колку време но ме повреди многу, сега ама баш ништо не ми значи но не би му простила.
На секој кој ми згрешил, ме повредил, би му простила. Но тоа не значи дека пак се ке биде ко порано. Овој пат ке ја има научено лекцијата!