Oдмаздољубиво злопамтило сум,признавам. Ќе ти простам,но НИКОГАШ нема да заборавам. На крајот ќе ти вратам двојно полошо за тоа што си ми го сторил. Така да,не би и простил на баба ми. Ме мрази од дното на душата. Сув мрсул не би дала за мене,зошто па јас да ја сакам и почитувам неа?
Никогаш не би и простила на мајка ми, бидејки многу често зане да ме постарми пред другите давајки комплименти за тоа како сум облечена, како сум застаната на некои фотографии (не и чини тоа што не сум како сестра ми дигната, нашминкана и секогаш со нај нај се), а и тоа што ме направи писихички поболена пред неколку години (крива сум направив грешка, но бев предизвикана, но не и луда), но сепак ја сакам мајка ми е. Никогаш нема да и простам анс естар ми која секогаш ме предава и секогаш се и зборува на мама, никако да ја разберам... Но, затоа пак ТАТО е мојот ХЕРОЈ!
На таа што ме родила... не дека се расправаме секој ден или нешто... никогаш нема да и простам една нејзина грешка, која многу скапо ќе ја чини
До сега во животот многу луѓе ми згрешиле ама немам таква душа а да не им простам, а за понатака ке видиме
На девојката која ми беше како сестра, ја викав најдобра другарка, и се доверував и живеевме прекрасно. Проживеавме незаборавно детство и убави тинејџерски години. Зошто? -Поради тоа што е девојката која што ме изневери најмногу на цел свет и ми заби нож во грб кога не очекував и не можев да претпоставам ни на крај памет дека тоа ќе го дочекам. Не од неа! Никогаш нема да и простам, н-и-к-о-г-а-ш!
на брат ми,многу пати ме има навредувано и ми набиваше разни комплекси,заради него изгубив многу нешта
до сега немам некој на кој што сум сигурна дека до крајот на животот нема да му простам. во последно време ги подобрив односите со неколку личности и им простив, иако едната ме натера на нешто многу несвојствено за мене, и ме повреди многу. спремна сум и поминав преку тоа, зема време, ама поминав.
На моите баба и дедо.Можеа и сеуште можат да направат многу работи за да ми биде поубав животот.Ама не се надевам на ништо,знаејќи за какви луѓе станува збор.
Не постои таква личност. По природа сум таква и иако некои луѓе ме повредиле не можам а да не простам. Татко ми толку многу ме повредил, ако некој ме читал во некоја друга тема - знае, поголемиот дел од времето ние не ни зборуваме, одамна го имаме изгубено односот татко - ќерка, ама сепак длабоко во мене му имам простено за се.
. ...По природа не сум злопамтило и ако некогаш некој ме увреди многу едноставно го бришам од животот и не се замарам со таа личност.....сепак тоа не значи дека сум простила или заборавила,едноставно, ги отпишувам,не постојат за мене ни под разно.... . .. ..ама човекот што го сакав 2 год.. ми зададе премногу болка и солзи,лаги и невера,што колку и да сум грешна пред господ не му простувам никогаш....... . ..сакав да кажам дека колку и да сме толерантни и простуваме секогаш ќе се најде некој што ќе не присили со своите постапки да се промениме....
Ми грешеле, сум грешела .. најтешко е кога некој близок ќе те повреди на било каков начин, ама ако некој искрено се покае за направеното неможам а да не простам. Едноставно таква личност сум, не сакам никого да ''судам'', како јас па да сум безгрешна.. И јас постојано (не)намерно повредувам и грешам, и дури и на тие луѓе што ми згрешиле и ме повредиле сум им простила, најмногу ради себе, затоа што кога не простуваш и чуваш гнев си штетиш сам на себе со тоа а не на нив. Им простувам на сите такви, како што сакам да ми е простено мене.