Вербално би му простила само на некој мој битен, близок човек. Не би му простила на никој друг кој се обидел да ме уништи, повреди и да ми ја земе среќата. Доколку некој си игра брутално со мене јас го шкртам од листата на луѓето кои ги познавам и со кои можам да направам солиден муабет. И од мене може да очекува само три четри реда муабет како - здраво, добра си, дома како, ај чао. Индиферентна сум кон таквите особи. Не ни ме интересира ништо за нив. И кога неможам да ги избегнам ги оставам да си прават монолог. Не си трошам зборови за нив и нивната не дораснатост и плиткост.
Јас би простила секому..што знам таква сум...простувам ама и заборавам,несакам ниту да им врќам за нешто што ми направиле....
Искрено, со никој не се замарам. Мрзи ме да мразам, а едноставно во одреден период од животот, одредени луѓе престануваат да постојат..ич како никогаш ништо да не е било Среќата и насмевката ми се побитни
Никогаш ! Јас сум предобра личност,знам да простам,знам да заборавам.Се зависи од тежината на грешката.Мразам дволичност и не сум дволична ! Можеби и најголемата маана ми е тоа што секогаш све што имам кажувам у фаца без разлика колку и да е навредливо.И мислам дека правилно постапувам.Знам да се смирам во одредени ситуации и да премолчам и кога не треба.Ама кога некој претерува е тогаш ми иде да го ставам три метра по земја.Значи постојат толку злобни и гадни луѓе што веќе не ми се живее.Злоба,лажење,дволичност се на куп.Преку глава ми од тоа што ќе проба да те прегази а потоа ќе ти се прави повторно добар.Е извини,ама кај мене тоа веќе не поминува,иако некогаш поминуваше.Сега,малку да видам некој да ми се прави паметен,го исфрлам од мојот живот.И така еден по еден,ги намалувам.Имам многу добри пријатели ама постојат и луѓе кои што ме повредија и на кои веќе никогаш у живот не би им простила.Едноставно не ми се потребни.Животот е поубав без нив !
Ако е мала несвесна грешка,нормално дека ќе простам,но ако некој намерно ме повреди,нарочито ако ми е близок,е тогаш,ќе размислам убаво дали ќе простам или не.
на брат ми (ако може да се нарече така),наместо како сите нормални браќа да сака да бидам среќна овој ми ја сруши среќата врз глава НИКОГАШ нема да му простам
Не можам да се оптеретувам со мразење, голем е Бог тој нека гледа и нека суди и нека ни простува на сите А што се однесува до мене јас само сакам да сакам и несакам да се навратам на луге кои ми згрешиле
Нема човек на кој не сум му простила. Не ми дозволува душата... да не простам некому, за мене е невозможно!
Можеби чувствувам гнев кон одредени личности и нивните навики и лоши мисли што ги имале .Во суштина од таквите гледам само да се одалечам а не и да им простувам ...Кога некој безмилосно те повредувал (намерно или не повеќепати, нема место за простување ).Најважното е што не се трудам да им вратам некако за тоа, сум верик и секогаш велам Господ гледа !.
На една ''другарка''. Колку само ме повреди нема појма. Колку тајни и е кажала на една што не смееше да знае за нив. Колку само тие двете се оговараат зад грб а се прават најдобри другарки кога се заедно. Ја натерувала на таа да ми збори работи што ќе ме повредат еј, во исто друштво сме и со двете. Не дволочни, тролични се и двете. Ама сепак нема никогаш да и простам на таа глупердата, не заслужува да ја погледнам, после 100 пати што ме повредила, навредила, извисила и не и е било гајле. Од друштво со 9 девојки, само една ми ги знае тајните, како и јас нејзините. Се научив на таа веќе ништо да не и кажувам па колку и да е банално,си правам муабет со неа и со онаа другата само зашто сме во исто друштво, и искрено едвај чекам да се разделиме и да им изнакажам се што ми лежи на душа.. Не сум мразела никој досега, но има прв пат за се нели ?
На еден мој поранешен пријател и на себеси. Никој не мора да ме сака,никој не терам да ме сака.Ако не ме сака нека ми каже и крај.Многу лошо е да не те сака,а да те лаже дека те сека.Полошо од тоа нема.Цела година ме лажеше.А јас бев наивна па му верував.Нема да му простам ни него ни себеси.Себеси не си простувам затоа што дозволив тоа да ми го направи,а на него затоа што цела година ме лажеше и си играше со мене...
Што знам, на еден или друг начин, самите ние сме си криви за ситуациите во кои сме се нашле и раните кои ни биле нанесени, со тоа што сме дозволиле некој да ја има таа привилегија, слепо верувајќи на нечии слатки зборови и слично. Ми имаат многу грешено, ме повредувале, ме убивале, ама еве сум, жива и здрава, по малку и права . И на сите до сега сум им простила, не заради тоа што заслужиле, туку заради тоа што јас си заслужувам. Сакам да имам мир, сакам да има крај тоа, и затоа простувам и заборавам, и продолжувам понатаму, со или без нив, во зависност од тоа колку ми згрешиле. Единствено нешто е што не си простувам на себе си за грешките кои ги правам, кои ме доведуваат до такви ситуации. Тоа е тоа што пецка таму некаде, ама среќа постојат алкохоли и дроги за да ме оттргнат од таквите мисли (не бе шала е, не сум таква јас, само дрогите ги користам ).
Има луѓе кои ме повредиле, но би им простила на сите што се однесува до мене, совеста ми е чиста, никому неможам да мислам лошо и да правам намерно лошо. Така да Бог е голем, кој згрешил ќе одговара пред него, од мене е простено.