Простуваам но не заборавам...е тоа стварно неможам да го разберам...Значи пак не е исто како што било порано, чекаш да му ја "лупниш" грешката влице..Да простиш јас мислам е сосема да заборавиш тоа што ти направиле и да не ја користиш грешката како оружје на секоја следна грешка. Или прости целосно, или воопшто не се наврајќај. Со ова јас моето мислење си го кажав во врска за простувањето...не цитирам никој
Никогаш нема да им простам на луѓето што им наштетиа на мајка ми и на крај ја умреа и нема да и простам на една од 7мо одделение уште памтам што ми напраи пред сите
Неможам да и простам на таа од основно што ми ги украде сништата,ми беше најдругарка и ме предаде и на моите родители за некои работи.А исто така на оние што и наштетиа на баба ми.
Не постои човек на кој никогаш не би му простила. Всушност, никого не мразам доволно за да не можам никогаш во животот да му простам. Секогаш кога сум нервозна велам „тебе те бркам по ѓаволите“, но следниот ден не можам да продолжам да се лутам. Не ме бива за такви работи.
Баш напротив. На сите би им простила. Секако нема да си дозволам да ја направам повторно истата грешка со луѓе што ме повредиле, но која сум јас за да не им простам. Мојата совест е чиста, срцето ми е меко па колку и да ме повреди некој од срце би простила оти верувам во божја правда. И да, од оние ретките сум кои веруваат дека доброто со добро се враќа а лошото со лошо.
На татко ми.. дури и ако можам така да го наречам.. после тоа на бившиот, а и на уште некои гниди коишто пробаа да ми наштетат !
Многу сум наивна и им простувам на сите ама големо ,,злопамтило'' сум(никогаш не заборавам кој и што ми има направено). Секој што ќе ме повреди веќе не е истата личност која што ја познавав претходно, иако несакам никого да повредам но тие што заслужиле...Во моте очи тие не се истите ,,тие'' за кои претходно можев се да сторам! Сега нека се плашат од мене.
На бившата моја "најдобра" другарка. НИКОГАШ нема да и простам! НИКОГАШ! Како е можно со некој човек да си 10 години заедно и сите тие 10 години да те искористувал, лажел и всушност бил твојот НАЈГОЛЕМ непријател?! Неможам да сватам, колку само ја сакав, а што добив за возврат? ПЕКОЛ ! Тоа што ми го направи никогаш нема да и го простам.. Само јас и моите знаеме низ каков пекол поминав, колку солзи пролеав.. Цела една година ми требаше да се опоравам...
На бившиот дечко. Толку големо копиле во животов немам сретнато идиот и пол.Што да ви кажувам ми се гади од самата помисла на него. Глупак,сељак.Треба да му се додели златен опинок на годината.
На бившиот сопруг, што ми го уништи животот и најубавите години и на мене и на нашето дете. Јас пак после се ке станам на нозе, но тој цел живот ке пати што не изгубил.