Мислам дека во сево ова нетреба да го мешаш детето, колку и да се понел лошо кон тебе тој на детето ќе му биде татко и нетреба кај детето да ствараш таква слика на омраза кон таткото. Никој не е совршен и секој во животот знае да греши, но колку и да се лоши нашите родители тие ни се родители и, да сакаме неможеме да имаме други. Се извинувам за малата дигресија но многу мразам кога некој ќе зборува од име на дететто напагајки го едниот родител. Пред детето треба да се воздржите од таките изливи на гнев. Инаку јас на кого никогаш не би му простил? Јас не мислам дека само другите се виновни и дека јас треба некому да простам. Ако за нешто се лутам тогаш треба себеси да се лутам, затоа што сум дозволил некој толку многу да ме повреди. А, претежок е товарот да живееш цел живот обвинувајки се себеси, без да можеш да си простиш. Затоа, јас си простувам себеси и сето она што лошо ми се случило во животот го сваќам само како едно искуство плус. Велат, она што нема да те убие ќе те направи по јак.
А јас мислам дека вооопшто некој не треба да коментира ако не ја знае ситуацијата на другиот. Во никој случај јас кај моето дете не стварам омраза кон нејзиниот татко. Но татко не е оној кој ке те направи и остави на улица, татко е човек што ке ти пружи подршка во секој дел од животот и ако не е заедно со мајката. Децата се доволно паметни сега и знаат кој ги сака и кој им ја дава сета љубов а кој не.
На другарка која многу ме повреди веќе една година не зборуваме иако ми фали .. и имам простено но да и прозборам неможам едноставно ми заеба (извинете на израз) добар дел од животот. Простувам но не заборавам НИКОГАШ
Од мене на сите им е простено иако никогаш нема да имам повторна комуникација со некои луѓе. Животот им врати убаво...
На бившиот и на еден "другар". Секогаш кога им простувате на луѓето, им давате втора шанса да ве повредат.
На сите им простив. Колку и да велев дека не можам да простувам повеќе, сите тие зборови се минато. Им простив за сите денови кога ме повредиле, кога ме исмеале, кога ме навредиле. Се` е простено. Но, никогаш нема да заборавам кој што ми сторил. Се обидувам колку можам да се оттргнам од сите кои ми го скршиле срцето барем еднаш, но не успева баш...
На братучедми жена му! Да не беше ваква ситуацијат,немаше да ми биде гајле....но,во иста куќа живееме!
На девојчето што ми вршеше тортура во градинка. На сите, на сите до еден им простив. На оваа не можам. Поминаа години и години од тогаш и јас не можам да го заборавам нејзиното исмевање со мене.
до сега на сите сум простила,се надевам дека и оние кои премногу грешеле ќе се покајат за тоа што го напраиле и господ ќе им прости...
Јас не простувам, ама и не мислам на нив и нивниот грев према мене Еден суди и казнува Јас само сеир фаќам тогаш