доколку ја имаш прочитано библија или нмв било која религија и да си ќе мислиш поинаку Колку пати и да ти згрешат толку пати ќе простиш чим господ простува нешто полошо во споредба она што го прават луѓето е ништо.. Може имаш прочитано,но ете имаш друго мислење за тоа,секако сите сме различни...
Не сум ја читала Библијата. Си ја сакам верата, но не сум некој голем верник па да се придржувам кон Божји заповеди. Се владеам само према искуства и она на што животот ме научил. Не се сметам себе си за лош човек, напротив од што сум предобра сум искористувана и злоуупотребена
Но колку и да те искористиле или злоупотребиле,немој да се менуваш ради тоа,остани си на тој пат,бидејки тоа ти е правиот пат.
Би простила на секој што ја сфати грешката и искрено се покае. Не мора да ми се извини, само да се покае. Инаку и мојот висок праг на толеранција сметам дека е еден вид на простување ситни грешки, се додека не се претера. Кога некој ја помине таа моја граница на толеранција и не се покае, може да бара прошка само од бога, од мене не.
Да си ја отворам душичката. На баба ми и на дедо ми. Знам дека иста крв ни тече низ вени, но премногу е премногу. Сеуште не сум способна да сфатам како можат со толку омраза да живеат. Неизмерна омраза кон своите потомци, која би требало да биде неизмерна љубов. И никогаш не би била способна да сфатам што сакале да постигнат и што уште сакаат. Мајка ми си замина. Разводот би. Караници... колку ти душа сака. За што би им користело тоа? Како можат да живеат со толку горки зборови на својата совест? Е никогаш не би ми било јасно.
На ЕКС-дечкото(пред 3-4 години) ....Кој ме лажеше цело време,демек спие а тој по кафиња таму ваму и каде уште не,демек ме сакал,немаше мнг време за мене(отпосле сватив)тоа ќе направел за мене ова ке направел,ме изневерувал со друга,постојано пишувал со бившата на фб,бевме од различни градови и така не бевме мнг заедно скоро 3 месеци и цело време ме лажел јас отпосле сватив со какоф кретен сум била после кога сватив некои работи ми идеше да си ја треснам главата што појако од ѕид....Го мразам од дното на душата и му посакувам се најлошо во животот....А оној одозгора гле све тој ќе врати неморам јас....така да мирна сум си јас....
На самата себе, најмногу затоа што не верувам доволно во себе и не давам се што можам. Но и на некои навистина лоши личности кои не сакам ни да ги спомнувам ни да мислам на нив.
На мојот татко што ме остави на 6 години. Исто така и на себеси што долго време го барав татко ми, а подоцна сфатив дека не вредело.
Isto i jas se trudev ko budala da gi sredam rabotite i da im prostam na onie koi ne go zasluzuvaat ni moeto zdravo,a na kraj budala ispadnav
Нс симпатијата! Мала сум за дечко, знам, а и онака не сакам да имам сега, а исто така знам дека е нормално некому да не му се допаѓаш, но тој зборува лоши работи за мене и за моите родители, а за тоа што видов за него што има на екстерното и му кажав што има ни едно ФАЛА не ми рече. А на себеси сум уште повеќе лута, што со секого сум премногу добра.
На многу личности, стварно се многу. Некои створиле таков гнев во мене, што само да ги видам ми ствараат немир. Порано сум била потолерантна, сега имам низок праг на толеранција и не дозволувам никој да ги повреди ниту моите најблиски, ниту мене. Негативни, злобни ликови - АУТ. Ни здраво, ни бутур.
Sekako imalo osobi koi me izneverile i povredile vo zivotot,ne zasluzuvaat ni da gi poglednam a ne da im prostam no ete,takva osoba sum na sekoj moze da mu prostam posle nekoe vreme koga ke mi pomine gnevot..ne znaci deka im zaboravam za napravenoto.
Секако на оние ,многуте што ги имам во животот со дигнат нос,што ќе им дадеш прст и повише од тоа а оние ќе ти земат бетер од тоа искористат и баталат ко дворски шут..заборават не им текнува на тебе,ни едно како си им е тешко после тоа да пишат ил да се јават на 10 секунди,во животот за да напраиш среќен некого и исполнет се потребни мн малку секунди а задоволството може да трае и цел ден...НАЖАЛОСТ СИТЕ КОРИСТАТ СИТЕ САКААТ НА ГЗОТ ДА ИМ БИДЕ ПО КЕЈФ А КОГА ТИ ТРЕБААТ НЕМААТ ВРЕМЕ..Луѓе бреее ценете се сакајте се и возраќајте не бидете себични кучки ,колку и да добивате еден ден пак ке се најдете на дното и ке ве видат САМО ОНИЕ КОИ ВИ БИЛЕ ПРАВИ ПРИЈАТЕЛИ/КИ,ОНИЕ КОИ СТЕ ГИ ИСКОРИСТИЛЕ И ФРЛИЛЕ....ЖАЛНО Е СЕ У НАЦИЈАВА ПРОПАЃА СЕ А НАЈВИШЕ НАРОДОТ СО МАЛКУ ВО ЏЕБ А МНОГУ ВО СРЦЕТО..
Дефинитивно на самата себе,зошто си дозволувам такви луѓе како нив да влезат во мојот живот, за се сум простувала и ќе простувам но поради тоа јас на крај пак ќе страдам, иста сум како татко ми тој беше таков многу добар за се на секого простуваше и на крај Господ пак прерано ми го зеде и да ви кажам не е убаво да бидите многу добри и за се да простувате на сите!