Јас ... па ај да си бидам искрена ... На секој би му простила па тој нека си носи што си има на душата негова. Можам да бидам многу повредена но се поминува и кога ќе простам веќе преферирам тоа да не го спомнувам ... иако признавам неколку пати не сум се додржала и од устава излетало нешто во нервоза Па некогаш и јас грешам и сакам да ми простат ако искрено се извинам. Неќам да одам низ животот како фрустрирана девојка која не простува ништо на никој и да изведувам дека сум Бог. Секој е човек. Во зависност од тоа кој што ми сторил можно е да променам однесување кон него или да сменам мислење или пак во моите очи скроз да падне но не е мое да судам и да се одмаздувам. Сакам да верувам во судбина и во карма па верувам дека се се врти се се враќа. И така ми е полесно
на прв бартучед ако може овој да се смета за барчет абе нека е најсрекен на свет ама секогаш ке го мразам поради нешто што направи а воедно и на цела туто комплето негова проклета злобна фамилија
На бифшата другарка, која тек сега сфаќам дека дека воопшто и не ми била другарка. Рани куче да те лае.... Ќе ја сакаш, ќе попушташ, и помагаш до бескрај за на крај да те направи глупа и да слушнеш сешто да од таа истата што треба да ти биде благодарна за се... И уште на една особа, која за малце ќе ми ја уништеше врската и поради неа бев во депресии и сфатив што значи поговорката ,,само на Господ верувај, а се друго проверувај,, Не им посакувам се најлошо, ама сигурна сум дека ќе им се врати се со иста мера.
Простувам на секого од срце. Не сакам еден ден да се каам за тоа што не сум била тука за прошка кога личноста што ми згрешила искрено се покајала. Секогаш и се извинувам од се` срце. Можеби и затоа знам како е кога некој поради своето его не сака да ми прости. Што не сакаш да ти прават на тебе, не им прави и на другите, така оди.
На "другарка ми". Ја сакав како сестра, за на крај да ми забоде нож во грб, и да си отиде коа највеќе ми беше потребна. Штета што сме на ист факс па ја гледам чат пат, ако јас се прашувам не би сакала никогаш повеќе во животов да ја сретнам!! одвратно злобно суштество
Потполно исто како првата реченица на пеперутка ^ Ја сакав како сестра, како дел од мене беше, бев спремна да и помогнам во секаква ситуација, а таа ми врати со нож во грб, мислам дека полошо и не можеше да ми врати... Никогаш не би е простила, одвратно и злобно суштество...неможам да опишам колку злобна особа е,мислам дека позлобна нема на овој свет.. но памет за друг пат...можеби и подобро што ми се деси тоа пред 3 години..бидејки истата грешка не ја правам во иднина!
Простувањето е најдобра човечка особина. Ако некој ми има згрешено нека си прости самиот и Бог нека му прости а од мене е простено.
Би им простила на сите.... Сепак велам дека Бог е голем и ги казнува лошите луѓе за нивните злодела...
За жал и кога не треба простувам... не можам долго да чувам лутина и омраза во себе. Само себе си не можам да си простам за едно нешто...
Одам со имиња: Лорел, Миа, Љуц, Мики и последната личност нема да ја именувам. Добар беше ножот во грб, ќе ви го вратам на сите.
Бивша другарка, кучката што ми ја заеба врската и идиотот кој тоа и го дозволи. Нив 3ца НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ не би им простила!!!!!! Верувам во 2ри шанси за луѓе што ми значат и се потрудиле да си ги заслужат. На другите им следи payback, ако не од мене од кармата им е загарантирано .
На една особа која "здраво машки ми го напика" ама ми даде памет за друг пат.Само незнам колку ќе го има тој друг пат , не верувам дека уште еднаш ќе имам прилика да наседнам на така лицемерна замка.Безобразна не се игра туку така со туѓи чувства , со туѓ живот.Нема да и простам , нема неа и на уште една друга.Иако вината во поголемиот дел ја наоѓам во себеси што сум наивна, нема да и простам!
Другар, кој го сакав како брат. Али реши после 2/3 години дружење, да појави чувства кон мене, и кога му реков не, дека не сакам да си расипам другарство..ме откачи како да сум била било која со кој сакал да има нешто па рекла не, онака нели не се битни годините претходно поминати заедно помагајки си.
На бившиот и на мене самата што бев мека и дозволив да си игра со мене ... А на другите простено им е од мене а и од Господ