Јас им простив на сите а доволна казна им е тоа што ги избришав засекогаш од мојот живот. Сега нека си простат тие самите што ме загубија...
Ме повредиле многупати но јас на сите им простувам,не си ја трујам душата со гнев и омраза,додека на самата себе чинам никогаш нема да можам да си простам за многу работи и нема да можам никако да преминам преку нив. Тешко е...
На сите им имам простено и се трудам да го заборавам она што го направиле да го оддалечам од мене како што исток е далеку од запад бидејќи тоа е вистинското простување.
Ниту им простувам ниту им посакувам нешто, едноставно тие личности кои не вредат ги бришам од својот живот. Од мене повеќе не видуваат ни добро ни лошо, едноставно како да исчезнале, како веќе да ги нема. Така ми е мене мирно на душата а кога-тогаш секому ќе му се врати неправдата која ја направил.
Не простувам, не заборавам. Секогаш им кажувам се што имам да им кажам у фаца пред да се разделиме, оти ми ја јаде душата. И никогаш не останувам должна, нит оставам да ми должат. Само вака увидов дека сум си раат.
Обично никогаш ниту простувам ниту заборавам . Нешто што највеќе ме повреди е тоа што мојата сестра која премногу ја сакав ме лажеше во очи и ми плачеше ми викаше дека веќе нема да ме лаже дека сум и најважната личност во животот но откако си ги отворив поубаво очите ја сфатив болната вистина и неможам да се помирам со тоа како сум дозволила да сум толку глупава и навина ,со што го заслужив ова да ме изманипулира и да испадне најголем лицемер мојата сестра за која воопшто не мислев дека е таква.
На бифша најдобра другарка никогаш нема да и простам.До гроб мислам дека ќе ја мрзам.Ја сум личност што молчи и трпи до одредена граница,ама ако повлечам линија е крај.
Простувам. Единствено на неверство не премижувам. Значи на тие што ме изневериле. Го простувам и тоа (не чувствувам гнев, омраза и сл.) , но се оддалечувам да се заштитам. Кој еднаш изневерил, зошто да не и втор пат. Тука спаѓа една моја блиска роднина.
Два три пати ќе им простувам ама ниту им посакувам нешто лошо во животот , едноставно тие кои што ме повредиле неколку пати искрено ме направија како друга личноста, јас се сменав многу кон нив однесување и на крај која ми е роднина и други кои не вредат ги бришам од својот живот. Бај
На самиот себе нема никогаш да си простам некои работи, а исто така постои и личност која знам дека никогаш нема да ми прости.