На тема простување, пресудна е причината за да простам некому. Не знам дали простувам, ама сигурна сум дека не го заборавам делото на "сторителот", па колку и да ми е близок и драг.
Оние кои ме повредиле и ми згрешиле едноставно повеќе не постојат за мене. Можеби сум им простила но, не е битно тоа за мене, секогаш ќе го памтам делото. Не правам никогаш лице кон некој , а и не сакам никој да прави кон мене.
Во истиот момент кога му простив на бившиот, сфатив дека уствари сум си простила сама на себе. Нема нешто поубаво од тоа да си на чисто. Со немир не се живее.
Не би си простила самата на себе, што во секој го барам она доброто а лошото што го сторил го тргам на страна, и пак се надевам на добро и простувам за се, ама внатрешно знам дека пак ќе бидам повредувана.