На сите им е простено од мене колку и да ми згрешиле јас им простувам а горе има кој да гледа и да одлучува дали Тој ке им прости за се. Многумина ми згрешиле но простувам али не заборавам. Грешам и јас но се извинувам а тие ни не знаат шо значи тоа.
Простено,ама не и заборавено.На многу луѓе,поготово у последно време како си ги отворив очите..Почнувам да гледам дека тие што ги сметав за најблиски најлоши работи ми прават позади грб.
Брзу простувам и заборавам но на едно девојче наводно пријателче ми направи такви работи а јас и помагав, нема да и простам никогаш во животот
Има четири личности(Сања, Драгана, Кристина, Милена) на кој никогаш нема да им простам што заборавија каква другарка им бев, поради злобно преувеличена ситуација од трета личност...
на Ивона.... Дури и на смртна постела да ме моли да и простам нема да го направам тоа, бидејќи тоа што го правев за неа никој не го има направено нити ќе го направи а типката јадеше г*мна за мене и се обиде да ме скара со сите........Ама животов е круг постојано се врти
На една професорка од средо, премногу ми има наштетено незнам ни јас зошто сегла ми изгледа ко глупост ама сепак аууу кога ќе ја видам и не би му простила на поранешниот скоро најдобар другар што после 4 години дружење сфатив дека не е воопшто тоа што го мислев
Само на себе неможам да си простам за едно нешто... И мислам дека никогаш, ама буквално никогаш нема да си простам. На другите им е простено.
На Игнасио што така подло и ниско ја излажа Касандра, а таа слепо му веруваше. Срам да му е. (ова демек, пу, јаз’к)
Им простувам на сите (не)луѓе кои поминаа низ мојот живот, на сите лицемери и лажни створења, на сите искористувачи, им простувам затоа што знам дека и неможат да бидат поразлични од тоа што се, едноставно не ја имаат сите човечноста во себе, јас им простувам, но некој друг од горе треба да им прости
Им простувам на тој начин што престанувам да им зборувам и ги игнорирам. Ако продолжиме со дружба и понатаму, тоа ќе претставува измачување за обете страни, а моите саркастични, злобни и зајадливи коментари нема да пресушат никогаш кон нив. И ете така, за мене тоа е простување. За таквите. Збогум, живеј си го животот раат. И јас мојот.
Досега фала богу никој не ми згрешил толку па никогаш да не му простам. Најверојатно на тие што најмногу ми значат и тие од кои не би очекувала такво нешто не би им простила. Тоа би биле најблиските роднини и пријатели, односно оние чија остапка најмногу би ме повредила. Луѓето кои не ми значат што и да ми згрешат нема да ме боли како тоа на најблиските
На моите родители, посебно на татко ми. Мајка ми никогаш не ни створи атмосфера да ми значи нешто па да и се лутам.
Секој прави грешки, сакајки или несакајки... Секој има право на втора шанса да се поправи... Ако се разкајва и ја сака таја втора шанса, ќе му простам и ќе му ја дадам шансата...Ако не се разкајва...нека брка работа...
На сите се им простувам.Поминаа луѓе и луѓе низ мојот живот кој ме навредиле,повредиле,искористиле,ми наштетиле ама не им се лутам им простувам. Имав 2002год едно големо разочарување од човек,доктор,директор,роднина мој КУМ кога во моментите на бес,тага,очај се колнев дека никогаш нема да му простам што не ме запосли што не добив решение за работа,а во неговиот мандат сите добија на тој одел бевме пет души и најжалното што четворицата добија а јас си заминав дома.Старото кумство,нивната фамилија од тогаш престанав да ја сакам не ја ни мразам едноставно престанав да комуницирам. После толку години поминаа не прозборевме си најдов поубава работа но во мојата душа остана јадот и маката ме боли душата. Кумството е света работа и на денот на смрта на мојот татко кумот мој се колнеше дека со се што можат ке ми помогнат.Ветувањето не го исполниа.
На мојата прва братучетка...никогаш...ја избришав од мојот живот засекогаш.... После тоа...на себе...никогаш нема да си простам, ама никогаш....
на една "другарка" бившите еден колега ...всушност кога ке размислам подобро, простено им е, ако не беа тие 3-4 личности немаше да бидам она што сум, и немаше никогаш да дознаам колку покварени лугето можат да бидат. едно големо ФАЛА
Никогаш нема да им простам на две личности поради кои јас сега веќе не работам. Значи да нема соработување, еден со друг да не се разберат, да немам ни точен број, ни ништо... ццц