Кога со некој водам жесток однос подолго време,и кога гледам дека ми наштетува се оддалечувам од него и воопшто не зборам.А,да простувам не простувам на никој што ми згрешил и баш никогаш,треба многу да сторат за да им простам.
На човекот кој поради тоа што потрошил еден е*ан сперматозоид на мене, треба да го викам тато. Епа не. Не си ми тато. Зборот татко значи повеќе. Значи грижа, љубов, поддршка од секаков вид, изведување на својот потомок на прав пат, утеха, топлина, учител, некој кој ќе се радува и ќе биде горд на сите твои успеси, ќе биде со тебе кога си најсама, ќе биде другар и психолог, идеал. Тој нема ништо од наведеното.
Немам срце на некој да не му простам никогаш,па луѓе сме,сите грешиме. Може во лутината и гневот што ќе ми траат и подолг период да мислам дека нема да простам никогаш,ама после некое време омекнувам
На никого. Ништо не е толку down за да не простам. Можеби сега во моментов не би им простила на многу личности,ама којзнае каде ќе не однесе животот. *Освен некое навистина лошо нешто, што не само што би ме натерало никогаш да не простам, туку и да се одмаздам.
Човечки е да се прости,секој заслужува втора шанса..тогаш зошто не би простила?! Можеби не би си простила на себе си за некои работи што сум ги направила како и за некои работи кои не сум ги направила.
Многупати сум рекла за некого или нешто дека никогаш нема да простам во животот, но мислам дека во „пракса“ сум многу поинаква. Сите сме луѓе, сите грешиме. Секој заслужува втора шанса, доколку искрено се покае за тоа што го направил, се разбира.
На едно девојче кое порано ми беше најдобра другарка која ме повреди толку ногоу што денес кога и да ја видам имам чуство на огорченост
Можам само да кажам дека времето ја бледи секоја рана. Барем кај мене е така. Да пишував овде пред некоја година ќе ви наброив најмалку тројца луге кои за еден период ми го направија животот никаков и ме изместија од место за 360 степени и за кои мислев дека никогаш нема да можам да им простам. Денес кога го прочитав насловот на темава, сфатив дека несвесно времето направило да им простам. Секој со својата совест, само тоа ќе кажам. Очигледно со време ми станале толку неважни, што сум сфатила дека не вреди да носам омраза во душа за некој толку ситен како нив.
Не сум злопамтило и на секој му простувам,али на брат ми никогаш нема да му простам пошо заради него имав пеколни денови, и сигурна сум дека ке имам уште..
На мајка ми и на татко ми што не ме направиле машко ( оваа реченица ја кажувам секогаш кога Црвенкапа ми е на гости)
на самата себе што премногу преќутев за многу работи...и што бев премногу добра спрема некои личности кои не заслужуваатт...!!!!
Никогаш не би си простила себе, што дозволував толку време да ме газат и да ми прават лице оние за кои мислев дека ми се најблиски..
На самата себе,што верував многу на луѓето, на збор,што си направив некои непростливи грешки кои ме доведоа до ова дереџе,и кои секако ќе ми се наплатуваат до крајот на животот
На сите им простувам. За се`. Никогаш нема да дозволам да ме порази некој многу поситен и полабилен од мене. Да, имало моменти кога сум била разочарана од луѓето што ме опкружуваат, кога сум сакала да се одмаздам и да направам да им биде двојно полошо, но со тек на време сфатив дека навистина се` се враќа и дека не се знае животот каков тек ќе добие. Не сум огорчена, не можам да бидам. Ме повредиле, сум повредувала. Не сум заборавила што ми направиле, не заборавиле ни тие што сум им направила јас, ама сепак сум простила и ми простиле. Има некои личности само, кои што веќе не сакам да ги видам. Сум им простила, но под услов да бидат подалеку од мене. Самото нивно присуство ме терало на и затоа сум се одлучила на таков чекор. Тоа си е животот, тоа е вистината.