Простувам, но не заборавам и тоа ми смета многу. Осветољубива личност сум, а знам дека со тоа нигде нема да стигнам !
На сите би простила, ама на себеси никогаш. Не сум некое злопамтило, едноставно не се замарам со другите, и да ми згреши некој нешто во моментот сум лута, ама брзо ми поминува. Но некои работи знам дека се МОИ грешки и неможам да преминам преку тоа.
Никој ми нема згрешено толку многу досега за да можам да кажам дека никогаш не би му простила. Јас ги заборавам таквите личности и не се замарам со простувања и непростувања.
Простувам. Не можам да оставам да се шири негативната енергија во мене и да станам огорчена и лута на сите. Им простувам на тие што ме повредиле, малку потешко си простувам себеси. Без оглед колку лошо ми направиле, се случило што се случило, готово е и не може да се направи подобро ако не се прости. Не значи дека ако простам некому ќе ми стане најдобар другар. Едноставно ја сведувам комуникацијата на минимум и крај. И како што си е кажано: Секогаш простувај им на непријателите, но никогаш не им ги заборавај имињата.
никогаш нема да им простам на луѓето кои се способни да измислуваат СЕРИОЗНИ работи кои не се точни, поготово не за мене и моите блиски пријатели и роднини.....
Никогаш на бившиот кога се смува со една грдааа ние се смиривме и повторно бевме заедно, но при секоја наредна караница секогаш му ја спомнував таа случка со мувањето...,а се разделивме со дечкото заради скрос трета работа- не е фер животот
Спојлер На В.Л. што ме остави пред олтар, сама.. Облечена во бело, со бидермаер во рака..Мислев дека ме сакаш, но ти замина со Е.Г. хах јоукинггг Ај да си се вратам на темата, доста глупости Списокот е многу голем, ама ќе кажам само неколку.. Прво, не би и простила на една моја "братучетка" ако може да се нарече така, што извади муабет дека ексот ме вара со една никаква, во фацата како жабиште.. А ништо од тоа не беше точно. Второ, не би и простила на М.П. М.С. Д.К. и А.Ј. затоа што сакаа да ме скараат со мојата најдобра другарка, но ШТЕТА, НЕ УСПЕАА. И после 5, 6 години, ние сме заедно, а твоите КАЈ СЕ?! ВИЕ четири кај сте а?! Трето на М.С. затоа што јас бев со тебе во најтешкиот период од нејзиниот живот, а ти сега најде со сите што се скарале со мене да се дружиш бе? Со овие кокошкиве од мојава зграда, што од кога ги знам јадат го*на за мене? Со таа што имаа измислено со "братучеда ми" дека ексов ме варал?! Еј ми врати за добрината што сум ти ја направила... Има уште, но следен пат...
На себе... За два момента во мојот живот никогаш, ама баш никогаш нема да си простам...само не знам како да се казнам, се мразам поради тоа и повторувам, никогаш нема да си простам...едниот од нив има и те какви импликации врз моменталната животна, моја, наша, состојба неможам да се помирам Исто имам една особина која страшно си ја мразам, и не можам да ја променам, па и за тоа не можам да си простам, се прекорувам и се пцујам до бескрајот и назад, ама тоа е...
Никогаш не им би простила на родителите на мајка ми нејзината сестра, поради тоа што животот и стана пекол. Потоа не би и простила на А. А. поради тоа што ти мислиш светица, а таа К***А ( извинете на изразов ама стварно сум изреволтирана). Секогаш бев до неа и и помогнав кога и беше најтешко, кога немаше друг никој и не крај зборуваше невистини за мене, се чудев кога го слушав тоа. Ама сите гледам ја изневерија затоа што само филмчиња си прави во главата и ќе остана сама што многу ми е МИЛО .
Ма не можам да се замарам за другите, ете нека им е простено на сите, на себе не можам за едно нешто да си простам, мислам дека никогаш и нема, ама ете поради тоа сега па 100 пати повеќе се трудам околу таа работа. Се надевам важи она, секое зло во себе има по некое добро.
На татко ми.... како прво заради сите страдања кои ги претрпе мајка ми... за тоа што комплетно ми го уништи детството, ми ја уништи психата..... за сите непроспиени ноќи по негова вина, за сите кошмари, за сиот страв што ми ја наполни душата, за секоја солза, за секоја кажана молитва... Не си простувам ни себеси, што му дадов 1000 шанси од кои тој сите ги прокоцка, а нашите страдања се зголемуваа... Се од другите луѓе е опростиво во споредба со ова.
На братучетка ми и на тетка ми,на стрина ми (но сега за прв пат ја нареков стрина,онака немаше да знаете за кого зборувам) и чичо ми (-I,и исто така на другиот чичо(многу ја повреди мајка ми ) и така..
Никогаш не би и простила на братучедка ми за тоа што ми го направи мене, а и на тато. На мајка ми, за тоа од пред 5 години. И на девојките од осмо-3...за четирите најлоши години!
На две поранешни другарки со кои со години делевме се, секогаш бев тука за нив и им помогнав 1000 пати а кога најмногу ми требаа исчезнаа и на себеси што премногу и верував на една личност
На стрина ми (прв пат ја нарекувам стрина), сите стравови ги имам од неа. Кога спиевме кај баба ми секогаш пред да си легнеме ни викаше дека ке не убие на сон и око не склопував и многу многу лоши работи што ги направи. Мислам дека на улица да ја видам како лежи ка ја поминам. Знам дека не е убаво да се зборува вака но многу лоши работи преживеав од неа. Кога го пишував ова морници ме полазија