На глупиот ми татко. Нема простување за расипано детство, набиени комплекси, претрпени стравови, непреспиени ноќи, тажни денови, трауматични искуства.
Во животот никогаш не би им простила на баба ми и дедо ми ( од страна на мајка ми ) и на сестрата на мајка ми. Исто така не би им простила на одредени луѓе од блиската средина така наречени „ блиски и куќни пријатели“ чија цел беше да пропитаме за пари и да немаме парче леб. Потоа не би им простила само на една т.н. „ блиска “ другарка бидејќи ептен ме навреди. Само нејзе , на другите би им простила, но тоа нејзиното навистина не се простува
на една “најдобра“ другарка. Не сакам очи да и видам после тоа што ми го направи! Прво она нека се преиспита, па после!
на сите би им простила има луѓе што ми згрешиле премногу.. не само другарки, туку и личности од фамилијата, роднините.. ќе им простам, но довербата кај мене веќе ја загубиле, односите нема да ни останат исти.. нема да се одмаздувам за ништо.. само, ќе простам, но нема да заборавам и даа.. за некои работи самата неможам да си простам
На татко ми нема да му простам,исто и на мајка ми и на брат ми исто така и нему нема да му простам па колку и да го сакам. Не простувам и на "другарка"која ме лажеше за една личност која ми значеше. На бившиот исто така нема да му простам што ме малтретираше психички. На самата себе нема да си простам бидејки сум многу наивна,многу брзо се заљубувам,многу верувам па дури и 5 годишно дете може да ме излаже. Нема да простам на сестра му која ме натера да верувам дека тој е за мене На еден другар кој ме напушти кога ми беше најпотребна подршка.
site nie gresime i redno e da ni se prosti,megutoa otkako ke zgresime potoa i odnosite nekako stanuvaat podrugi,ednostavno se oladuvas i poveke ne e kako sto bilo,pred da se napravi greskata,nitu pak moze da bide.Mislam deka treba da mu se prostuva na sekogo,covecki e,no toa ne znaci deka i ke se zaboravi.
Простено им е на сите...има толку луѓе што ми згрешиле, а знам дека не ги боли уво за тоа што ми го направиле,па нема зошто јас да се полнам со негативна енергија ради нив. Одбирам луѓето да ги паметам по добро, за да си олеснам на себе, вака животот е многу поубав...
Никогаш не би му простила на таткоми и да, на најдобриот ми другар (бар мислев дека ми е) кој не ме покани на свадба и не ми збори поради таа неговата ку*ка што ја има дома !
Веројатно не постои личност која толку многу ми згрешила, па не можам да и' простам. Да има луѓе кои ми згрешиле и сум им простила, ама не сум заборавила. Значи можам секому да му простам, но не и да заборавам, а токму фактот дека сторените лошите нешта никогаш не се забораваат, го прават односот со таа личност поинаков. Сигурно дека ќе бидам порезервирана за да не бидам повторно повредена.
на сестра му од татко ми.. на две први братучедки.. (не само што не би им простила туку уште еднаш ако ги видам има косите да им ги искубам.. ги мразам )
На татко ми - затоа што би ги сватила сите други што ми згрешија бидејќи не ми се ништо,ама тој ми е татко. ТОЈ НЕ СМЕЕШЕ ДА МЕ ПОВРЕДИ!!
На баба ми -ако може така да ја наречам и нејзиниот син. Дури и на суден час. Ги имам избришано од живи, особено бабето. Господ неа требаше да ја земе,ама ни тој не ја сака змијата
Можеби само себеси, заради одредени одлуки. Но, и со нив живеам. А, гневот се менува, станува рамнодушност, па така и на оние кои не би им простила некогаш - сега воопшто не ни мислам на тоа. Било, поминало, сум станала јас помудра и посилна, а тие ме изгубиле на одреден начин.
Нажалост колку и да се трудев не успеав ... Ме боли премногу но мојот список се дополни со најблиските . Мајка ми и Татко ми нема да ви простам НИКОГАШ !!! Благодарам за болката и солзите и стресовите кои ги трпев и ги трпам заради вас . Благодарам зошто сте ми жив пример што не сакам во животот , како не треба , како не е добро . За некои работи созреав пред време , ќе ви се врати се како бумеранг ... Еден ден . Ве сакам и понатаму ... Но местото што сте го имале некогаш нема никогаш повеќе да го имате . Жал ми е поради тоа , и вас ќе ви биде кога еден ден ќе сфатите . Ќе сфативте дека ништо не е исто , дека сте погрешиле ама нема назад . Најлошо чувство е кога ќе ги загубиш најблиските ... Ме боли проклето многу ме боли . Лошата вест за мене е што ова ме менува како личност. На подобро или на полошо ? Станувам покрута , побезчувствителна , но и појака . До кога грешките ваши ќе паѓаат на мојот грб ? Ниедно човечко суштество ова не би го издржал . Не можам повеќе не сакам повеќе !!! Дадов ветување и ќе го исполнам . Нема да ги овторам вашите грешки . За крај вие што имате РОДИТЕЛИ во вистинска смисла на зборот . Сакајте ги , почитувајте ги , помагајте им простете ако ви згрешат , ви повишат тон , ако ве скараат зошто сте заглавиле саботната вечер или ви кажат дека ќе ви го скратат џепарлакот . Тоа не е ништо ... Нема полошо чувтсво од тоа да немаш на кого да се потпреш во животот . Нека ми се живи и здрави но јас и понатаму се чувствувам САМА ...
Мислам дека на секого можам да му простам, луге сме, грешиме, и простуваме. Господ решава за останатото, кој е крив кој не е. Но сепак, минатото не се врака!