Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кому во животот никогаш не би му простиле?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од vendiii, 12 март 2011.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    На баба ми, која не ни ја сметам за баба, клето жениште и уште се чудам како порано мајка ми ја трпела, таа со татко ми не се однесува како син, припроста жена која си ја треска главата во ѕид иако нема две чисти во глават.
    Сега, е сега сестро падна во наши раце, и до крајот на животот има да ме трпиш, дупло и враќам за се што и правела на мајка ми, дупло!
    И на едната нејзина ќерка, демек тетка ми била, ма каква тетка бре, мавни ми се пред очи, за таа не се ни замарам, буквално избришана од живот ми е, знае и татко ми и тој се сложува, а оваа бабетаната дома што ни е, хааа, сигурно и мене ме проколнува што ѕвер ќе беше ова, ама не е свесна дека до крај има да бидам ваква, моите родители, никој не смее да ги повреди, никој!
     
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    На бившиот !
    Ниту еден друг не ме повредил и разочарал колку ТОЈ!
     
  3. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно на мојата бивша најдобра другарка.Заедно бевме во се' уште од самото раѓање, а кога ми беше најпотребна отиде со една друга иста како неа и уште и ми рече: "нема никаква смисла да престанеме да бидеме другарки кога уште од бебиња се знаеме" :!: . Не и' реков ништо, а мислам и дека немаше потреба, едноставно почнав да ја избегнувам од тој ден. Поминаа месеци и сега сме веќе странци. Со нејзината сегашна најдобра другарка важат за најдобри п*чки у град, уфилмани се до бескрај и така...мене повеќе не ме познава но, бидејќи сме во иста стаја до ден денес се случува да дојде кај мене да ми бара домашни и сл. Тоа девојче нема срам! Се уверив дека постојат секакви луѓе по светот па затоа веќе внимавам со кого се зближувам и кому откривам тајни... :worried:
     
  4. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    На сите што не заслужуваат. Не наведувам кој поточно, има повеќе што многу ме повредиле за ова време :!: и не заслужуваат да ги погледнам, а не па да им простам. Учам да живеам без нив, заборавам на стореното и идам напред :rock:
     
  5. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    На дедо ми,баба ми и тетка ми од страна на мајка ми..и на татко ми :@ ;( :x ,не сум злопамтило,знам да разберам многу работи,да се вратам и да простам..ама некои работи и личности не заслужуваат прошка!
     
  6. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Морам да го споделам текстов...
    Што е простување ?

    Тоа е разбирање дека не можете да одите назад и да го промените минатото и прифаќање на сите искуства - без разлика колку биле трауматични, болни или несреќни - дека се едноставно лекции од кои се учи. Без разлика дали биле емотивни, физички или психолошки, негативни или позитивни...тие лекции биле наменети да Ве научат да бидете тие што сте во овој момент помудри, повеќе свои......
    Треба да разберете и да прифатите дека денес сте личноста од тоа што сте го научиле во животот..
    Прифатете ги тие лекции и вистински учете од нив и негативностите од вчера никогаш повеќе нема да влијаат на Вас...

    Кому треба да му простите ? - НА СЕКОГО...

    Треба прво да си простите на себе си што сте верувале во нешто дека е погрешно или исправно, што не сте пружале љубов на некому кога му била потребна, што не сте дале подршка некому во вистинскиот момент, што сте креирале негативна енергија во животот на некој друг или во вашиот или кога не сте биле чесни и не сте имале почит кон некого...

    Простете им на другите...а најважно од сето тоа е да сфатите дека вие не го одобрувате лошото однесување кое некој го направил кон Вас...Разберете дека не можете да го промените тоа што се случило туку прифатете го тоа како лекција од животот која Ве научила на нешто..

    Прифатете ги сите свои искуства и почувствувајте ја мудроста која ќе ја исцрпете од нив..
    Не можете да ги промените нештата но секогаш може да откриете нешто вредно во нив...
    Кога ќе го откриетее тоа ќе бидете способни да си простите и на себе и на другите..Нема да се грижите за пречките и тежината од минатото - ќе бидете слободни..

    П.С Запамтете човечки е да се греши но уште почовечки е да се прости !!!
     
    На Serafima и Srekicka им се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    На сама себе... Што дозволив на сите да им простам, ..... и повторно да им простам.... и повторно.... за тие што ме повредуваат, да ме повредуваат постојано...
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    tesko e da se prosti a uste potesko da se zaboravi....ne prostuvanjeto i omrazata se poveke te vrzuva so taa licnost,a dokolku prostis ke se oslobodis sebe :)
     
  9. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    На самиот себе за многу работи.
    На дедо ми што сите го влечат за нос како сакаат.
    На татко ми што е заостанат комуниста.
     
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    На самата себе си за грешките кои ги направив ...
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Не простувам!
    Сите што некогаш ми наштетиле во животов не заслужуваат да им биде простено!
    За таквите луѓе сум злобна и бескрупулозна ,злопамтило сум до бескрај и назад .
    Штом еднаш го ставам човек на листата на "отпишани од живите " ,автоматски се претворам во негов непријател.
    За среќа ,не се многу ,но од друга страна сите ми биле блиски .

    Тоа е животот ,благодарение на нив сум станала посилна и помалку наивна личност ,за што ми е особено драго.
     
    На crazylady и vendiii им се допаѓа ова.
  12. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    на сите треба да им се простува така нас ке ни е полесно затоа што ако носиш некоја мака што ти ја направиле цел живот ке немаш мир ,така да простувајте ,јас сум христијанка и на тоа не научи верата во нашиот Бог ИСУС затоа простувајте така ке имате посреќен живот ГАРАНТИРАНО
     
  13. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    До сега нема некој кој ме има повредено многу длабока што не би можела да простам. Имам простувано на сите што ми се извиниле па и на тие што не ми се извиниле.
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ако ме некој навреди или повреди со некоја постапка.
    Таква сум што откако ќе престанам да зборувам со некого поради сериозна причина никогаш не ни размислувам да и простам на таа личност.Затоа што ако некој погреши еднаш,ке погреши и двапати.Едноставно колку и да се трудиш некому да му простиш за некои зборови што ти ги кажал не можеш затоа што зборовите не се забораваат а особено ако биле тешки.
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Во различна доба од животот, различни се приоритетите...

    И да имало некој што страшно ме изнервирал и за кој сум рекла дека нема никогаш да простам... веќе изминало... значи до толку сега не ми се важни што не ми е гајле...
    Да ја наведам тука "баба ми"... не знам... нејзе не и е гајле дали ќе и е простено, тогаш што да се замарам јас со проштевање...

    Во оваа некоја доба, највеќе се преиспитувам себе си... сеуште се градам и се челичам... и тука се мислам за тоа колку сум наивна, колку не знам да се изборам за она што е праведно мое... колку молчам... така да...

    Си пишувам за идната јас - нема да си простам ако не го најдам начинот да се променам.
     
    На Justinna и rebellious.glory им се допаѓа ова.
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    На таткото на татко ми!
     
  17. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Никогаш не би му простила на мојот сега поранешен најдобар другар.Бев изгубена кога отидов во средно, го најдов него и мислев дека ќе ми биде потпора за целиот живот.Ми го држеше животот на дланка, ги знаеше сите мои тајни, ситници, убави и неубави моменти.Имав потполна доверба во него, за на крај да ме извиси поради неговата еротоманска пореметеност и да се труди животот да ми го направи пекол.Веројатно не би му простила затоа што никогаш во животов сум немала некој што толку ми посакува лошо и сака да ги гледа моите падови.Имало луѓе на кои сум им била антипатична, многу е нормално да не ве сакаат сите, но не и да сте некому имуна на омраза.Не му простувам, но се надевам дека еден ден ќе сфати и дека господ ќе му прости.
     
  18. The.Girl.Next.Door

    The.Girl.Next.Door Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    18
    Искрено на никого не би му простила!! ако доволно ме сака..нема да напраи нешто за што би требало да му/и простам..!! А ако направи значи не ја заслужува мојата љубов кон него/неа!!
     
  19. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    за срека нема никој таков досега..а иначе лесно простувам...за жал
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.326
    Допаѓања:
    285.734
    Себеси.
    За сите други не вазат истите критериуми кои си ги имам поставено за себеси, затоа и разоЧарувањето не би било толку големо или изненадно.
    НА секој друг простувам(најЧесто у комбинација со игноре)