Комшиски мајтап (Столичани в повече) e бугарска комична серија за живот на две соседски семејства. Тие се натпреваруваат кој повеќе ќе заработи, има доста интриги, корупција, завист, лубомора, но неизбежна е љубовта. Кај нас серијата се емитува на канал 5 секоја сабота и недела од 20часот. Во Бугарија се емитува во четвртоци, на замунда ги има до 20епизода, а кај нас е до 4 епизода. Еве и линк од замунда Спојлер http://zamunda.net/browse.php?searc...ED%E8+%E2+%EF%EE%E2%E5%F7%E5&cat=0&incldead=1 http://www.youtube.com/watch?v=CEmVAhkibNM Ја гледате ли серијата? Ви се допага ли серијата?
Ја гледам, кога ми е досадно. Ама ми се допаѓа, многу е смешна.. Некогаш кога седам на компјутер, ги слушам моите како се кикотат. Интересно, е тоа што не преведуваат целосно, ги оставаат зборовите што се разбираат, и мене многу ми е смешно.
Интересна е серијата, а особено затоа што е на дијалект. Една недела беше со превод, ама со дијалект е поинтересна
Ја гледам и многу ми е смешна. Посебно заради дијалектот. Кога почнав да ја гледам не очекував многу, ама пријатно се изненадив. Интересни се.
Не ги гледав последните епизоди.. Меѓутоа сигурно не ја откупиле до крај серијата, или уште не е доснимана.
На пролет најверојатно ќе се снима 3та сезона. Вака заврши Спојлер Марија се спрема за свадбата со Димчо, Јордан е во затвор, комшиите не се поканети на свадбата. Кога почнува церемонијата Андреј се појавува и ја прашува марија дали ќе појде со него и настанува збрка кој кого стигне удара, а Славеја со еден шлаф ќе прска по сите. Јас одамна ја изгледав може испуштив нешто да ви напишам, оваа се во најкратки црти. Читав на нет дека бугарите не и се допага крајот. Еве промо за 3та сезона http://www.btv.bg/seriali/stolichani/vi ... veche.html на сајтот има идруго поврзано со серијата.
Па не знам ама најверојатно сите оние кои што не се од Скопје и кои што отприлика ги познаваат македонските дијалекти ке увидат дека синхронизираниов превод нема веза од дијалектите во Македонија. Мислам мешаат Источно и Западно Македонско наречје, мешаат Кумановски дојалект со Гевгелиски, уффф се ежам не можам да ја гледам. Претпоставувам дека на Бугарски е поинтересна Ако не знаеш да збориш на дијалект ќути си. Не мешај баби и жаби. Сакаат да изведат нешто интересно, ама досадни ми се. И ич не ми се интересни. Можам да кажам дека ми е една од поглупавите серии. Поглупава дури и од Солзи на есента
Може и не е толку лоша идејата за синхронизација со дијалекти, ама да ангажирале асли познавачи на дијалектите, а не некои аматери шо првпат ги подначуле од колеги од факултет. Ко скопјанине коа ги имитираат оние од други градови на зафрканција, ете така ми изгледа...бар мене лично. Иначе вака содржински не ја пратам, ама морав ова да го кажам.
Еве ви торент за 1 - 4 сезона (5 сезона барајте на zamunda) http://www.uploadmb.com/dw.php?id=1370792745