Добра поента. Додека бил под водство на мајка му и додека студирал богословија Сталин не извршил ниту едно убиство. Кога станал атеист и почнал да ги ликвидира христијаните - десетици милиони жртви.
Единствен подеструктивен систем на верувања (светоглед) од атеизмот е исламот и евентуално некои бизарни верувања во афричките племиња. Кога би морал да бирам помеѓу ислам и атеизам би одбрал атеизам. Ама кога би имал опција да бирам помеѓу атеизам и останати вери (христијанство, јудеизам, будизам, хинду, пантеизам и сл), секоја друга вера е подобрра и пологична од атеизмот.
Си тргнала на пат на кој бараш одговори и не очекувај да биде лесно, ниту дека барањето завршило. Треба голема храброст прво да признаеш дека бараш, трагаш и покажува духовна спремност, па и подготвеност на грешки и лекции. Во основата на сите религии е мистицизмот, соединувањето со Врховното, универзалното, бесконечното. Некои луѓе избираат да го следат овој пат. Но исто и секоја религија има и практичен, канонски дел, закони, правила и забрани, ритуали и записи кои се полесно разбирливи и го организираат секојдевниот живот на заедницата. Може овој пат ти е попривлечен, ние сме социјални битија со силна потреба да припаѓаме. За крај, во Македонија конвертирањето било присутен феномен низ целата нашата историја и продолжува и во модерно време. Дури и се прашувам дали иднината ќе ни донесе големо мешање на религиите, каде се помалку важно ќе биде на која деноминација припаѓаш и ќе има поголема флуидност во сфаќањето на религиозната припадност. ٱلسَّلَامُ عَلَيْكُمْ
Има по социјални мрежи популарен хаштаг #exmuslim кој го ставаат луѓе кои го напуштиле исламот (со тоа често и фамилијата) и раскажуваат за голготата низ која минеле дома и во државата која се води по тие правила. Има една девојка на јутуб InfidelNoodie збори малце повеќе за тоа. И во едно видео кажува нешто многу паметно. Нешто вака: "На многу од нас ex muslims ни викаат - Ама знаеш не е до религијата, до културата е/државата. Ама сите ние потекнуваме од различни места. Со различен јазик, култура, храна, традиција ама за сите едно нешто заедничко е што сме биле муслимани, сме биле опресирани од правилата на исламот, од сопствената фамилија. Има ли потреба да кажувам дека девојката има добивано стотици закани по живот низ годините? Или си претпоставивте сами? Ако правило на исламот е лошо, да, и исламот е лош. Може и Хитлер и Трамп да ги обожавам и да сум подобар човек од нив ама пак, зошто да ги обожавам ако не ми се свиѓа тоа што го прават(ле)?
1, Додека Сталин бил под надлежноста на мајка му, не извршил ниту едно убиство. 2. Мајка му го насочила и да студира богословија. Да го продолжел тој пат и да го применел Исусовиот пацифизам, немало потоа да врши масакри. 3. Сталин се одалечил од верата, завземал атеистички ставови, не се јавувал на испити и го избркале од богословскиот факултет. 4. Потоа Сталин станува тоа што станува и потоа тој се води според вредностите на неговиот нов светоглед (атеизмот) каде човекот е само еден од животните, каде човеккиот живот е само бројка, само случајно постоење во вселената, без никаква трансцедентна вредност, без никаков апсолутен морал, без никакви последици од убивањето итн. И затоа тој ги врши неговите масовни масакри со кои биле убиени десетици милиони луѓе (повеќето верници).
Точно е дека многу по тежок период станале верници, еве јас сум еден од нив и знам што човек бев кога верата ја почитував само поради што ми беше наметната, па знам каков сум сега.. Не велам за болести или било што спас да се бара во црква, мал милион пати имам кажано "Да оди во црква моли се, ама оди и на доктор" , никаде во Библијата не ти вели дека Бог со магично стапче ќе направи да се излечиш.. Ако поп во кажал, толку си ја познава верат, а сите сте доволно писмени да прочитате што пишува и да видите дали лаже... Еве конкретно јас кога имав тежок период, многу ми помогна читањето Библија и разговорите со поп, тој поп ме спречи многу нешта да не направам и да неколку пати ми има кажано дека е добро да посетам психолог.. Ама не станав верник само по тоа што ми било утеха да се извлечам од тежок период, туку поради се прочитаното во Библијата.
Забранувал религија, правел чистка на верници, наметнувал атеизам. Еден вид на атеистички џихад. Назад на темава, отварам твитер и ова ми искача:
Атеистите не се организирана група која следи некаква заедничка идеологија како што @EvAngelos мисли за нас, ние на форумот не ни разговараме помеѓу себе.
Па комунистите ја забрануваат религијата, не капиталистите. За Сталин појма немам, ама ваљда кога масовно имплементираш една идеологија, нема место за други
Actually, тука те чекав. Сталин враќа православие во Русија. И ја користи истата за манипулација на населението. Значи или не убивал во име на атеизмот, или бил дволичен.
Најголемите и најгнасните војни се верските. Немој да мешаш вера. Сталин убивал се што било контра на неговата, и само неговота ИДЕОЛОГИЈА. Убивал атеисти, верници, комунисти, функционери, научници.
Не ме сфати. Јас не ни знам кој е атеист од луѓето што ме цитираат. Ако сите имаме иста цел, лесно ќе се препознаваме.
Еве неколку популарни атеистички џихади: + Француската атеистичка револуција + Геноцидниот режим на Пол Пот кој уби четвртина од популацијата на Камбоџа + Сојузот на воинствените безбожници (The League of Militant Atheists ) кои убија неколку десетици илјади христијани во Советска Русија, + Режимот на атеистот Плутарко Елијас Каљес кој за 8 години уби или прогони 4000 свештеници и кој знае колку верници. + Сталин и Мао Це Тунг веќе ги спомнавме, тие се дното. Итн итн.
Народот кој бил фрустриран од сиромаштијата и неправдите, се свртел против угнетувачите и против клерот (исто така угнетувачи) кој ги штител интересите на угнетувачите објаснувајќи ги со божја волја. Какво изненадување.