Христијанството забранува верска војна и наметнување на религијата преку војна, секоја војна така започната отстапува од евангелието.
Крстоносните - 3 милиони жртви Христијански во Европа - до 12 милиони Хитлер (не е верска војна, но бил христијан) 8 милиони. Србија - Хрватска, не знам бројка. Да расчистиме, не обвинувам вера за овие војни, туку луѓето кои што се декларираат како едно, но одат скроз против сите тие верувања правејки го најлошиот грев..
Кој народ? Овие џихади не биле водени од народот, туку од богатите владетели. Инаку да, народот се кренал против канџите и тортурата на Римокатоличката црква, ама тоа било преку протестантската реформација во 16 век. Најголемата заслуга за успехот на таа реформацијата е преводот на Библијата на современ разбирлив германски јазик, а потоа и на другите јазици. Потоа следат слободата на верата, образованието, описменувањето, слободата на говорот и мислата и сите овие биле водени од христијани, а не атеисти.
Која е поентата да се оправдува некој што со војна сакал своето да го наметне или да истреби се што не верува во истото, само затоа што е како тебе атеист/христијанин, небитно? За мене секоја христијанска војна започната поради ваква причина не е христијанска и не подржувам. Секој што убива што со сила наметнува нешто, што мрази луѓе од друга вера, за мене не е христијани. Можеш да не подржуваш нешто, можеш да кажеш што ти мислиш дека е добро што не, ама со насилство НЕ! Незнам како испаднаа атеистите океј што убивале верници а не беше тоа океј кога го прават муслимани или христијани.. Поентата беше дека христијанството учи на мир, да нема војна, Исламот учи дека е во ред насилство и војна во некои околности и поради тоа е подобра христијанската вера.. Исто многу е подобро да си христијанин од атеист, ама ако христијанството го гледаш низ призма само на правење некои адети, традиции, незнам претерано обожавање икони, предмети, тоа е се паганска традиција и подобро е да си атеист.. А Исламот премногу подржува насилство.. Не зборувам тука за луѓето што се определуваат како такви има и добри и лоши од сите, зборувам за она што го учат религиите..
Иако Хитлер во јавните говори често го спомнувал „Семоќниот“ за да добие поддршка од конзервативните германци, од неговите приватни разговори (евидентирани во неговите записиTable Talk) можеме да видиме презир кон христијанството. Го опишува како „пронајдок на болни мозоци“ и религија што ја слави слабоста. Верувам ќе се сложиме, тоа не се христијански изјави, туку онака баш класично атеистички. Имало христијани што се спротиставиле на неговата нацистичка идеологија, и Хитлер нив ги лилвидирал. Ги праќал свештениците во концентрационите логори.
Тоа ми е поентата, сите користеле религија со цел моќ да добијат. И Сталин и Хитлер и Тито. И попови и оџи и џихадисти. Па и атеисти. Не правдам никаква војна, убаво ќе беше да е утопија, сите билки и цвеќиња да садевме. Ама не е така, војни постојат, болести, лоши работи. И мојот ум не може да процесира како тој дедо на небото го дозволува тоа. Се е слободна воља, на човекот. Он предизвикува се. Исто како што религијата, не гарантира мирољубство, така и атеизмот не предизвикува насилство. И скроз забегавме од темава.. Немам против конверти ништо, но, не сваќам како свесно ги бендисала религијата која што на секој начин ја деградира жената... Можеби некоја од тие жени, лек за рак ке најдеше, но нејзиниот ум е покриен со хиџаб, абаја и е стегнат со ланците на патријархот кој го дозволува религијата.
Леле, мормони само уште од вц шоља немаат излезено за да те конвертираат. Дали знаеш дека ги праќаат на мисии низ целиот свет? Им кажуваат во која држава ќе одат, година дена го учат тој јазик за да можат да дојдат и да ти зборат за нивната Библија. Ќе те сретнат рендомли на улица со Библија во рака или ќе ти се пикнат на маса на кафе и ќе почнат да се молат за тебе. Да, ова од лично искуство во Европа, и во главни и во помали градови. Како пацови се раширени насекаде за да пропагираат. Дали знаеш дека во Јута не можеш да отидеш во Валмарт и да купиш алколохол и ќе те гледаат чудно ако побараш? Тешко е да се дојде до кафе, чај? Се очекува да се облекуваш скромно? Тоа секулираност е? Да не зборам за фактот што ако почнеш да им збориш за било што, они ЌЕ го превртат разговорот за религија и во обид да те конвертираат. И да, мормоните се едни од погадните педофилски инцест култови. И ова што го зборев не е исклучок туку така функционираат 99% од нив, отвори малце и прочитај. Чист пример како можеш да земеш било која религија и да отидеш во екстрема. Збори што сакаш за Исламот, али don't even за Мормони да ми кажуваш дека не пробуваат да ја шират нивната религија, кога во пропаганда и манипулација се број 1.
Ама што е виновно христијанското учење тука? Имаме слободна воља, ако беше се направено да биде убаво немало да биде слободна воља, туку ќе сме биле робови на Бог. Човекот бира како ќе ја искористи таа слободна воља, дали ќе биде како Хитлер или како Мајка Тереза... Исто секој има право да бира да биде атеист или верник.. Секој бар еднаш се прашал истото како тебе и јас и апостолите без разлика што ги гледале чудата на Исус секој имале доз на сомнеж и не верување. Ама она што го учи Христијанството е далеку по добро од Исламот. И не е за се ова виновно Христијанството, христијанството ништо од ова не подржува.
Ама не обвинив религија, човек. Ги обвинив луѓето и нивната слободна боља. Еве и јас како атеист, без да се плашам од пекол, не тепам животни, напротив. Не вршам прељуба, напротив. Ги почитувам, оние што ја заслужиле мојата почит. Ги сакам моите. Не реков јас христијанството е криво, како што вие рековте дека атеистите се неемпатични, не знам таму какви. Види ме колку сум културна.
Мормоноте не ти нудат Библија имаат своја книга која што ја сметаат на исто ниво со Библијата. Таа книга ти ја нудат, мене ме имаат застанато и мене глупо ми беше да ги одбијам кога сакаа да ми ја подарат и ме поканија во нивната црква, сакав да отидам да видам што точно учат, ама не отидов исто уште ја немам прочитано книгата. Иако се Христијани како мене, незнам што точно учат, ама не ми се допаѓа и она одење по врата и нудење изменета Библија (незнам кои одеа така).. Имаш црква ако сака да дојде некој да те слуша нека дојде па таму кажувај што учи твојата вера.. И денес има нет, зборувај така кој сака да те слуша ќе те гледа кој не ќе ти го прескокне видеото..
Не кажав ни јас дека со самото тоа што сум Христијанин значи дека сум добар човек. Може не би убил, не решавам со насилство, помагам на луѓе, ама знам да навредам друг (еве ги навредив сите атеисти од само едно мислење на атеист што ме изнервира, а погрешно сум го разбрал), сум лажел... Ама ова не е ништо на што ме учи Христијанството, ама се трудам да бидам што подобра верзија од себе. Христијанството не учи на нешто лошо, колку човек е спремен да живее во согласност со се што го учи христијанството е друго.. Повеќе е до човекот отколку како што се определува... И малку чудно ми е да од вера во која што имаш доста слобода конвертираш во вера кај што немаш слобода и ставаш хиџаб. По друго би ми било да каже дека станала од веник - атеист. По прифатливо ми е, има многу по оправдани причини, а утеха било која вера може да ти пружи...
Од кого прочита дека мормоните не шират пропаганда? Јас пред тебе знам дека се занимаваат со мисионерство, татко ми ми кажуваше дека во Југославија имало мормони. Никој овде не брани мормони, ама да, број еден ризик од верска војна во светот се мормоните од Јута, со нивната демографија ќе не окупираат и ќе забранат кофеин. Слободно појди во Авганистан ако веруваш дека исто се фаќа дали некој живее во Америка (каде што може да се сели од сојузна држава во друга) или кај талибанците каде следува смртна казна за апостаза. Oва првото православни ми го имаат прaвено, такви што се вистински религиозни, ги тераат сите пости со ред. Во ланец маркети во мојот град каде ce продава готвена храна, за време на велигденскиот пост нудea само посни јадења. Значи ни Македонија не е секуларно општество. Рамно на Авганистан, не знам што да правиме... Во Македонија многу се живцираат луѓе кога им се приближуваат јеховини сведоци и слично. Некои се караат. Како присилно да ќе им сменaт вера. Сите тие се индоктринирани.
Сигурна сум дека мормоните немаат моќ да направат некоја држава налик на шеријатските само каде што ќе владее христијанството или што и да е што пропагираат. Не е проблем верата сама по себе, што е до мене можат и за еднорози и змејови да пропагираат, слобода на изразување јбг. Ама кога таа вера ќе почни да му го ограничува животот некому, да му го прави пекол и да му одзема слобода и основни човечки права, тогаш имам и те како проблем. Затоа државите апсолутно мора да бидат секуларни. Во секуларна држава религијата не е закон и имаш слобода да одбериш дали ќе се водиш по неа или не. Меѓу христијанството и исламот, кој има држави каде религијата е закон и смртно се казнува ако не се водиш по неа? Исламот има уште многу фурни леб да јади за да дојди на ниво на денешните христијански држави, ако дојди, кои воопшто се секуларни. Никогаш не е во ред ширење вера со крв, без разлика дали во минатото или сега, и без разлика која. Не фаворизирам лично никоја организирана религија, како агонстик ова го пишувам. А и верувам никој од овде не сака да живее во шеријатска држава, особено не жените. Добра препорака беше за филмот Not without my daughter, треба да се гледа.
Не можеме да споредуваме религија во која главниот пророк, месијата Исус им ги миел ноѕете и на секаков начин се понижувал пред грешниците, повикувал на мир и проштевање... со религија во која го имаме Мухамед кој се оженил за 6 годишно девојче, а веќе на 9 години имал односи со неа, повикувал на убивање на сите неверници, повикувал на света војна за покорување на неверниците... А стварно не знам што ти кажале колегите што те убедиле дека исламот е религијата во која треба да се верува, затоа што јас не гледам ништо логично и моментално можам да набројам 5/10 контрадикторности и работи кои едноставно немаат смисла, кога ќе сакаш тука сум, пиши ми, ќе ти помогнам.
Религиите се создадени затоа шо биле користени како алатка за контрола, ама не па сите функционираат на ист начин. Тука барем според мене, постои јасна разлика во пристапот. Па спрема тие Божји заповеди, создадени се и денешниве судски закони. И проблемот не е во личната вера, туку моментот кога верата станува политичка моќ, закон и оружје Христијанството барем во своето новозаветно учење се темели на идејата дека Господ му дал слободна волја на човекот а не присила, не наметнати закони со казна, туку лична совест и свест. Човекот сам ја одредува својата судбина, но нема право да ја одредува судбината на другите. Затоа и Новиот завет јасно се дистанцира од принципот "око за око, заб за заб“ за разлика од другите две религии. Ама постоел друг проблем кај нас христијаните, религијата баш била користена како оружје против народот, се наметнувало тезата дека сите "кралеви и цареви" се избрани од Господ затоа што тој така сакал и дека морало да се биде послушник пример на Кралот Чарлс зошто е Божји избраник што не е точно. Ама во тој контекст и надвор од кралските закони, христијанството не се согласува верата да биде закон со кој се казнуваат луѓе зошто не се верници, туку пат по кој секој оди доброволно, едноставно ако сакаш а не оти мораш за разлика од Исламот и Јудаизмот каде шо мораш да бидиш верник. И плус Исламот и Јудаизмот се уште се потпираат на старозаветниот тип на религиозни закони, со правила шо не се само духовни, туку и правни, политички и општествени. Без разлика на различните толкувања, во пракса тоа често значи дека верата не е само лична "интимна" работа, туку политика шо регулира како треба да живеат и другите. Исто така, христијанството бар јасно го поставува идеалот на еден маж и една жена, љубов, верност и лична жртва за ближниот. Наспроти тоа, во исламската традиција е дозволена полигамија да се има харем со жени, а историски постоела и во јудаизмот нешто што денес, од модерна перспектива, тешко се вклопува со идејата за еднаквост и лична слобода Вера без слободна волја не може да е вера, и не знам што е тука "привлечно"..
Ама ако постојат муслимански држави кои се секуларни, тогаш тоа значи дека не е до религијата туку како некоја власт се одлучила да ја користи.
Само што го изгледав филмов по твоја препорака. Можам да кажа само дека толку многу ме вознемири и не ми се верува дека постојат жени кои би избрале да преминат од најубавата и мирна релгија што постои во нешто толку громорозно. Уште потрагично е што е по вистинска приказна...