Моето прифаќање на исламот е лична и промислена одлука, донесена по сопствено истражување а не по туѓо убедување. Не барам од никого да се согласи со мојот избор но не прифаќам навредливо или понижувачко зборeње за вера што е важен дел од мојот живот. By the way "6 и 9 години" не е неспорен факт, постојат силни аргументи дека Аиша била постара, (16 и 19 години) Тоа што го кажуваш е извадено од контекст, јас не сум тука да те убедувам. Намерата на овој пост беше најмногу за други конверти да коментираат но се сомневам дека воопшто ги има по форумов. P.S. Само да потсетам, и муслиманите веруваат и го почитуваат Исус.
Па не ми изгледаше токму така во првото мислење, имаш пишано дека колегите те убедиле. А Ајша не е ни прв ни единствен таков случај спомнат во куранот и има доволно извори што уживаат за нејзината возраст. А токму во тоа што ми го кажа за Исус, можеш да сфатиш дека исламот е контрадикторен. Во сура Ал-Ан'ам (6:57), сура Ал-Ан'ам (6:114), сура Ал-Ма'ида (5:50), сура Гафир (40:20) и сура Ат-Тин (95) јасно се става до знаење дека на денот на судењето, тој што ќе суди ќе биде самиот алах, односно дека бог е единствен кој суди, од друга страна во сура Аз-Зукруф (43:61) се вели дека Исус ќе слезе на денот на судењето и тој ќе биде тој што ќе им суди на грешниците. Иначе гледав исечоци од филмот што го имавте пратено, најдов една девојка го имаше прераскажно целиот накратко, само од филмот можеме да видиме за каква религија станува збор и дека тоа "religion of peace" е најголема глупост. Од кратко 5 минутно видео од филм се вознемирив, а замисли што се случува во реален живот и колку живеат во заблуда што се спремни да одат толку далеку за да ја шират истата таа "religion of peace". Да беше "religion of peace" ќе немаа потреба од вакви "peace" тактики и начини за ширење на истата.
Најискрено... Исламот ми донесе мир, структура и одговорност кон себе. Тоа беше доволно за мене. Не очекувам сите да се согласат.
Кога се вели дека "6 и 9 години" не е неспорен факт, тоа се темели на неколку историски аргументи. На пример, нејзината сестра Асма бинт Абу Бакр била околу 10 години постара од Аиша и починала на 100 години во 73 хиџра, што значи дека за време напрвата хиџра имала околу 27–28 години, со таа разлика во години Аиша би имала околу 17–18, а бракот бил целосно реализиран по хиџрата, кога таа би имала околу 18–19 години. Дополнително, самата Аиша раскажува дека се сеќава на настани од раниот период во Мека, што е тешко да се објасни ако била многу мало дете. Пред тоа била и верена, што во тогашниот контекст не се правело со бебиња.
@Broken♡ Дали би живеела во Саудијска Арабија, Иран, Авганистан..? Таму е реалниот приказ на исламската вера. Тука може да е мир со нашиве нешеријатски закони а таму имаш многу ограничувања за жените.
Не би живеела во Авганистан или Иран, како живеат жените таму не е вистински ислам туку злоупотреба на религијата од страна на мажи за контрола. Исламот не вели да се стави жена во бурка или да и се ограничува животот. Мажите што ги запознав и кои побегнале од Авганистан во Германијја велат дека сакаат нивните сестри да одат на училиште, жените да работат и да носат што сакаат. Така беше и пред Талибанот и војните. Само затоа што некои муслимани не го следат вистинскиот ислам, не значи дека исламот е лош. Таквите екстремисти се осудувани од сите муслимани. Инаку шериатот вклучува права и заштита, жената има право на наследство, право да бара развод, право на сопствен имот и финансиска независност, право да учи и работи, право да избира сопруг итн. Проблемот се појавува кога некои мажи ја злоупотребуваат религијата и го искривуваат шеријатот за контрола, а не кога правилно се применува.
Зошто на пример не останале во Авганистан и не учеле нивните сестри таму, туку морале да бегаат во Европа за да се декларираат како слободни? И зошто баш нивните сестри, затоа што се женски? Затоа што жената нема право на слободен избор и е роб во нивното општество, т.е во исламот.
Најискрено, во исламот видов континуитет а не нешто сосема ново. Го доживувам како продолжение на истата монотеистичка порака, ист Бог и истите пророци што ги признава и христијанството, вклучително и Исус, со таа разлика што муслиманите не го сметаат за Бог туку за пророк, а Мухамед го гледаат како последниот пратеник. Кога ја барав вистината бев искрено збунета од тоа што постојат толку многу различни христијански деноминации кои следат различни верзии и толкувања на Библијата. Кај исламот, и покрај поделбите како сунити и шиити, основата е иста: еден Куран, ист текст зачуван повеќе од 1400 години, исти пророци и исти основни правила. Тоа ми донесе јасност, стабилност и духовен мир. Hope that helps
Имаше тука еден член што многу знаеше за исламот, Македонец и тврдеше дека се конвертирал, но одамна не е активен, а и не го паметaм никот. Другите муслимани му пишаа дека му завидувале на знаењето.
Жените во Авганистан се поттиснувани тоа не е тајна но не поради исламот туку поради мажи што злоупотребуваат религијата и екстремни режими како Талибанот. Луѓето што живееле таму велат дека би се вратиле ако екстремниот режим исчезне, како мажи се плашат да се вратат, а камоли жените.
Па еве и јас ти кажав дека и исламот не е толку перфектен колку што ти го претставиле колегите. Ако сакаш дијалог ај да дискутираме, тоа што го мислам јас го кажав.
Еве викаш исламот е фантастична религија, зошто некој христијанин не прави злоупотреба на религија? Зошто христијаните не пребегуваат во земји слободни каде што можат да имаат право на глас и слобода?
Ал‑Ан’ам 6:57: "Одлуката е само за Аллах; Тој ја изнесува вистината и Тој е најдобриот од оние што одлучуваат." Ал‑Ан’ам 6:114: "Дали да барам друг судија освен Аллах, Кој ви ја откри Книгата со вистина?" Ал‑Ма’ида 5:50: "Дали тогаш бараат суд од невремето? И кој е подобар во судење од Аллах за народ што има цврст иман?" Гафир 40:20: "Аллах е Оној што суди со вистина, а оние што ги призиваш покрај Него – немаат власт да судат." Ат‑Тин 95: "Човекот е создаден во најдобра форма и на Денот на судењето Бог ќе ја изврши Својата пресуда со вистина." Аз‑Зукруф 43:61: "И (Исус) е вистински знак за доаѓањето на Судниот ден; затоа немој да се сомневаш во тоа." Муслиманите веруваат дека Исус ќе се врати на судниот ден, тоа не значи дека тој е Бог или дека ќе суди како Бог. Исламското верување е дека Исус не умрел на крстот туку дека Бог го зел пред да умре, и тој ќе се врати како знак за доаѓањето на Судниот ден. Дај ми еден пример каде куранот се контрадиктира и ќе ја напуштам религијата потполно.
Како тоа месечината се разделила на две и потоа повторно се споила, а никој на светот освен пустинските номади не го видел тоа?
Ете де, се што кажав. Еве исламски портал што пишува, како самите го толкуваат куранот. Читај ако ти се чита. https://www.isaandislam.com/isa-al-masih/isa-al-masih-is-the-final-judge-not-muhammad/