1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конвертирање од христијанство кон ислам

Дискусија во 'Религија' започната од Broken♡, 28 јануари 2026.

  1. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Да кажете дека исти биле Христијанството и Исламот е чиста игнорантност и непознавање на религиите.
     
    На Panda00, Erika.greeneyes, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.204
    Допаѓања:
    277.733
    А што се суштинските разлики?

    Не ме интересира личното доживување, не ме интересира Саудиска Арабија, еве што е фундаментално догматски различно и што е доброто/лошото?
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Afrodita*

    Afrodita* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2023
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Најреалано после 600 години доаѓа Мухамед и си ја модифицира библијата како сака и си пропагира негова верзија точка.
    После 600 години ..исус е иса, после 600 години, Девица Марија е Мејрем, после 600 год..не е вака така е... Со цела должна почит...пак верувам дека сме од еден Бог.. може да се истепаме коллу сакаме..ама фактите се тие. Верзиите кои ќе ни се допаднат..па ќе се конвертираме..смешки. Суштината..ех суштината... :) Убав ден
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.633
    Допаѓања:
    137.862
    Пол:
    Женски
    а па христијаниве немаат.. само не се шетаат групно него една пред закон а останати како швалерки. И не, не секаде може маж ЛЕГАЛНО да има 10 жени.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.284
    Допаѓања:
    42.403
    Пол:
    Женски
    Исто е да бидеш камшикуван и да не ти е дозволен влез во Манастир?
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.204
    Допаѓања:
    277.733
    Добро, мислам македонски зборувам.
    Во Македонија некој муслиман камшикуван е? Во Азербејџан, Турција, Албанија? Во Босна, во Косово? Индонезија?
    Освен Македонија, сите останати набројани се мнозински муслимански СЕКУЛАРНИ држави, што значи дека шарија не се практикува.

    Колку е тешко да се разбере ова?
     
    На Srckata28 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    5.537
    Пол:
    Машки
    Жената не смее да стапи на Света Гора како почит кон мајката Божја ≠
    , аа, сум го пропуштил тоа gently, штом е gently добро.
    IMG_4340.jpeg
    Паметном доста
     
  8. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Нема казна камшикување во Христијанството, не збориме за секуларни државни уредувања туку за Божјите закони според Библијата и Куранот.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.204
    Допаѓања:
    277.733
    Абе седи раат.
    Зошто мене што не ме интересира религија ми е ограничено движењето? Таа што се секира за мајката божја од почит нема да оди, јас туристички сакам да одам. И ми браните затоа што сум жена!

    Инаку, овие се христијани. Сите се сопруги на господинот.
    X45W5AODNVH6TKUQDC442MYIFQ.jpg

    И овие се христијанки, на плажа.
    47f86f384e045cdbd72cda76f1a2b4c7.jpg
     
    На Broken♡, FriendOfDorothy и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.204
    Допаѓања:
    277.733
    Според Божјите закони во Библијата камшикување нема (т.е. само во Новиот Завет нема) ама има целосно исклучување и екскомуникација.

    Значи пошто со дечкото имаш секс пред брак, според Библија треба цела заедница да те отфрли и избрка и екскомуницира.
     
    На Broken♡, Srckata28 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    5.537
    Пол:
    Машки
    Ама очигледно не правиш јасни разлики, мешаш религија со држава, со систем, со лични индивидуални верувања. Христијанството не го учи човекот да се жени со 5 жени, а штом во држави со шеријат е дозволено, значи исламот учи.

    А тебе ако не те интересира религија, некого интересира и си почитува правила, ете тие на Света Гора ги интересира и одлучиле така, не можеш ти што не те интерсира да менуваш. А да зборуваш за ограничено движење е апсурдно затоа што ограничено движење означува нешто сосем друго, како пример што ги затвораат дома жените, забулени, креваат три метри ограда и излегување од дома никако, не мора да одиш далеку, ако си од Скопје појди Чаир, ќе видиш за што зборам.
     
    На Mazegin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.284
    Допаѓања:
    42.403
    Пол:
    Женски
    Во Индија пред некој ден беа камшикувани двајца. Ако за тебе тоа е исто како забрана за влегување на жени во манастир, нема што да дискутираме
     
    На Erika.greeneyes, EvAngelos и DS10 им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    11.121
    Пол:
    Машки
    Библијата (изворното христијанство проповедано од Исус и апостолите) никаде не забранува движење или влегување на жена. Тоа што православната црква во Грција не пушта жени на таканаречената „света гора“, тоа си е нивна и исклучиво нивна одлука. Нема врска ни со почитување на блажената Марија, бидејќи Марија не побарала такво нешто. Напротив, кога би имала увид за тоа, сигурно би и се згадило од таквата забрана.

    И никаде во Библијата третиот крак во Грција не е наречен „света гора“. Ридот на кој лежи Ерусалим е наречен света гора и тоа стотина пати во Библијата и таму може да се прошетаат и мажи и жени и животни и се, само терористи не.

    Од друга страна, сите понижувања, деградирања и омаловажувања на жената во Исламот се ЗАПОВЕДАНИ во Куранот. И инструкциите за тепањето на непослушната жена исто така е заповедана во Куранот.

    Така што, побогу, вашата омраза кон верата, христијанството, Исус и сл, искакајте си ја на поинаков начин и на поинакво место, а не да споредувате неспоредливи работи.

    Ова ти се глупи примери. И самата си свесна, ама еве ќе објаснам за другите.
    Тоа што некој се нарекува „христијанин“ или ставил ланче со крст и прави триста глупости, тоа не значи дека тој/таа е претставник на христијанството или дека ТАКА поучува христијанството.

    Во христијанството бракот е јасно поставен како единство помеѓу еден маж и една жена. Тоа го гледаме уште на почетокот на Библијата каде Бог го воспоставува бракот и вели:

    „Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон својата жена (а не жени!); и обата ќе бидат едно тело.“ (Битие 2:24, Библијата)

    Истото е повторено и во Новиот завет и од Исус и од апостолите:

    „Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена (не жени), и секоја жена свој маж (не мажи).“ (1 Коринтјани 7:2, Библијата)
     
    Последна измена: 3 февруари 2026
    На Panda00, Erika.greeneyes, Autumn Love и 3 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.204
    Допаѓања:
    277.733
    Како не ми ограничуваш движење кога географски простор ми забрануваш да посетам со единствено образложение дека сум жена?
    Како тоа тие на Света Гора имаат право да одлучуваат за сите жени?

    Овие што практикуваат фундаментално христијанство, а и овие што одат со специјална облека на плажа и покриени глави (не се од иста деноминација инаку) СЕ ХРИСТИЈАНИ. Сега сакаш да ми кажеш дека твоето христијанство во кхм секуларна држава е поисправно? Колку ти почитуваш? Се чуваш за брак? Ако не, зошто си уште дел од заедницата?
     
  15. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    2.416
    Давате нелогични примери само за да ја доловите вашата проекција од главата тука.

    Зашто “турист” или човек кој не верува во христијанство би посакал да влезе во христијански објект?

    Чекај малку да видам што има тука? Замисли се молиш у црква и доаѓаат туристи и си коментираат гласно, недолично (пошто нели не се верници, поим немаат за тоа како треба да се однесува во свето место) зинале и се клештат пред фреска, ауу види како го нацртале овој мислиш ќе прозбори.

    Друга работа, веќе кога турист влегува во верски објект, зашто му е проблем да ги почитува правилата на домаќините?
    Ако влезеш у џамија нормално ќе ги соблечеш чевлите и ќе се покриеш, ако влезеш у црква исто. Што е тука проблемот на “туристот”.

    Сега Света Гора е проблем. Живеат луѓе таму ако не сте знаеле. Мажи. Мажи кои се откажале од својот живот, и не сакаат да погледнат жена. Зашто да им го реметиш редот? Вие би сакале секој еден да ви влага дома?
     
    На Panda00, sino.o.oka, Erika.greeneyes и 5 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.204
    Допаѓања:
    277.733
    Во Индија шарија е дозволена за сите кои се муслимани, иако и тоа е процес кај што постепено се отфрла шаријата. Што значи дека пак нешто избрка поими.
     
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.314
    Допаѓања:
    44.791
    Пол:
    Женски
    Во исламот постои женска опресија затоа што ја препишале од христијанството.
     
    На CameliaMiller и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.204
    Допаѓања:
    277.733
    Влегувам и во цркви и во џамии и во синагоги, од каде тоа дека "не знам" како да се однесувам, "недолично", дека "зинувам да се клештам" пред фрески? Од каде тоа дека сме толку неинформирани?

    И Света Гора е АНАЛОГИЈА на тоа дека И ХРИСТИЈАНСТВОТО нема допирна точка со права на жени и феминизам, никаква.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.013
    Допаѓања:
    203.095
    Јасно ти е дека Христијанство е заради Новиот завет, т.е. Христијанство, заради Исус Христос?
     
    На Panda00, sino.o.oka, pinklipstick и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.204
    Допаѓања:
    277.733
    А Библијата не е само НЗ. Ако зборуваме за Библија, не зборуваме за НЗ само.