Информирани сме и ние, многу. Ортофил ќе ви ја разјасни дилемата. Како тоа не биле свесни дека и мажот може да оплодува? Најверојатно Хера несакајќи му седнала на Зевс? Мора да зборат инаку како ќе им се легализира бракот на гејовите? Нив им сметаат тие фамилијарни вредности, ние сме “антифеминисти”, покореници на мажот, закоравени у главата зашто не сакаме нашето дете да има две мајки.
Па не реков "нема ич" туку речиси нема, не ни очекувам на македонски форум да има. Затоа и нема да најдеш овде тоа што се чудиш зошто го нема.
Јао еве ги моралистиве се јавија, абе тоа е таа христијанска љубов, толку љубов ширите просто е неверојатно
Па мажи се место да се жениш (и обратно ако си маж). Ezy fix. -- Мене ме е фасцинантно само дека одма местото на атеисти не било во некоја дискусија само зошто "нарушија" дискусијата каде се распнуваше друга религија. Испаѓа ние поќе сме способни за љубов. Ајде ќе препишам цело мое мислење на сарказам и иронија зошто стварно преку ми се вакви теми и упорно мазохистички ги читам.
Не е точно. Основата на христијанството е љубов кон сите, дури и кон непријателите. Има доволно. Ни јас не реков дека се во голем број.
Не е дозволено. Смислата на постот на Енџи е дека да не живеевме во секуларна држава, немаше да ги имаме правата кои ги имаме. А може да се правиме само мутави дека христијаните исто гледаат на женската и машката невиност, дури ниту Библијата не гледа, мислам, девица го роди Исуса, не?
А кој друг ќе понуди пообјективна перспектива за конвертирање од една во друга религија освен некој што не е религиозен? Не побара девојката да ја конвертирате назад во христијанка.
Интересно е како за теми кои се во твој интерес имаш навика да пишуваш и до десет пасуси, дискутираш на доследно ниво како што доликува, а на вакви осетливи теми пишуваш со сарказам.
Не е распнување да укажеш на хипокризија Aма бар не лажеме дека ги љубиме сите. Мизогини, хомофобни створења не љубам, ниту лажам дека љубам, на пример.
Мех, пишав поназад доста детално шо мислам и шо ме интересира. Се шо видов е дека се нападна една религија и темата ескалира ко се стави огледало да се види и другата. Океј е да не прочита шо пишам, почнувајќи од првата страна тука. Едноставно немам интерес од ко "shit hit the fan" да се трудам пак да дискутирам кога е залудно. А, не дека не пишав многу мислења на темава. Впрочем, ако се прашам јас се ова е и ту мач зошто разбирам дека религија е опиплива тема и тука само ќе има преписки до недоглед без било која страна да "научи" нешто. Од таму, губењето на интерес. Ни некој ќе се конвертира во ислам од темава, ни во христијанство, ни пак ќе стани атеист. Само ќе има раскарани луѓе. Ко буквално не гледам ни "заеднички заклучок".
Може сум мутава, нигде немам видено двоен аршин за секс пред брак, или фор фан. Значи, истото важи, и за мажи и за жени. Зошто го родила девица, ќе објасни некој постручно. Инаку, фала богу што живееме во секуларни држави. Би било жалосно да е поинаку, ама тоа е друга тема.
Тоа е идеал христијански. Тешко е во пракса, бидејќи сме луѓе со многу слабости. Дури и монасите се во постојана борба. Но, не може баш секогаш да се преќутат невистините што се пишуваат....и обвиненија од оваков тип каде те цитирав....
Некој кој ги познава доволно и двете религии на пример? Или, ако нема таков, ај бар некој кој не ги познава ни двете е соодветна замена? Девојката инаку побара некој со слично искуство, ќе останеше темава на 4 поста ако не.
Фасцинацијата со женската невиност ги има своите корени ТОКМУ во христијанството, или ајде уште подобро може да ги најдеме прво во Стариот Завет. Постручен да ти објасни зошто Марија била девица и зошто била 12-14 годишна кога го родила Исус, ама знаеме дека Мухамед е лош оти Ајше ја женел на 9, а имале секс кога имала 12-14, значи за тоа постручен не треба Ова е укажување на хипокризија, не е распнување. И ако немаш видено двоен аршин за секс, тоа е само затоа што не сакаш да видиш - еве почни од форумов, има теми баш тука кои се засегнати со овие прашања, од невиност како концепт само за жени, до број на партнери. Никогаш, ама баш никогаш, во ниту една христијанска средина, машката и женската невиност и сексуалност не биле третирани еднакво, па ниту ден денес.
Сите ги знаеме доволно за дискусија? Не е потребен докторат. Но, еве Камелија има читано и Библија и Куран ако добро разбрав. Јас сум била во мешана врска, што е блиску до докторат во двете религии.
Не би ги коментирала небулозиве да не сум ги читала, искрено. Библија секако читам понекогаш и ден денес, затоа што како што кажав, славам празници, културата и традицијата ми се православни. Со религијата немам некој проблем, ама со верници кои бараат сите да живееме по нивни убедувања, сериозен проблем имам.
Па чему дискусијата на атеистите ако нема заеднички заклучок? Исто како ја да ви пишам у атеистичка група зашто христијанството е боље од атеизам. Вие не дадовте ниту еден совет кон членката зашто исламот е подобар од христијанството или обратно, туку пробавте да го наметнете атеизмот. Темава е за дискусија помеѓу исламот и христијанството. Атеизам е друга тема, таму можеме да си дискутираме колку што сакате. Уствари зашто ти кажувам, ти си член на форумот, најдобро ги знаеш правилата.