А сега мешаш општествени и верски концепти. Не знам како е во муслиманство, ама убедена сум дека христијанство нема двојни аршини за предбрачен секс. Форумов, што е случајно македонски, и е одраз на општеството- е таков не ради христијанство или муслиманство, ради паланечки концепти е таков.
Имам колеги индијци, само отворете тема за хиндуизам- се има да знам И Талмуд имам читано ... и Камасутра и се по ред Да, мислам дека за сериозно ниво на дискусија Е потребен докторат.
Па... да, така треба. Не е поентата јас како атеист само да добивам признанија од други атеисти како сме во право... многу сум про различни размислувања и што е можно пообјективна дискусија. Затоа ме иритира колку сте самонесвесни и не дозволувате критика на "вашето".
Си читала, ама за тебе тоа не е вистина туку мит, фолклор. Не веруваш дека Исус е Божји син, ниту во неговите чуда. И на Мухамед гледаш како на историска личност. Слави си празници, никој не се ни обидува да ти наметне било што, разговараме само....
Нема, како што кажав, еднакво го гледа предбрачниот секс христијанството (грев). Кој речиси сите христијани го прават, ама нема врска, нели. Зошто бираат религија со чии начела не се согласуваат? Во исламот, предбрачниот секс наречен зина (блуд) е еднакво забранет за мажи и жени, казната за двајцата е иста, за неверство и за мажи и за жени казната е иста. Исламот исто така вика дека ако некој лажно обвини жена за зина ќе добие такоЃе камшици. Односно, сумирано, ни Куранот нема двојни аршини за блуд. Двојните аршини и во двете религии се општествени, што пак доведува до тоа дека неферски споредувате шеријатски со секуларни држави.
Не дадов совет, зошто не мислам дека то беше побарано. Ни па наметнав атеизам (впрочем поќе сум "агностик"). Туку ја прашав членката шо е то шо прај да верва, без осуда. Зошто стварно, стварно ме интересира кој зошто верва, да ми кажи и да речам "фала" и да се тргнам. Не ми треба светот да е како мене за да сметам дека е добар иако има работи за кои, како шо кажав претходно, имам свои предрасуди. Или ко шо рече @CameliaMiller - апсолутно не ги сакам сите и има групи на луѓе кои не ги сакам. Ама ако проценам нешто дека нема сериозен ризик/проблем - апсолутно нема да има осуда од моја страна. -- Ајде Кој ќе е изненаден ако кажам дека ме интересира шо имаш да кажиш?
Тој што не е религиозен, смета дека верникот е лабилен штом станал верник (прочитано многу пати) и тоа е сè што треба да се знае за објективноста на една нерелигиозна личност. Каква објективност ќе понуди нерелигиозна личност на една жена што се конвертирала од христијанство во ислам? Ај да видиме. Уствари видовме, ете и' одговорија во темава, баш рекоа дека супер избор направила.
Тоа што ниту едни верници никако не можат да сфатат е дека неверниците може да немаат ништо заедничко освен дека се неверници. Немаме заедничка догма, правила, морални начела, желби, потреби, сфаќања за општествено уредување, ју нејм ит. Може за сè останато да не се согласуваме воопшто.
У што сте во право? Си верувате дека човекот еволуирал од микро метеор во мајмун. Што објективно имате да кажете освен осуда кон верниците?
Не видов дека некој и' рече дека супер избор направила Сè додека на неа и' е арно и никако не влијае на мене, ко сам ја да судим? Што ми менува мене Броукен во што верува? Ми менува ако земе да агитира за шеријат евентуално, сè додека свесно сама си бира за себе... небитно е, искрено. Објективните најдоа да зборат Ко тодлер кога ќе му речеш "не" па кенка оти некојси таму сакал да истополов брак, е толку сте објективни. Него, од каде тоа дека сите атеисти се согласни за еволуцијата? Кај пишува така? Си кажа колку разбираш еволуција, нејсе
Не знам каква е таа теистичка држава. Ама кога членката би живеела во христијанска држава, никој не би и бранел да се облекува провокативно и да си блудствува наоколу. Погледнете те го примерот кога кај Исус довеле блудница и сакале да ја каменуваат. Исус застанал во нејзина одбрана и ја спасил од каменување. И не ја осудил.
Јас всушност не сум неверник / атеист, само не сум религиозна, ама користам атеист за да полесно оди дискусијата. Си имам свои верувања. Само сум против организирани религии.
Кај реков дека сум објективна? Вие сами се нарековте “објективни”. У што се согласни атеистите? Дека не постои бог? Како тоа не веруваш во постоење на монотеистичките богови, а веруваш во натприродни женски божества како што ги спомена претходно? И ти најде да коментираш за религија и богови.
Јаки ми се сите на темава што до брзо коментираа за системот во Иран што правел како ги дискриминирал жените, а тука се дојдени во одбрана на истиот.
Значи се согласивме дека нема двојни аршини за блуд, кој важи само за жени, ама не за мажи. Што значи секуларизмот не носи универзални права на слобода, само за жени, туку за сите. И не споредуваме шеријатски со секуларни држави, јас барем, кажувам факти кои се валидни денес. Денес, нема теократска христијанска држава (со исклучок на Ватикан), муслиманските можеш да ги преброиш. Денес, не одат крстоносците низ Европа, некој друг бара шеријат во Европа. Да дојдеа дедовците од мпц да пропагираат теократија во мк, исто ќе се бунев. Како што се бунам и против клечавците во Хрватска (јер многу е битно што мислам јас ). Ама , истовремено мислам дека ако некој има потреба да најде виша смисла во Господ, или Алах, или како сака нека го вика- мислам дека атеизмот не е концептот во кој бара одговор.
Не океј, знае што зборам ама исто како секој религиозен човек кога дебатираш со него наеднаш се прави на три и пол.
A каква објективност доби девојката од православците и едниот протестант што го имаме тука? Буквално не прочитав еден коментар за поддршка, напротив се полетеа да го величаат христијанството.
Според болдови, да е полесно: 1. Нема "на хартија" теократска христијанска држава, НО, ускратувањето на правата на жената, дел ги наброја Енџи во својот пост, недозволувањето на хомосексуални бракови итн. ПОТЕКНУВА од христијанската догма во државата, јас лично ги посочив Полска и Италија како земји во кои виртуелно не можеш да абортираш поради христијанството. Не е мој проблем ако христијанка не сака да абортира поради своите убедувања, мој проблем е ако моето право е одземено поради нивните убедувања. Што е факт денес во повеќе од една држава. Како што е факт денес дека во САД држеа жена клинички мртва со месеци на апарати оти е бремена дур не ја породија, спротивно на нејзините убедувања и убедувањата на нејзиното семејство. Христијанството денес не можеш да го сметаш за неутрално или за невлијаечко врз многу сегменти кај што не би смеело да биде, затоа што е. 2. Дедовците од МПЦ постојано замараат со своите барања, не им поминуваат затоа што живееме во секуларна држава и среќа што е така, затоа што да се прашуваа дедовците од МПЦ точно ќе требаше да бидам на местото на жените во Полска или САД или Бразил, на пример. Ако ти не гледаш дека се обидуваат да се мешаат и се мешаат, дека владата на дпмне ги вика темели да светат и ленти да сечат - до тебе е. Тука се и активни се, повеќе него било кога во минативе 100 години. 3. Јас никого не советувам во кој концепт треба или не треба да верува, ако се вратиш на моето прво мислење - баш тоа го имам напишано. Сè додека твојата вера се однесува на лично тебе, и на никаков начин не пробуваш да ја спроведеш врз мене, врз мојата сексуалност, врз моето право на репродукција, врз мојот живот - не е мој проблем и не ме интересира. И впрочем, мојот став во врска со даденава тема е јасен - ја нападнаа неа без да ја согледаат сопствената пристрасност и неинформираност. Calling on someone's bullshit, не е напад. Како што кажав, само укажување е на хипокризија. На неа некако сум алергична.
Каде пишува дека јас верувам во натприродни женски божества? Толку ви се читачките и критичките капацитети, не е до нас верувај.
Гаслајт на најјако пуштено. Три страни со вашите експертизи, експерти сте за религија, ескперти за богови, експерти за истополови бракови, експерти за еволуција, експерти за секс пред брак, ескперти за дискриминација и феминизам. Со толку многу експерти по глава на жител, со релевантни совети, со толку многу јасни анализи со незамислива длабочина, ја прекинавме паралелата помеѓу христијанството и исламот. Голема благодарност до форумов кој ни овозможи ете да бидеме дел од една ваква историја. Фали уште еден јеховин сведок да пише на темава.