Конвертирање од христијанство кон ислам

Дискусија во 'Религија' започната од Broken♡, 28 јануари 2026.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    4.161
    Пол:
    Машки
    Ова е моето прво мислење на темава како христијанин..

    Кажав дека е нејзин избор и дека не треба да и се суди, јас дали сум против учењето на Исламот е друго.. Ама кога во темата почна да се споредуваат религиите си дадов аргументи зошто многу поинакви се учењата на Христијанството и соодветно одговарав според темите кои што се дискутираат во темава..
    Не можам да ја потапшам и да и кажам дека и е исправна одлука, затоа што не сметам дека е, ама нејзин избор..
     
    На Broken♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.217
    Допаѓања:
    83.532
    Пол:
    Женски
    Епа ете ние сме тие субјективните неспособни за тоа, прашањето ми е каде се објективниве да искоментираат конкретно за конвертирањево и што прочитавме од нив освен што се вклучија во темава кога сврте правец.
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.314
    Допаѓања:
    44.789
    Пол:
    Женски
    Еве за овој дел мисли дека веруваш во посебни женски божества. :D

    Нивото на разбирање на прочитан текст е...загрижувачки во најмала рака. Прочитајте книга плс.
     
    На LiquidLuna, theowndemon, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.729
    Каков гаслајт?
    Не сум јас крива ако тебе не те интересира историја, антропологија, генетика.

    Само не туку ми спинувај кажано, оти на секое ќе те цитирам да најдеш каде сум рекла нешто што ти тврдиш дека сум рекла.

    Точно знам што имам напишано и зошто, ти имаш проблем да дадеш аргумент за работи во кои ти веруваш нели, еве јас вака неверна повеќе од тебе знам за хиерархија во МПЦ.
     
  5. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    2.416
    Немој молим те.
    Цитирај еден твој цврст аргумент што е у контекст на темава?
    Или се фати како слеп за стап на тие мислења што тебе ти се во интерес, како и вообичаено.
     
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.729
    За што аргумент ми бараш? Ќе ти цитирам одма, не е проблем.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    39.874
    Пол:
    Женски
    Другар, мислењето да ти се завршеше со првата реченица цитирам ' Секој има прави да избере во што ќе верува и на која религија ќе припаѓа, ниту христијанството е само за Македонци, ниру исламот само за Албанци.. ' , постот ќе ти се сметаше за поддршка.
    Од таму тргна да ја обвиниш дека е неедуцирана за христијанството и да го напаѓаш исламот како е лоша копија на Христијанството. Ти се молам не изигравај добрица.
     
    На Broken♡ и MissChievous им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    39.874
    Пол:
    Женски
    Искоментиравме, лично и јас, дека нејзино право е во што ќе верува, туку сомнителен беше делот како во многу лош животен период одеднаш бива фасцинирана од исламот после дружба со колеги муслимани, пази не колешки, туку колеги.
    Ако тебе не ти звони звончето на тој дел - свака част.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.314
    Допаѓања:
    44.789
    Пол:
    Женски
    Не е до членката, до тебе е толку разбираш за што се збори. Извини што сум можеби дрска ама тоа е вистина и стварно не вреди да се пишуваат реферати тука затоа што секако ќе бидат испревртени. Најубаво нацртано, изџвакано и исплукано, ама добро па може и тогаш нема да е доволно јасно.
    Никој што не е религиозен нема да поздрави ваква одлука. Твојата поента е?
     
    На theowndemon, Srckata28, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.729
    @Mazegin еве што успеав да најдам конкретно за МПЦ

    Како што кажав, женските манастири се сопственост на машки манастири. Еве за Рајчица, тој ми падна прв на памет.
    Тој претставува женски манастир и е метох на Бигорскиот манастир.

    На страната на МПЦ ако отвориш, нема баш јавно информации, би се запрашала зошто, ама не е мое да му ја мислам - не влијае на мене статусот на игуменијата.
    На мене ќе влијае ако ми забранат да одам во Охрид да речеме, да не соблазнувам мажи.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    11.121
    Пол:
    Машки
    Ај вака, да не се праиме на тошо, на сите ни е јасно зошто женава преминала во ислам. Донесена е емотивна одлука, а ние со рацио пробуваме да се објаснуваме. На крај ние испаѓаме глупите што не читаме меѓу редови кога и самата ни кажа дека ја убедиле КОЛЕГИТЕ, и тука се расправаме непотребно со аргументи.
    Тоа е исто како кога некоја тинејџерка ќе се затреска во некој Bad Boy што пуши пие вози бесен мотор, а мајка и ја убедува со аргументи дека треба да си најде некој дисциплиниран, вреден, без пороци, што учи, работи. Бритни тоа убаво го срочува во песната:

    But mama I'm in love with a criminal, and this type isn't rational, it's physical..

     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    4.161
    Пол:
    Машки
    Мислењето повеќе припаѓа на темава од било кои мислења понатаму... Не е напад факт е.
    Глуп пример ако ти направиш прв брод и јас направи како твојот и кажам "не е неговиот вистински брод , мојот е", зарем не е копија само на твојот..

    @CameliaMiller во женските манстари влегува маж кога има литургија попот е маж, така да сепак гледаат маж...
    На Света Гора, мислам дека и женски животни се забранети (исклучок мислам кокошките се), не дека никогаш не стапнал никој од женски пол, криеле деца и женски и машки за време на војните..
    Во ред ми е да има поделба на женски и машки манастири за луѓето кои што така се одлучиле, ама малку може и е претерано со цел остров..

    Инаку во Православната и Католичката црква само мажи се свештеници, поаѓаат од тоа дека сите апостоли биле машки и да не ја кршат традицијата, во другите цркви и жените можат да бидат.. Јас сум припадник на православието иако незнам многу, затоа што со многу работи од таму не се сложувам, немаат поврзаност со Библијата.. Протестантската црква многу повеќе се држи до Библијата, во Православната убави се традициите начинот на кој се слави ама многу луѓе што се претставуваат како православни немаат еден ред од Библијата прочитано и мислат дека тоа е суштината на верата..
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.217
    Допаѓања:
    83.532
    Пол:
    Женски
    Знам дека е така, само може да појасниш зошто? Па ќе дојдеме до мојата поента.
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    2.416
    Мене уште не ми е јасно атеисти што бараат у ваква тема.
    Пошто пишуваме 18 страни, ама по се вие ниту дадовте конкретен совет кон членката, ниту пробавте да разберете или да научите нешто што сме пишале.
    Верглате те едно исто.
     
    На DS10 и pinklipstick им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.649
    Допаѓања:
    26.175
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.314
    Допаѓања:
    44.789
    Пол:
    Женски
    Одлука донесена во ранлив период најверојатно поради притисок од некој кој ја "внел" и изманипулирал.
     
    На Srckata28, CameliaMiller и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.729
    Мене ми е сето ова јасно.
    Жените од Рајчица за Велигден на пример, обично одат во Бигорски, заедно слават/имаат литургија со машките монаси.

    Не ми е мене важно зошто е тоа така, туку ми пречи тврдењето дека монахињите некако се еднакви со монасите, кога едноставно не се. Ниту христијанството воопштено не ја третира жената еднакво со мажот.

    Повторно вртиме во круг, апсолутно ми е сеедно кој во што верува, ама да каже некој дека христијанството е некако понапредно од исламот, едноставно е лага и неинформираност ниту за својата, ниту за другата религија.

    Земање за пример на шеријатски земји, а занемарување на секуларни со мнозинско муслиманско население, исто така е прилично пристрасно и лицемерно.

    Најголем дел од самите муслимани се секуларни, останатите се принудени да живеат онака како што живеат поради различни фундаменталистички организации, не е избор нивен. Талибанците, Хамас итн. не се легитимно, демократски избрани водичи, туку се диктатори, опресори. На ист начин како што Северна Кореа има државен атеизам, ама веруваат дека д ројал фемили не кака никогаш итн. - диктатура е. Тие луѓе немаат избор, како што немаат во Саудиска Арабија или Иран.

    Онаму каде што на христијаните им се дозволува да носат закони, истите се погубни и по мажи, а неспоредливо попогубни по жени.

    Едноставно е, верувај во што сакаш. Не барај од мене да живеам по твои правила. Ете баш толку е просто.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.649
    Допаѓања:
    26.175
    Пошо темава отиде јабана, fun fact, иам на Велигден преспиено во Рајчица, седено пола на вечените литургии во Бигорски, пола во Рајчица, плус на цела утринска во Рајчица, таква... некрстена. :tmi:
     
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    39.874
    Пол:
    Женски
    Не ме врти жити се. Твоето тврдење е твоја вистина, субјективна, тоа не прави да е факт.
    У никој свет твоето ' ако, браво за тебе, АМА ' не е поддршка.
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.729
    @Mr.Limonko првиот брод е Ноевата арка ако се фаќаме за бродови, Ное е во Стариот Завет (кој христијаните денес не го следат), епа ако веќе имаме еден брод (СЗ), чему потреба од нов брод (НЗ)?

    Истава логика ја фураат јудаистите, си се држат до СЗ и се чудат шо мајка барале таму некои нов брод да прават...

    Јас на бродови немам желба да се качувам, ама чисто за аналогија ете.