За верници ептен пуздер правите други верници кои не се слагаат со вас.. Па и неверници или како и да ги викате. Не е христијански воопшто, а и кои сте вие да фрлате камења по грешниците? До членката од која е темава. Што сакаш прави си, во што сакаш веруј си, се додека е по твој избор, и јасно и свесно го правиш истиот.
Не бе цуро не сум Јеховин сведок, иако сум сигурна дека и за нив знаеш исто колку и за останатите христијанските феноменални, а богами и останатите монотеистички религии- ништо. Во спротивно ќе знаеше дека заедничко за сите нив е што ја ставаат жената едно ниво подолу од мажот и што сакаат да ја контролираат нејзината сексуалноста и генерално нејзината слобода. Тоа што ти денеска уживаш целосна слобода да правиш што сакаш не е затоа што христијанството така налага, туку затоа што христијанството денес е сведено на традиција и адети, ништо повеќе. Тврдиш дека во христијанството никој не го занима со кој се ебеш, што не е точно, до пред 100 години ти да не беше невина на прва брачна ноќ, ќе те вратеа дома со истрижена коса и седната наопачки на магарето. Оставштина од времето кога се очекувало невиност од невестата ти е адетот блага ракија, кога се собирале да ја прослават "чесноста"на невестата со блага ракија. Ич да не се навраќам во мрачниот среден век кога христијанството било пуштено на најјако и коа се палеле вештерки на клада пошо мажите им биле импотентни и биле убедени дека жените им се криви за тоа. Биди среќна што тие денови се минато, па ти можеш да си го браниш христијанството тука, а паралелно во друга тема да се чудиш како некоја не пробала орален секс или како некој не поддржува право на абортус. Секуларноста ти ги дава тие можности, не христијанството.
Да, ти да не беше немаше да ја знам разликата од стар и нов завет. Меѓу другото што ти е поентата да кажуваш какви биле законите на стариот завет? Ете кажа се палеле жени и? Сега по автоматизам треба да земам да ја запалам библијата? Не ви ја разбирам поентата да земете и да расфрлате верски обичаи кои меѓу другото сега не се во пракса. Пробувам навистина да ве разберам и во право сте, не разбирам ама ништо што постигнувате да кажете и која ви е целта со сите овие податоци?
Толку немаш поима ниту од сопствената религија, што те цитирам сега и после едноставно, сметам дека нема потреба да си трошам време. Убивање на жени оти се вештерки нема врска со Стариот Завет никаква, пошто истото се случува меѓу 15-18 век од новата ера, отприлика толку векови од Новиот Завет. Да не се збуни некој, НЗ не наредува никој да е запален, туку христијаните ја злоупотребуваат власта, исто како исламските диктатори денес. Hope this helps. И за тебе исто како за членкава погоре. Не напиша членката дека Куранот треба да се чита на арапски, туку јас. Куранот се смета за изворна, точна, вистинска верзија само на арапски, тоа не значи дека е невозможно да се преведе (преведен е на сите јазици). Повеќето муслимани знаат арапски колку и христијаните што знаат коине (старогрчки/библиски грчки - на кој е напишан Новиот Завет) - односно ич. А во однос на читањето на членката, ова го напиша:
Три пати прашувам едно исто прашање, и сеуште не добив одговор туку скокање ко прле пред магарица. Издувен вентил на друго место, не тука. И молим те не ме цитирај зашто не ми се читаат твоите глупости да ги читам.
Муслиманите имаат повеќе респект кон Христијаните отколку атеистите. Атеистите гледаат на Христијаните од супериорен агол, како попаметни и понапредни да се и тоа на многу очигледен начин го прават а и многу често се служат со навреди и омаловажувања.
Зависи од поресокот. Некои игумении се независни (под директна власт на владиката), други се под машки манастири, трети и под парохиски свештеник , се' во зависност од околностите во кои се најдува манастирот.
Мене ми е прашањето, бидејќи така тврдеше членката, а јас за тоа податоци не можам да најдам: - дали постојат женски манастири/женски области каде што маж не смее да пристапи, ни монах? - дали во истите тие се забранети и животни од машки пол? Прилично сум сигурна дека таков манастир не постои - ако грешам, поправи ме.
Во Грција има таков манастир, каде што маж не смее да стапне, освен свештено лице кое ги извршува богослужбите и тоа само во храмот, а храмот беше во посебен двор (гледав на гугл мапс ). Не се сеќавам каде точно беше.
Ако сакаш да призејмиш такви атеисти и да ги освестиш од нивната лажна себеперцепција, само пушти им ја сликава Според оваа статистика (објавена во книгата 100 years Nobel prizes), атеистите сочинуваат само околу 2% од добитниците на Нобелова награда.
Постирај статистики од затвори да се приземјите малку вие верниците од вашите замислени морални височини.
Не се релевантни. Кај нас немаш статистики, а на запад на затворениците им даваат привилегии и ослободувања за време на верски празници, па затоа и многу атеисти се изјаснуваат за верници за да добијат верски привилегии.
Да, знам, релевантни се само кога тебе ти одговараат. Уште на Кајгана си рачунаше број на верници како ти одговара. Кога ти одговара поголем број верници, тогаш сите што се изјасниле како такви се верници, а кога не, тогаш само тие што вистински веруваат (како сега со затворите, демек не се тие верници само така кажале) Поздрав Чорбаџија и кажи им подржувачите твои на темава дека не си си православен туку протестант и што мислиш за православието па кажи ми како ќе реагираат
Некој што има добиено Нобелова награда многу веројатно нема рандом да се води како Христијанин туку ќе ги искаже своите верски убедувања. Бтв одличен факт морам да признаам не сум знаела дека е толкава драстична разлика но не сум изненадена.
Атеизмот бил присутен во цел тој период. Дали сите тие аналитички умови што добиле Нобелова награда за толку битно прашање рандом ќе кажат дека се Христијанини без да размислат дали стварно се?