Конвертирање од христијанство кон ислам

Дискусија во 'Религија' започната од Broken♡, 28 јануари 2026.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    11.121
    Пол:
    Машки
    Нобеловите награди се доделуваат од 1901 година. Прогонството на атеистите од Римокатоличката црква завршува со протестантската реформација во 16 век, каде протестантите се избориле за секој да си има слобода на уверувањата, па и за уверувањата на атеистите.
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.644
    Допаѓања:
    11.045
    Пол:
    Женски
    А што има христијанин да се фали дека е попаметен? Гордоста/горделивоста е грев.
     
    Последна измена: 4 февруари 2026
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    57.403
    Пол:
    Женски
    Стварно немам време и волја да ве читам... од она што набрзина го видов на темава, каков е тој феминизам во одбрана на женски права што веднаш претпоставува дека жената е слаба и изманипулирана, и немало шанси да мисли со своја глава?

    Инаку темава е прекомплексна и премногу лична за да се дискутира објективно.
     
    На Broken♡ и MissChievous им се допаѓа ова.
  4. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    8.391
    Пол:
    Женски
    Те прашувам колкав бил процентот на атеисти.
    Знаеш и сам дека од тоа зависи толкувањето на твојата табела погоре.

    Ако процентот на атеисти во општата популација е 1%, а процентот на атеистите добитници на Нобелова награда за медицина е 9%, за хемија 7%,за физика 5%, што значи тоа Чорбаџија?
    Во чија полза се процентите?
     
    На Munchmallow20, CameliaMiller, MissChievous и 2 други им се допаѓа ова.
  5. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Општата популација не е реален приказ на статистика пошто се конформисти, куд сви ту и мали мујо додека пак Нобеловците се научници, интелектуалци кои имаат критичка мисла и свесно одлучуваат во што ќе веруваат.
     
    Последна измена: 4 февруари 2026
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    11.121
    Пол:
    Машки
    Процентите на атеистите е невозможно да се знае, бидејќи немало такви пописи. Но, како сакаш толкувај врти сучи, непобитлив факт е дека скоро секое поголемо научно, медицинско или технолошко достигнување што ти денес го уживаш е дело на христијаните и евреите.
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.644
    Допаѓања:
    11.045
    Пол:
    Женски
    Атеизмот не бил општествено прифатлив во минатото. Вие не сте свесни колку се сменети времињата, а дури и денес постои стигма.
     
    На CameliaMiller и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.293
    Допаѓања:
    39.874
    Пол:
    Женски
    Прејако е како православните на темава го лајкаат протестантов Евангелос, не се ни свесни што им мисли :D
     
    На nena2010, Broken♡ и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.314
    Допаѓања:
    44.789
    Пол:
    Женски
    Па еве и ти мене не ми кажа што е тоа поради кое што не смееме ние нерелигозните да коментираме во темава...
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.203
    Допаѓања:
    277.728
    Љољ, ако религија не е дефиниција за конформизам, посебно онаа во која активно те воспитувале, еве не знам што е :D

    Хах статистики, чекам сега да излезат со тоа магичната божја честичка и може да се спои темава со гатање. :D
     
  11. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    8.391
    Пол:
    Женски
    Непобитен факт е дека при општа популација на атеисти помала од 1%, 9 проценти од добитници на Нобелова награда за медицина се атеисти.
    Тоа значи математички дека атеистите се 9 пати почести како добитници на Нобелова награда за медицина за разлика од верниците.
    Си даде автогол ама нема веза, ете пинклипстик е фасцинирана иако појма нема што се дешава.
     
    На CameliaMiller, ArabellaStarfall и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    5.537
    Пол:
    Машки
    Забегавте офтопик, не ве ни читам повеќе.
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    11.121
    Пол:
    Машки
    Прво, не се помалку од 1%.
    Второ, не се 9 проценти добитници на Нобелова награда, туку 8.9% ги делат атеистите, агностиците и неодредените. Значи ако поделиш со 3, околу 3% се атеисти.
    А кај Хемија 2%, а кај Физика 1 ипол процент :) Вашата процентуално застапеност е рамна на довербата на судството во Македонија :D
     
    На pinklipstick му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.755
    Допаѓања:
    9.282
    Пол:
    Женски
    Ај сеа провери колку диктатори се христијани, муслимани, општо верници.
    Не лидери, не претседатели, диктатори!
    Фала
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.011
    Допаѓања:
    203.079
    Дефинирај диктатори:D

    Од рубриката- муабети за на бања:drunk:

    ...еве ги, топ 3 од Гугл- Хитлер, Сталин, МаоЦе...
    Реков, муабети за на бања.:yawn:
     
    Последна измена: 4 февруари 2026
    На pinklipstick и EvAngelos им се допаѓа ова.
  16. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.755
    Допаѓања:
    9.282
    Пол:
    Женски
    Апсолутна моќ, култ на личноста на фотеља, форсирана идеологија.
     
  17. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш па ти кој што е. :D
    Да де па ти имаш затоа едно те исто верглаш у 5 мислења и многу умешно селектираш на што да реплицираш а на што немаш одговор.
     
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    8.391
    Пол:
    Женски
    Одговори колкав бил процентот на атеисти во тоа време и што тоа значи во контекст на процентите на нобеловци.

    После тоа дај статистика да видиме колкав процент затвореници во Идризово се верници.

    И трето дали ти халуцинираше кога критична мисла им ја припиша како атрибут на верници?
    Напротив, верник треба слепо да верува во се што му сервира неговата религија.

    И те молам објасни ми како ти како бебе свесно одлучи од сите религии на светот да ја одбереш баш православната и да се крштеваш?
     
    На CameliaMiller и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека Нобеловците немале критичка мисла кога се изјасниле како Христијани? :?:
    или си рекле ај пошто повеќето се Христијани и ние да се пишеме. :D

    Статистика е правена меѓу Нобеловците.
    Не ја вметнувај општата популација беспотребно.
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    27.629
    Пол:
    Женски
    Океј, ајде да речеме дека поголем број од нобеловеците се верници.
    И шо со тоа? Религијата те прави попаметен, не сфаќам? Која е поврзаноста?
    И јас атеист работам у stem област. И шо сеа?
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.