У овој век, пошто америте дефинираат диктатори- најлоши се комунистите Кога гледам што се случува, јас пак мислам дека Голи Оток не бил лоша идеја. Муабетиве едно со едно врска немаат
Јас мислам обратното, дека попаметните луѓе сфаќаат дека е понаучно, пологично, поразумно верувањето дека се она што не опкружува, како и ние самите, не можело да настане случајно сам од себе. Дека зад секој комплексен дизајн мора да стои Дизајнер, зад секој природен или морален закон - Законодавец. А и секој што почнува да се занимава со научно истражување, тој/таа веќе претпоставил дека во она што го истражува постои ред и законитост. Во спротивно, целото истражување е бесмислено. Кога Исак Њутн или Јохан Кеплер ги истражувале законите на гравитација и планетарни движења, тие во сам старт претпоставиле дека во нив постои ред и законитост, а потоа само ги барале параметрите на тие закони. И така настанале 3те Њутнови закони и 3те Кеплерови закони. Атеист кој започнува со научно истражување, тоа во сам старт е оксиморон. Замисли атеистот кој верува дека некој протеин или ензим е случајно настанат во нашето тело, он сега треба да ја бара неговата функција? Па самата претпоставка дека протеинот има функција се темели на аргументот на дизајн и целисходност на тој протеин во телото.
Јас едно прашувам ти си халуцинираш нешто без веза, реално завлезена си у длабоки води, предлабоки за тебе. А Нобелова награда може да добиеш ако воведат категорија разглабање дали се пушта машина во петок и кој треба да го купи пешкирот за крштевка.
Да имаше поима од темата ќе знаеше дека ова што си го пишала е суеверие и нема допирна точка со Христијанство.
Што им мисли, ајде баш ме интересира? И неколку пати ( читај 100 ) нагласивте протестант, православен. Што толку е битна деноминацијата во поентава?
Срцка, мислам дека треба да повториш статистика. Овие податоци прво не се 100% релевантни затоа што не земаат во обзир кој се изјаснил само како културолошки верник или од религиозно семејство, кој излажал (затоа што 1905 и 1995 не е исто и битен е општествениот момент), кој се изјаснил како традиционален верник по книга...значи бројка како бројка не значи ништо ако не се согледа разлика измеѓу различни категории на верници. Второ, околу 10% неверници(сумирано, без разлика дали се атеисти, агностици или нешто трето) да добијат Нобелова награда е голем удел со оглед на тоа што официјално неверници сочинуваат многу помал дел за разлика од оние што се изјаснуваат како верници. Така да, бројкиве се интересни за да ти фатат око, ама не се репрезентативни за она во кое веруваат најдобрите умови во светот.
Деноминацијата нема врска со темава, ама кога ЛГБТ активистиве ќе се најдат во ќорсокак со аргументи, им се раѓаат фрустрации и нервоза и ова е начинот на кој што ја канализираат таа нервоза - со тоа што ја завртуваат дискусијата од аругменти кон напад на личноста. Што друго им преостанува освен некако да не скараат, или да навредуваат, клеветата, етикетираат, омаловажуваат? Колку е пообразован човек, толку повеќе се фокусира на аргументи, а не на ad hominem т.е. напади на личности при дискутирање. И обрантото важи.
Бидејќи ружен колаж со .png од Исус, рендом Азијец и цитат со големи букви е многу добар извор на информации.
Што ме повлече кон исламот не беше некој еден аргумент или момент, туку чувството дека работите што ги читам веќе некако ги носам во себе. Како да имаше логичен ред и продолжение на тоа во што отсекогаш сум верувала, ама не сум знаела како да го именувам. До исламот дојдов по долг период на збунетост околу сопствените верувања, искрено како последен обид да си најдам мир. Разговорите со колеги ми ја разбудија желбата да учам повеќе, а колку повеќе читав и истражував, толку повеќе ми стануваше јасно дека ова има смисла за мене. Не беше нешто наивно или избрзано, туку постепен процес. Едноставно, внатрешно почувствував сигурност и мир што претходно ми недостасуваа, и тешко е тоа баш точно да се објасни со зборови.
Girlie, пошто си христијанка, знам дека си навикната на верување во глупости на слепо, ама чим не можеш ни името да му го напишеш и да најдеш извор каде е изјавено, за мене е рендом Азијец. Друга ствар. Што има врска ако некој што знае да состави рубикова коцка во 2 секунди е христијанин? Трета ствар. Мислам дека во животот немаш осетено нешто спиритуално, само се на хартија декларираш како религиозна и лупаш глупости на форум. Чао.
Жално е што мислат дека ако жената носи Хиџаб и опресирана. Не се свесни дека Хиџабот и опресијата не се поврзани. Напротив, многу покриени жени имаат кариери, излегуваат, се дружат.
Само што истражувањата те негираат околу тоа кој бил попаметен, постирав поназад сумирано за да не објавувам линкови. Има мал милион логични причини зошто атеизмот повеќе држи вода, туку не е тоа темата. Некој сака калифат да прави од општествата, тие дискутираат за ангелите на врв на игла.
Баш така, муслиманите и христијаните дискутираат на ист начин меѓу себе, си честитаме празници меѓу себе редовно а атеистите се пасивно агресивни во дискусија со огромна доза на омаловажување кон христијаните.