1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конвертирање од христијанство кон ислам

Дискусија во 'Религија' започната од Broken♡, 28 јануари 2026.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    184.380
    Пол:
    Женски
    Ова.

    Дали исто ќе пишевте ако конвертираше членката кон друга религија?

    Прашвам зошто пробвам да сфатам дали е проблем дека напушта Христијанство, или дека се приклучила кон Ислам? Ако е второто, нели познавате муслимани и кај нас, дали вака им пристапвате? :^)

    За мене религија и натаму е нешто индивидуално. Се дур поединецо решава да не штети, и е во заедница која решава да не штети - јас немам проблем. Екстремисти би рекла сегде би се нашле, иако негде поќе од други групи.

    Следно, зборање за позиција на жена низ призма на религијата... како да кажам. Не менва која религија ја коментирате зошто ко шо кажа членката погоре, организирана религија е во полза на мажот.

    Религија е нешто шо го верваш и осеќаш, и ако не го осеќаш воопшто то, или ако се пронаоѓаш во нешто друго - не сфаќам како е проблем.

    Чоек возрасни сте. Ако вервате - вервате. Ако не вервате - не вервате. Со сила мене не можи некој религија да ми наметни wtf.
     
    На CameliaMiller, Pixi5, FriendOfDorothy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.017
    Допаѓања:
    203.134
    Не знам за која скриена омраза станува збор- ама од чиста мира, да стаи хиџаб и да добие просветление дека го нашла вистинскиот бог, мене ми личи на 2 работи. Или криза на идентитет, или испран мозок. Или и двете. Пошто тие без хиџаб( ако го пишувам воопшто правилно) муслиманки, помалку се просветлени .
    Мене ништо не ми менува, кој што религија е, дали практикува, дали верува. Ама ова со хиџабов ми е еквивалент на замонашување во христијанство. Да не си роден во тој систем, да го прегрнеш оберучки, без никаква врска со истото... не знам, чудно е...
     
    На dea.18, eliesaab, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    78.250
    Пол:
    Женски
    Доде, не знаеше дека пари даваат саудијците да се забрадиш и да носиш мантии? Важи и за машки и за женски. Како и да се вика машката мантија.
     
    На sino.o.oka, Аргентина *, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    9.494
    Пол:
    Женски
    Мисли си дека вон границите на Македонија, шамиите се прифатени, или општо исламот. Прифатено е од оние кои се исламизирани, надвор од нивната вера, никој не сака да гледа опресија на жената и незауздани мажи.

    Патем размисли зошто ја викаш Македонија шит шоу држава. На клиника да идеш, како да си влегла во муслиманска земја. Не сакам забулена сестра да ми се пафта. Скроз непрофесионално. Дома нека си практицира религија, во институција, ќе се облечеш согласно установата. Немам против муслиманите се додека се понашаат како христијани. А се они си мислат дека се дискриминирани, патем прочитај статистики во западните земји за колку проценти е покачен криминалот од вршители припадници на мирољубивата религија.

    Во 21 век своеволно да прифатиш марама да ставиш ми е еднакво на одрекување од сопствената слобода. Што е потребата и на кој што треба да докаже.

    Па кога ќе прочитам дека мажите кои идат во рајот не знам колку девици ги чекале:drunk:. Се прават конзерви, уствари само на сексови мислат. Дај што даш.

    Патем ме заболе за било која религија, но кога веќе би бирала, со разум никогаш не би прифатила ислам. Фала, нека.
     
    На Gosh, Erika.greeneyes, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    2.424
    Додека членката развива дискусија за тоа каде и зошто се носело хиџаб, жените у Ирак и Иран ги палат хиџабите и бараат да имаат еднакви права како и секоја друга жена во светот уште како што било пред исламската револуција.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Убаво кажа една членка, оди во исламизирана држава и види каков е животот на една жена.
     
    На Feniksgirl, Pixi5, kim.k и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.017
    Допаѓања:
    203.134
    Не знам доде, јас само со турците од донерот си имам работа:D.
    Имам колеги и протестанти и католици и муслимани и хиндуси и атеисти, сите ми се исти дури си ја работат работата. Е саудијци немам:wasntme: ... И тема религија, никогаш не била спомната, обично смолток е за тоа колку е студено упм.
     
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    26.177
    Зошто да оди, поентата е ако верува во таа религија, да си ја практикува каде и да е. Само затоа што во некои држави религијата ја користат за погрешни цели како оправдување, не мора да значи дека мора да осети радикален екстремизам. Тоа ти е исто као на христијанин да му кажеш, оди во Јута, види како е таму, па да видиш што религија е христијанството.
     
  8. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.597
    Пол:
    Женски
    Ок, за да го одбраниш исламот (што нема потреба, секој нека си верува во што сака) не треба да го напаѓаш христијанството.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.017
    Допаѓања:
    203.134
    Кажи им го тоа на девојчињата од западна европа што станаа невести на Исис во Сирија, Ирак и којзнае каде другаде. Ги регрурираат за да не пропадне модната индустрија на хиџаби, не за друго.:*:
     
    На Gosh, _Vera_ и Hoping им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    78.250
    Пол:
    Женски
    Еден дечко од мое село, ром е иначе, као муслимани беа, ама си јадеше свинско, си пиеше алкохол само на збор беше муслиман.
    Вработен, ок дечко, и жена му исто, и двајцата си одеа на работа.
    Арно ама по тие интернетите, се поврза со некои батки, отказ даде, мантии ги снабдија и се забулија и двајцата. Нит тој работи, нит таа, врбуваа и други, ама изгледа за помала пара беше, никој не им кандиса долго да се мантише.
    Секнаа парите, фрлија мантиите и двајцата, нит има по нет дека некогаш ги носеле.
     
    На Gosh, andrejko82, Hoping и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    26.177
    Како го напаѓам христијанството?

    Значи живеат во држава кај што религијата е оправдување за радикален екстремизам, и штом можеш да ги наброиш државите каде што е така, значи не е до религијата per se, туку е до воспитувањето и контролирањето.
    Сигурно има милиони други случаеви на девојчиња и жени кои не станале млади невести и не ги регрутирале.
     
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.405
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Не пијат ни вода додека постат, баш во најтоплото.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.649
    Допаѓања:
    11.049
    Пол:
    Женски
    Се изјаснуваат пред сведоци дека нема друг бог освен Алах и дека Мухамед е неговиот пророк и толку e пристапувањето.

    Во христијанството, церемонијата на крштевање трае долго, најдолго во прaвославното христијанство. Мислам дека може да се скрати при вонредни околности.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    2.424
    Пропагирање ислам постои, луѓе од поразвиени земји се плаќаат дебело за да носат марами, од најмладо до најстаро. Епа не може некоја муслиманка што живее во Европа да раскажува бајки за исламот, а друга муслиманка да го преживува и да плаќа со живот.
     
    На Gosh, DS10, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.017
    Допаѓања:
    203.134
    Кои држави можам да ги набројам?
    Знаеш ти како изгледаше Босна пред 40 години, како изгледа сега? Не мора ни Босна да е, и Скопје е доволно.
    Немам јас проблем ни со муслимани, ни со христијани, ни со харе-кришна, ама во секуларна држава да бараш калифат и шеријатско право да важи, ми е исто како да бараш инквизиција да важи, само малку повеќе надвор од умот. Мислам во Европа ја поминавме таа фаза пред 600-700 години.
     
    На Gosh, Hoping, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.324
    Допаѓања:
    27.630
    Пол:
    Женски
    У реченицава сѐ е кажано.
    Не е случајно што најголемите верници нешто некогаш лошо им се случило, па еве со верата го надминале тоа, од било која религија. Мислам, ајде од една страна е океј ако ти помага, ало од друга е бутање на реалниот проблем под тепих. Не е толку "своеволно" колку што изгледа, повеќе е ко некој coping mechanism.
    И не само за религии, и секти и слични перачи на мозок секогаш привлекуваат лабилни луѓе кои барале утеха при некој тежок период. И вакви луѓе се ептен лесна мета, за жал.

    Исламот не го сакам од многу причини кои веќе сум ги зборела и секој што глава спушта пред него и е фасциниран и не знам што, од мене нема почит.
    Једино некое формално почитување празници ако си растел во таква фамилија ми е океј. Све што е повеќе од тоа не.

    Едит
    И доста со булшитот "не е до религијата, до човекот е".
    Да де, религијата што вика оти девојче од 14 години мора да се покрива и што оправдува осакатување деца за цел живот зошто се зимаат братучеди....
     
    Последна измена: 30 јануари 2026
    На Feniksgirl, Gosh, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.650
    Допаѓања:
    26.177
    Очигледно може.

    А сега како е во Босна?

    Муслимани имаш насекаде во светот, имаш и во Америка, поготово африканци муслимани, па не се радикални како во Азија.
    Исто така имаш радикални христијани, мал милион случаеви има што од раѓање поминале низ истите срања, вклучувајќи и сексуални злоставувања и родосквернавење. Муабет да не праиме каква педофилија и бело робје имаа остварено свештеници.

    Јас не бранам ни една религија, само вака од страна ве гледам, многу пристрасно зборувате, а ако бидеме реални факт е дека ЗА НЕКОИ религијата е една од оправдувањата да прави гнасни работи.

    Еве членкава на пример, од кај знаеме што човек е? И каков и е животот? Само на основа на тоа дека од христијанка (да ја прашаме дали нејзин избор било) станала муслиманка.
     
  18. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    16.951
    Немам ништо против твојот начин на живот, сè додека не индоктринираш други луѓе и девојки (како што бил случајот со твоите другари) и сè додека не одлучиш да ме фрлиш од балкон пошто сум харам.:l:

    Помнам на времето читав за слична ситуација како и твојата, девојката беше споделувана по портали, на сличен начин ја променила религијата. Запознала човек, муслиман, кој ѝ раскажувал за исламот, ѝ подарил Куран, претходно се плашела да излегува, одела по цркви, барала некаква утеха константно.

    Еве ти слично искуство:

    [​IMG]
    Моето детство го поминав како сирак без татко.

    Kако што растев, се плашев да излегувам со другарките, се плашев од лошото друштво, што можеби подоцна би имало последици врз мене и моето семејство. Често пати размислував што значи живот, зошто сме родени, зошто постоиме?. Како растев така и моето интересирање за верата растеше. Скоро секоја вечер го молев Бога да ми го олесни животот, плачев и ја читав Библијата, одев во црква, се молев..но никогаш не најдов утеха, си мислев можеби ова не е вистинската вера за мене. Во ништо не се пронајдував, ништо не ме влечеше кон Христијанството.

    Оттогаш, барав, зошто да верувам во црквата, зошто да бакнувам икони, кои се лажен мир за срцето и душата, Сето оваа го размислував, но немав никој и не знаев никој со кој можев да разговарам. Тогаш многу ми беше тешко. Бев немоќна. Сакав да откријам нешто вистинско што ќе ја смири мојата душа, но не знаев поточно што барав. Бев немоќна !? Но Аллах е Моќен, ми испрати човек преку кој ја дознав вистината ! Муслиман. Го запознав во Скопје,

    Тој ми раскажуваше за исламот и ми подари Куран, Читав Куран... се се промени со читањето на Куранот, тоа што го барав со години веке го дознавав, го запознав Исламот, ја открив вистината, суштината на животот, се што порано барав го најдов во Исламот.

    Секој ден откривав нешто ново. Го засакав хиџабот, се чувствував така чисто додека читав гласот ми трепереше и неможев да престанам да плачам, што реков сама на себеси дека ова чувство нема да дозволам да го напуштам. Од мојата голема верба во Аллах, се одлучив да одам во Битола, Отидов со голема надеж, знаев дека Аллах е со мене, срцето ми лупаше брзо, а јас едвај чекав да стигнам во дворот на џамијата, кога пристигнав таму примив ислам, тоа чувство неможе да се објасни, плачев од среќа..заминав дома и се прашував како ќе реагираат моите..

    Кога ме видоа со хиџаб, многу беа изненадени и налутени, бев смирена, плачев пред нив, многу плачев се гушев во моментот не можев да кажам ништо, ниту еден збор..
    Со Неговата(Аллаховата) помош го направив тоа што го сакав.

    Чувствував дека намазот не ми беше доволен за да ја искажам мојата покорност на Аллах. Од тогаш носам хиџаб, се покрив. Планирам да го сменам и името.

    Многу сум среќна со Исламот и сакам сите така да се чувствуваат.
    Кога ќе бараш од срце, Аллах самиот ќе ти ја покаже вистината и ќе те приближи до Него....
    Јас ја најдов вистината, нема потреба повеќе да барам. Ја најдов...

    https://sitel.com.mk/prilepchankata...uk-objavi-kako-preminala-vo-islam-i-se-zabuli
     
    Последна измена: 30 јануари 2026
    На Panda00, eliesaab и Broken♡ им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.077
    Допаѓања:
    14.789
    Во минатото видов оглас на кој бараат човек да чита документарец. Ај бидејќи имам такво искуство, имам читано, си реков ќе се пријавам, ќе пратам CV. Ми враќаат на мејл, дека се работи за исламска литература и цената по страница беше смешна. Да се чита на македонски јазик. Не им ни одговорив повратно. Бараа Македонец да чита исламска литература(којзнае каква, може и вахабистичка) и тоа да се постира потоа и на Јутјуб. Кога кажав на колешките дека се работеше за ваква понуда, ми рекоа „Будалче, па што не си прифатила, па лесно ќе исчиташ, па пари ќе си земеш, колку- толку“. Какви будали се тие. Па ќе ти извалкаат име за век и веков, ќе те насамарат да правиш верска пропаганда и после нема назад. А ова беше баш кога овдека почнаа некои да се шетаат како во С.Арабија.
     
    На dea.18, Аргентина * и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    17.201
    Пол:
    Женски
    Криза на идентитет.

    Страшно е како девојки одат до крајности, а некогаш решението е само разговор со стручно лице. Оти не е срамота да се бара помош, насоки и совети тогаш кога е најпотребно.

    Кој што сака нека каже, на 20 години ретко која зрело размислува. А за да се има зрелост на тие години е малку отповеќе потребно животно искуство (ситуации кои по некоја трагична случајност те пораснале пребрзо).
     
    На Pixi5, FriendOfDorothy, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.